Промовирани огласи »

На пазарот на труд во Македонија моментно има над 8.400 слободни работни места објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување.

- Магационери, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерацијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, специјалисти за човечки ресурси, бравари, општи амдинистратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање патувања, се дел од огласените работни позиции.

Сататистичките податоци покажуават дека во првиот квартал од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,68 отсто.  Најголем број слободни работни места, 2.929, биле во групата Работници во услужни дејности и продажба.

Како што покажува анкетата на работна сила, покрај услужниот, и индустрискиот и градежниот се сектори со најголем раст на вработеноста во првиот квартал од годинава.

Стапката  на  вработеност во првиот квартал изнесува 44,6 проценти и во однос на истиот период лани е повисока за 0,9 процентни поени.

- Бројот на вработени лица  е повисок за  2,2 процента, односно за околу 16 илјади лица во однос на истиот квартал минатата година, при што најголем раст на вработеноста има во индустрискиот сектор (8,7 илјади или 5,2 проценти), по кој следуваат градежниот (4,8  илјади или 9,4 проценти) и услужниот сектор (2,7 илјади или 0,7 проценти), се наведува  во документот.

Анализирано според економскиот статус, раст на вработеноста има кај сите категории, освен кај семејните работници. Така, бројот на вработени лица е зголемен за 13,5 илјади или 2,4 проценти, а бројот на работодавачи за 3,2 илјади или 9,4 провценти

Растот на вработеноста е придружен со пад на бројот на невработени, којшто е намален за приближно 12 илјади лица, односно 5,4 проценти на годишна основа. Таквите движења на пазарот на трудот предизвикале стапката на невработеност во првиот квартал годинава  да се намали на 21,6 проценти, односно за 1,3 процентни поени споредено со истиот квартал во 2017 година.

Гледано по возрасни групи, невработеноста е намалена кај сите групи, при што најзначајно намалување има кај централната возрасна група од 25 до 49 години, а која изнесува 21 процент.

Бројот на активното население е зголемен за четири илјади  лица, односно за 0,4 проценти на годишна основа. 

Активното население во првиот квартал 2018 година претставува 56,9 проценти од вкупното работоспособно население и е повисоко за 0,2 процентни поена споредено со истиот квартал лани.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај годинава изнесува 24.509 денари.

Промовирани огласи »

Од вчера стапи во сила договорот за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија. Договорот го потпишаа Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих.

Македонските граѓани ќе можат да добијат германска возачка дозвола ако престојуваат во Германија повеќе од 180 дена. Министерот Спасовски рече дека од овој договор граѓаните ќе имаат и други придобивки.

По успешноста на оваа инцијатава, е покрената нова со цел за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Република Македонија и Република Словенија без дополнителни тестови и поголеми трошоци, за лицата над 18 години коивеќе имаат возачки дозволи во двете земји.

Оваа Иницијатива ќе биде од голема корист за нашите иселеници во Република Словенија кои веќе неколку години се принудени да полагаат тестови пред комисија за градско возење, а со тоа имаат и дополнителни трошоци кои не се воопшто мали. Се надеваме да ни излезете во пресрет и нам, и да го олесниме патот на нашите иселеници во Република Словенија за полесно признавање или заменување на возачките дозволи.

За петицијата ТУКА.

Промовирани огласи »

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донел одлука да се забранат за користење тоалетите во три основни училишта во Македонија поради влага и непријатен мирис се додека не се санираат санитарните јазли.

Контролите се направени уште пред пет месеци, односно во текот на април и мај. Иако имало и други тоалети на тапет, овие три биле „најнебезбедни“, објави „Независен“.

Временската рамка на забрана ја приспособуваме и во однос на потребите на институцијата и според реалните можности. Џабе е ние да напишеме 15 дена, ако е тоа врзано за тендери и неизводливо е да се обезбедат средствата. На пример, ако во училиштето има вкупно шест санитарни јазли, се реновираат прво три, потоа другите, тоа се прави заедно во договор со училиштата, да не останат без тоалети за употреба. Станува збор само за забрана за употреба на тоалети во три училишта во земјава, така што ова е добра состојба, изјави директорката на инспекторатот Ирина Сотирова-Бухова.

Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат издале 191 решение за отстранување на недостатоци. 

Промовирани огласи »

Се употребуваат веќе четири месеци, но со новите банкноти од 10 и 50 денари, граѓаните не можат да платат паркинг на автомат, тие пари не можат да ги вметнат во машините за плаќање на фактури за комунални сметки, пишува Фактор.

Иако има можност уредите да се прилагодат, компаниите тоа не го сториле досега, па граѓаните се наоѓаат во ситуација и покрај тоа што имаат пари, да не можат да ја платат услугата.

Од Народната банка велат дека тие уште во мај, кога беа пуштени во оптек новите полмерни банкноти, ги повикале фирмите кои имаат вакви машини да ги прилагодат софтверите. Велат дека тоа може да се стори и сега, по што автоматите ќе ги препознаваат новите пари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »