Промовирани огласи »

Министерите за внатрешни работи на Македонија и Германија, Оливер Спасовски и Хорст Зехофер, во вторник ќе го потпишат договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи.

Преговорите меѓу надлежните министерства во Берлин и Скопје околу меѓусебното признавање на возачките дозволи траат уште од 2007 година, а дури сега се отстранети пречките и е финализиран билатералниот договор.

Договорот што ќе биде потпишан во вторник ќе стапи на сила веднаш.

Договори за реципрочно признавање на возачките дозволи Македонија има склучено само со Италија, Шпанија,  Албанија и Босна и Херцеговина.

Промовирани огласи »

Македонските возачи во Германија во случај на сообраќајна несреќа ќе можат да направат побрз и поефикасен надомест на штета, со Спогодбата за заштита на посетители потпишана од помеѓу националното биро за осигурување на Република Македонија и Германското биро за зелена карта.

Спогодбата, која важи и за германските возачи при евентуална несреќа во Македонија, стапи на сила на 1-ви овој месец.  Спогодбата ја потпиша генералниот директор на Националното биро за осигурување на Република Македонија Трајче Латиновски и директорката на Германското биро за зелена карта, Сандра Шварц.

Со Спогодбата е предвидено оштетеното лице, кое претрпело штета на територијата на другата држава, по враќање во матичната држава, да се обрати во своето национално биро за осигурување, кое во соработка со бирото на државата во која се случила незгодата, ќе овозможи побрзо собирање на документи и информации потребни за остварување на правата за надомест на штета.

Конкретно, Бирото за зелена карта од државата од која е оштетеното лице, ќе достави до Бирото на државата на настанување на незгодата, барање да се изврши идентификација на осигурителното друштво на причинителот на штета, идентификација на возачот или сопственикот на возилото на причинителот на штета, доколку во период од шест недели не било можно да се утврди осигурувачот, да се обезбедат документи што се неопходни или помагаат во остварување на правото на надомест на пример полициски записник и да се достават детаљи за Гарантниот фонд на земјата каде што се случила незгодата со, секогаш кога е тоа можно, објаснувања и корисни информации.

Од Националното биро за осигурување наведуваат дека Спогодбата за заштита на посетители е така креирана да им пружи на државите надвор од ЕУ, можност да обезбедат дополнителна заштита и помош на своите граѓани кои со моторни возила патуваат на територија на други држави.

Спогодбата се потпира на најдобрите одредби од четвртата и петтата Директива за моторни возила на ЕУ, кои се впрочем познати по тоа што се, во најголема мера, посветени на заштита на трети оштетени лица. Се смета дека овој механизам е најблизок модел кој постои за државите на ЕУ и дека потпишувањето на овој документ е добар начин државите што се надвор од ЕУ да се подготват за пристап кон Унијата, во делот на прекуграничниот сообраќај на моторни возила.

Потпишаната Спогодба претставува големо олеснување за возачите од двете држави, бидејќи веќе нема да мораат да ги нарушуваат или одлагаат своите деловни или туристички планови, за да ја наплатат штетата. Во иднина, тие ќе можат правото на надомест да го остварат и по враќањето во матичната држава, со помош и асистенција на националните бироа. Покрај тоа што претставува исчекор во заштитата на граѓани, осигурителните друштва и возачите, Спогодбата дополнително ќе ја унапреди и соработката помеѓу двете држави, преку унапредување на транзитот, туризмот и прометот помеѓу Република Македонија и Република Германија, изјави генералниот директор на Националното биро за осигурување Трајче Латиновски.

Вакви спогодби Националното биро за осигурување на Република Македонија има потпишано и со националните бироа на Грција, Турција, Швајцарија, БиХ, Црна Гора, Луксембург, Србија, Хрватска, Бугарија , Словенија и Албанија.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика во понеделник ќе ја одреди новата малопродажна цена на нафтените деривати.

Според движењето на цената на суровата нафта на светските берзи можеме да очекуваме мало покачување на цените во малопродажба, кое не би требало да надмине 1 денар по литар.

Во моментов барел нафта чини околу 78 долари, цена која што горе долу се држи на светските берзи со исклучок на петочното тргување кога се доближи до границата од 80 долари.

Регулаторот пред две недели ја формираше цената врз основа на просекот од 74 долари за еден барел.
Во моментов на бензинските пумпи низ Македонија литар бензин се точи за 74 односно за 72 денари, а дизелот чини 64,5 денари за еден литар.

Промовирани огласи »

Ако вие не дојдете кај нас, ние ќе дојдеме кај вас. Вака некако звучи кажанаото од директорката на УЈП Сања Лукаревска по бурните реакции во јавноста, пренесува Фактор.

Лукаревска по бунтот на социјалните мрежи и укажувања од јавноста вели дека ќе има толеранција и дека ако некој не биде веднаш регистриран, нема да биде казнет.

Ние доброволно  ќе направиме да дојде тука на шалтер и ние да одиме кај него преку мобилните даночни шалтери, кажа директорката на УЈП додавајќи дека оние пензионери кои не знаат да користат интернет не мора да ангажираат нотар туку може да отидат на  шалтер со лицето кое ќе го ополномоштат тоа да го направи во нивно име. 

Што се однесува пак до руралните средини, на терен ќе бидат мобилни даночни шалтери.

Аналитичарите кои ги консултираше Фактор велат дека  составувањето на првата електронска годишна пријава е ново и модерно решение, но се децидни дека тоа ќе им го „отежни животот„ на тие кои не седат пред комјутер цело време, особено на оние кои воопшто не знаат да работат. 

Децидни се дека мора да се најде и друг начин на реализација на овие измени, па предлагаат тоа да се прави во банките или дома кај пензионерите на пример.

Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советници вели дека даночни обврзници се и пензионери, потоа дигитално неуки, како луѓе кои се болни дури и слепи, за кои овој бирократски чин на регистрација ќе биде посебно тежок. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »