Промовирани огласи »

Професорите во Финска имаат автономија и треба сами да смислат наставен план, а во Словачка треба да ги научат децата да ја сакаат природата, па така минуваат по една седмица надвор од градот и учат работи за околината.

Професијата наставник е една од најодговорните во светот, а треба да биде и една од најпочитуваните.

Иако целта на сите им е да го пренесат знаењето на помладите, работниот ден на наставниците во секоја земја е различен, па така во Јапонија тие работат по 54 часа неделно, додека во Франција само 18.

Какви се платите на наставниците во државите низ светот:
Луксембург – 10.000 евра

На наставниците се гледа како на интелектуална елита. Тие често студираат надвор и вложуваат многу во својата себенадградба. Во едно одделение не смее да има повеќе од 15 деца.

Германија – 6.000 евра

Ова е ценета професија во Германија. На децата им се дава многу малку домашни задачи, затоа што Германците веруваат дека ако децата седат долго во училиште, потоа треба да имаат слободно време за игра и забава.

Канада – 5.500 евра

Наставниците се авторитет и се ценат таму. Тие постојано се дообразуваат, а неделно работат по просечно 45 часа.

Јапонија – 5.250 евра

Во Јапонија покрај за образование, наставниците се должни на децата да им ги пренесат и традиционалните јапонски вредности и постојано се под будното око на јавноста. Јапонските наставници работат по дури 54 часа неделно.

Финска – 3.900 евра

Финските наставници имаат комплетна автономија и тие си подготвуваат наставен план независно еден од друг. Дури се во позиција да им помагаат на децата и да ги насочат при изборот на идната професија. Работат по 32 часа неделно и даваат малку домашни задачи.

Франција – 2.200 евра

Во Франција наставниците се во високата средна класа. По 6 години работа во едно училиште тие може да земат одмор од 1 година и да го задржат работното место. Има инспектори кои го проверуваат нивниот напредок и одредуваат на кое од 12-те нивоа се.

Словачка – 700 евра

Платите на наставниците во Словачка се дури под просекот за оваа држава и статусот на професијата во општеството не е на нивото на кое треба да биде. Инаку, таму се практикува 1 седмица напуштање на училиштето и минување време во природа, каде децата ја набљудуваат околината и учат работи за неа.

Кенија – 450 евра

Платите на наставниците во Кенија се меѓу највисоките во Африка, но и покрај тоа во училиштата има недостиг од наставници. Има само по 4 во едно училиште и предаваат по повеќе предмети наеднаш.

Македонија – околу 340 евра

Платите на наставниците во Македонија варираат во зависност од фондот на часови кои го имаат, но се движат околу 21.000 денари и не се на нивото на кое треба да бидат. Професијата не е доволно ценета и наставниците треба да имаат повеќе автономија за креативно организирање на наставата.

Промовирани огласи »

Огромна студија направена меѓу 40.000 работници во 300 компании со отворен работен простор покажа дека тие не се ефикасни!

Еве како компаниите гледаат на канцелариите од иднината:

Работата на далечина ќе биде нова норма. Според истражувањето, 83% од работниците не мислат дека треба да бидат во канцеларија за да бидат продуктивни, а 38% изјавиле дека повеќе би уживале во својата работа ако им се дозволи да работат од далечина

Физичкиот простор ќе се намалува. Се повеќе компании ќе се префрлат на соработнички модел на канцелариски простор, со работни простории кои собираат тимови, поттикнуваат разговор и создаваат подобри идеи.

Традиционалните работни маси ќе изчезнат. Луѓето се повеќе ќе прифаќаат опкружување кое одговара на потребите, без разлика дали тоа е маса во кафуле или соработнички простор.

Работното време е застарен концепт. Работниот ден повеќе не е од 9 до 17, туку 24 часа. Миленијаците се спремни да прифатат и помала плата во замена за флексибилно работно опкружување.

Реалноста денес е дека повеќето вработени би сакале да работат од дома или од некое кафуле отколку во отворен работен простор со десетици или стотици колеги. Бројни студии покажаа дека канцелариите со отворен простор се лоши за продуктивноста и не се економични. Последното истражување воедно е и најобемно и завршува со следниот заклучок:

“Затворените канцеларии го надминаа концептот на отворена канцеларија во повеќето аспекти за квалитет на внатрешен простор, особено во поглед на акустика и приватност“. Освен буката и прекините во работа, луѓето не ги сакаат отворените канцеларии затоа што има премногу причини да се одвлече вниманието на вработените, да се намали концентрацијата и да се загрози аналитичкото размислување и креативност.

Очигледно е дека посто врска меѓу продуктивноста и задоволството од работно место и типот на канцелариски простор. Ако сакате вработените да сакаат да доаѓаат на работа – дајте им приватни канцеларии или барем кабини со прегради кои нудат доза на приватност!

Промовирани огласи »

Џек Ма објави дека заминува во пензија.

Поминал трновит пат од учител, па до основач на е-комерцијалната платформа Алибаба, која сега остварува поголема продажба од Амазон и е-Bay заедно и секогаш го привлекувал вниманието на медиумите. Но стана пример за многу бизнис луѓе и неговите совети со внимание беа испраќани.

Неговите совети бесплатно ви ги пренесуваме подолу:

За работата: „Ако доаѓаме на работа во 8 наутро и одиме дома во 17ч, ова не е високотехнолошка компанија, а Алибаба нема да биде успешна. Ако имаме таков вид на дух од 8 до 5, тогаш би требало да си одиме и да работиме нешто друго“.

„Секогаш имајте на ум овие три принципи: што сакате да направите, што треба да направите, и колку долго треба да работите“.

За конкуренција: „Учете од конкуренцијата, но никогаш не копирајте. Копирајте и ќе умрете“.

За основање компании: „Ако сакате да растете, пронајдете добра прилика. Денес, ако сакате да бидете сјајна компанија, размислете за тоа кој социјален проблем можете да го решите.

За неоткажувањето: „Денешниот ден е суров. Утрешниот ќе биде уште посуров. А денот после утре ќе биде прекрасен“.

За луѓето: „Вработете личност која е најсоодветна за работа, а најталентирана. Тоа може да биде многу болна лекција. Нема смисла да се вградува мотор „боинг“, ако ќе вози трактор“.

За етиката: „Никогаш не мамете други, ни во бизнисот , ни во животот. Во текот на 1995 година ме измамија четири компании- сите четири сега се затворени. Компанијата не може да стигне далеку со измамите“.

За предности на неговото непознавање на технологијата: „На интелигентни луѓе им е потребна будала да ги води. Кога тимот го сочинуваат тон научници, најдобро е да имаат селјак да ги води по патот, неговиот начин на размислување е поинаков. Полесно е да се победи кога луѓето ги гледаат работите од поинакви перспективи“.

За себе: Јас сум многу едноставно момче, не сум паметен. Сите мислат дека Џек Ма е многу паметен човек. Можеби имам паметно лице, но имам глупи мозоци“.

За поминати грешки од „мрачните денови во Алибаба“: Ако не се откажете и понатаму имате шанса. И, кога сте мали, мора да бидете многу фокусирани и да се потпрете на мозокот, а не на силата“.

За тимската работа: „Ако сме добар тим и знаеме што сакаме да направиме, еден од нас може да победи 10 нивни“.

За поголема мисија: „Не е важно дали сум пропаднал. Барем го пренесов концептот и идејата на другите, дури и ако не успеам, некој ќе успее“.

За истрајноста: „Ние тоа ќе го направиме бидејќи сме млади и никогаш, никогаш нема да се откажеме“.

Промовирани огласи »

Министерите за внатрешни работи на Македонија и Германија, Оливер Спасовски и Хорст Зехофер, во вторник ќе го потпишат договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи.

Преговорите меѓу надлежните министерства во Берлин и Скопје околу меѓусебното признавање на возачките дозволи траат уште од 2007 година, а дури сега се отстранети пречките и е финализиран билатералниот договор.

Договорот што ќе биде потпишан во вторник ќе стапи на сила веднаш.

Договори за реципрочно признавање на возачките дозволи Македонија има склучено само со Италија, Шпанија,  Албанија и Босна и Херцеговина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »