Промовирани огласи »

Од вчера стапи во сила договорот за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија. Договорот го потпишаа Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих.

Македонските граѓани ќе можат да добијат германска возачка дозвола ако престојуваат во Германија повеќе од 180 дена. Министерот Спасовски рече дека од овој договор граѓаните ќе имаат и други придобивки.

По успешноста на оваа инцијатава, е покрената нова со цел за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Република Македонија и Република Словенија без дополнителни тестови и поголеми трошоци, за лицата над 18 години коивеќе имаат возачки дозволи во двете земји.

Оваа Иницијатива ќе биде од голема корист за нашите иселеници во Република Словенија кои веќе неколку години се принудени да полагаат тестови пред комисија за градско возење, а со тоа имаат и дополнителни трошоци кои не се воопшто мали. Се надеваме да ни излезете во пресрет и нам, и да го олесниме патот на нашите иселеници во Република Словенија за полесно признавање или заменување на возачките дозволи.

За петицијата ТУКА.

Промовирани огласи »

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донел одлука да се забранат за користење тоалетите во три основни училишта во Македонија поради влага и непријатен мирис се додека не се санираат санитарните јазли.

Контролите се направени уште пред пет месеци, односно во текот на април и мај. Иако имало и други тоалети на тапет, овие три биле „најнебезбедни“, објави „Независен“.

Временската рамка на забрана ја приспособуваме и во однос на потребите на институцијата и според реалните можности. Џабе е ние да напишеме 15 дена, ако е тоа врзано за тендери и неизводливо е да се обезбедат средствата. На пример, ако во училиштето има вкупно шест санитарни јазли, се реновираат прво три, потоа другите, тоа се прави заедно во договор со училиштата, да не останат без тоалети за употреба. Станува збор само за забрана за употреба на тоалети во три училишта во земјава, така што ова е добра состојба, изјави директорката на инспекторатот Ирина Сотирова-Бухова.

Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат издале 191 решение за отстранување на недостатоци. 

Промовирани огласи »

Се употребуваат веќе четири месеци, но со новите банкноти од 10 и 50 денари, граѓаните не можат да платат паркинг на автомат, тие пари не можат да ги вметнат во машините за плаќање на фактури за комунални сметки, пишува Фактор.

Иако има можност уредите да се прилагодат, компаниите тоа не го сториле досега, па граѓаните се наоѓаат во ситуација и покрај тоа што имаат пари, да не можат да ја платат услугата.

Од Народната банка велат дека тие уште во мај, кога беа пуштени во оптек новите полмерни банкноти, ги повикале фирмите кои имаат вакви машини да ги прилагодат софтверите. Велат дека тоа може да се стори и сега, по што автоматите ќе ги препознаваат новите пари.

Промовирани огласи »

Искоренување на детската сиромаштија е главната цел во социјалната реформа, кажа на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа рече дека со досегашните законски решенија детски додаток примаат само децата од оние семејства кои имаа гарантиран приход до 10.000 денари, а дека од социјална заштита се исклучени децата од семејствата во социјален ризик. Со реформата детски додаток од следната година ќе примаат 73.500 деца.

Она што е главно во реформата е дека детската сиромаштија е наш таргет. Детскиот додаток го примаа многу малку семејства, само оние што имаа приход до 10.000 денари. Тоа не беше ниту минимална плата, ниту парична помош. Сега детскиот додаток го примаат 3.200 деца, а од следната година 73.500 деца ќе примаат детски додаток. Овој додаток нема да го добиваат само семејствата со гарантиран приход, туку и сите семејства со едно вработено лице. Образовен додаток ќе примаат и децата од семејствата со минимален приход, па ако сега овој додаток го примаат 3.800 деца, од следната година ваков додаток ќе примаат 64. 316 деца, рече Царовска.

Премиерот Зоран Заев кажа дека од следната година четиричлено семејство, кое е во социјален ризик и каде има еден член кој не е работоспособен ќе добива месечен надомест од 11.700 денари.

„За повеќе од 70 отсто од корисниците на социјална помош овој паричен надомест е три пати повеќе од тоа што досега го добивале. Со реформата во социјалната заштита воспоставуваме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведуваме начин за извлекување од сиромаштијата. Го олеснуваме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемуваме сумата што по овој основ ќе ја добива едно семејство. Со реформата на системот на социјална и детска заштита воведуваме и нови дотатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања“, рече Заев.

Тој кажа дека паралелно на овие семејства ќе им обезбедат и поддршка за довршување на образованието, за полесно да излезат на пазарот на труд и да најдат работа.

Покрај зајакнувањето на постојните социјални услуги и нивно натамошно приближување до крајните корисници ќе има и нови услуги, во чие пружање ќе бидат вклучени општините, здруженијата на граѓани, физички лица и приватниот сектор, рече Заев.

Министерката Царовска објасни дека типичен пример на македонско четиричлено семејство се двајца возрасни и две деца, и тие од следната година ќе добиваат социјална помош од 10.600 денари, а сега добиваат социјална помош од 3.020 денари. Според неа ниското ниво на социјална заштита што важи сега е резултат на штетно законско решение кое е донесено претходно, со кое по третата година од примање на социјалната помош, вкупната сума на социјална помош се намалува за 50 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »