Промовирани огласи »

Со високи приходи по глава на жител, Канада е една од најбогатите земји. Бруто националиот приход по глава на жител во Канада изнесува 29.500 евра, а просечниот животен век е 81,5 години. Земјата со околу 35,5 милиони жители е втора држава во светот по резервите на нафта. Исто така, Канада е еден од најголемите светски произведувачи на житарици во светот. Официјални јазици се англиски и француски.

Веројатно повеќето од вас ги интересеира кои професии се најбарани и колкави се платите. Најдобро се платени работниците кои се вработени во нафтената индустрија, медицинарите, како и луѓето кои работат работи поврзани за телекомуникациите. Од друга страна, најслабо платени се работниците кои работат во продавниците за малопродажба.

Пилотите и нафташите најплатени

Просечната плата во Канада се движи помеѓу 3000 и 3700 евра на месечно ниво. Најниска плата имаат куќните помошнички и честачки и тоа околу 1600 евра.

Луѓето кои работат во областа на сообраќајот месечно заработуваат околу 2.200 евра, а за околу 100 евра повеќе од нив имаат оние кои се занимаваат со услужни дејности. Графичките дизајнери заработуваат околу 2600 евра месечно, а правниците околу 2750 евра.

Во областа на здравството просечна месечна плата е 3.400 евра. Секако тука се работи за просек во кој се вклучени и лекарите, техничари, медицински сестри и останат персонал. Сепак, ако работите како забар годишно може да заработите од 85.000 до околу 130.000 евра.

Лицата кои се занимаваат со издавање и продажба на недвижнини заработуваат околу 3.600 евра месечно, како и сметководителите. Околу 4.000 евра е просечната месечна плата во областа на осигурувањето, а 4.400 евра заработуваат инжинерите и банкарите.

Во авио-индустријата просечна месечна заработка е 4.800 евра. Ако сте пилот, на годишно ниво може да заработите од 50.000 до 65.000 евра.

Стапката на ДДВ е 5 отсто

Од 10 канадски провинции во моментов најмногу работа има во Алберта. Таму се откриени големи резерви на нафта, така што побарувачката за работници е огромна.

Алберта е исто така позната како голема житница, но и како подрачје со изразено застапено сточарство.

Во оваа провинција се бараат голем број на работници, од работни места на самата експлоатација на нафта, занимања како заварувачи, како и голем број на возачи на камиони. Просечна плата во нафтената индустрија во оваа провинција изнесува 90.000 евра годишно.

Промовирани огласи »

Претставници на педесетина домашни компании со докажано општествено одговорно делување ja поддржаа иницијативата за формирање на првиот Клуб на одговорни бизниси во земјава.

Клубот ќе претставува нова уникатна платформа за здружување на иницијативите, идеите и ресурсите на компаниите заради реализација на поголеми и посложени проекти, кои ќе имаат значајни ефекти врз животот на луѓето, просперитетот на заедниците и одржливиот развој на општеството.

Ваквиот начин на здружување и партнерство на бизнисот со граѓанскиот сектор во Британија се практикува веќе 30-тина години. Водејќи се од успехот на оваа платформа која кај нас работи под директно покровителство на неговото величество - принцот Чарлс, ние успеавме да ја прошириме и глобално, обезбедувајќи поддршка за над 130 вакви независни организации и клубови во 67 земји, изјави Чарлс Гарет, британскиот амбасадор на презентацијата на клубот која се одржа во неговата резиденција во Скопје.

Основач на Клубот на одговорни бизниси е „Конект“ – организација со главна мисија и големо искуство во поттикнување и промовирање на општествената одговорност и филантропијата, која воедно ќе се грижи за неговото успешно функционирање.

Клубот е отворен за сите заинтересирани компании, без оглед на нивната големина. Важна е нивната посветеност за учество во реализација на заедничките акции и програми на Клубот во области како што се: корпоративно волонтирање, менторирање, младинско вклучување и вработување и други. Покрај здружување на идеите и ресурсите, клубот претставува и место каде бизнисите можат континуирано да ги унапредуваат знаењата, да градат капацитети и да создаваат партнерства со граѓанските организации и институциите, за што ќе им бидат ставени на располагање сите стручни капацитети и експертиза на организацијата „Конект“, чија задача ќе биде континуирано да им помага на членките и на самиот клуб да ги реализираат сите активности преку примена на најдобрите европски приоди и практики во доменот на општествената одговорност, вели  извршната директорка на „Конект“, Никица Кусиникова.

Работата на клубот стратешки ќе ја насочува одбор составен од врвни менаџери на некои од најуспешните македонски компании, кои и досега имаат големо искуство и значајни активности во областа на општествената одговорност.

Целта на клубот на одговорни бизниси е поинтензивна и суштествена соработка меѓу бизнисите и граѓанскиот сектор во промовирање на принципите на општествена одговорност. Улогата на бизнисите во општеството е огромна. Многу од нас се веќе вклучени во општествено одговорни проекти и тоа е навистина за поздравување. Формирањето на оваа платформа, ќе претставува синергија на бизнисите, граѓанскиот сектор и институциите за што поголема мобилизација за справување со предизвиците во нашето општество и креирање соодветни решенија и проекти за одржлив развој на заедницата и општеството во кое сите ние  живееме и функционираме, изјави Живко Мукаетов, претседател на управниот одбор и генерален директор на Алкалоид АД Скопје, една од водечките домашни компании со значајни вложувања во проекти кои придонесуваат за развој на заедницата.

Дополнителна гаранција за тоа дека во функционирањето на клубот ќе бидат применети најдобрите европски практики во оваа област е фактот што иницијативата за неговото формирање се реализира во рамки на проектот „Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните“, финансиран од Европската Унија.

Промовирани огласи »

Голем број посетители и гости, позитивна атмосфера, со многу забава и дружење е она што ги одбележува изминатите денови од големата сезонска Garage sale акција во трговскиот центар „Рамстор мол“. 

Сите оние кои не го посетиле „Рамстор мол“, за среќа, имаат уште два дена да појдат до трговскиот центар и си го купат она што го посакуваaт или им е неопходно, сега и по намалена цена до 70 отсто. Garage sale акцијата завршува на 12ти февруари.

Само за потсетување, таму може да најдете Springfield џемпери по цена од 597 денари, Tom Tailor палто за само 1.599 денари или чизми од Sport M по намалена цена од 2.345 денари. За понежниот пол има парфеми Bargello, три за 1.200 денари, како и потпетици од Adam’s shoes намалени од 3.490 денари, а сега по цена од 2.443 денари.

Ова е само дел од она што може да го најдете на попуст во продавниците на „Рамстор мол“, вклучувајќи ги и намалените цени на прехранбените продукти од маркетот во самиот трговски. Од понудата на часовници, накит, книги, детска опрема и останати артикли има преголем избор на попусти, така што во наредните два дена ќе мора сами да одите и да проверите што најмногу ви прилега и ви одговара според личниот вкус и домашниот буџет.

Сите за попусти, а попусти за сите само во „Рамстор мол“ и Garage sale!

Промовирани огласи »

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и три банки од групацијата ПроКредит потпишаа договори за гаранција за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија, Србија и Косово. Ова беше овозможено преку Фондот за гаранции за Западен Балкан, финансирано од Европската Унија во рамки на Фондот за развој на претпријатија и иновации на Западен Балкан.

Целта на договорите со Фондот за гаранции за Западен Балкан е да се олесни пристапот до финансирање за МСП во Македонија, Србија и Косово, со тоа што ќе им се овозможи кредитна покриеност на вкупно 70 милиони евра од кредитните портфолија на трите држави, во текот на следните две години. ПроКредит Банка Македонија ќе пласира 10 милиони евра во договорениот период.

Директорот на ЕИФ за гаранции Алесандро Тапи изјави: „Наше задоволство е потпишувањето на овие три договори за гаранција во рамки на втората фаза од Фондот за гаранции за Западен Балкан за МСП во Македонија, Србија и Косово со ПроКредит Банка, кој е долгогодишен партнер на ЕИФ во регионот. Преку локалните банки на ПроКредит, оваа гаранција ќе го зголеми пристапот до финансии за МСП, со што може да се отворат нови работни места и да се овозможи раст на економиите на трите земји“.

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг, изјави: „Ние од ПроКредит групација сме многу горди на потпишувањето на овие договори за гаранција во трите земји. Како водечката „матична банка” за МСП во овој регион, ние секогаш се стремиме кон понуда на подобри решенија за малите и средните претпријатија во земјите каде што работиме“.

Емилија Спировска, член на управниот одбор на ПроКредит Македонија, нагласи дека ПроКредит банката продолжува да дава свој придонес кон економската интеграција и балансираниот економски развој на земјата, со обезбедување иницијативи и понуди што ќе бидат соодветни на тековните трендови и потреби на бизнисит.

Овој договор ќе им овозможи на бизнисите во Македонија да се фокусираат на инвестиции и долгорочни планови, што е многу значајно, затоа што таквите вложувања придонесуваат кон развојот и создавањето работни места во Македонија, а така се создава вистински напредок, изјави Емилија Спировска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »