Промовирани огласи »

Европскиот Инвестициски Фонд (ЕИФ) и три банки од групацијата ПроКредит потпишаа договори за гаранција за поддршка на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија, Србија и Косово. Ова беше овозможено преку Фондот за гаранции за Западен Балкан, финансирано од Европската Унија во рамки на Фондот за развој на претпријатија и иновации на Западен Балкан.

Целта на договорите со Фондот за гаранции за Западен Балкан е да се олесни пристапот до финансирање за МСП во Македонија, Србија и Косово, со тоа што ќе им се овозможи кредитна покриеност на вкупно 70 милиони евра од кредитните портфолија на трите држави, во текот на следните две години. ПроКредит Банка Македонија ќе пласира 10 милиони евра во договорениот период.

Директорот на ЕИФ за гаранции Алесандро Тапи изјави: „Наше задоволство е потпишувањето на овие три договори за гаранција во рамки на втората фаза од Фондот за гаранции за Западен Балкан за МСП во Македонија, Србија и Косово со ПроКредит Банка, кој е долгогодишен партнер на ЕИФ во регионот. Преку локалните банки на ПроКредит, оваа гаранција ќе го зголеми пристапот до финансии за МСП, со што може да се отворат нови работни места и да се овозможи раст на економиите на трите земји“.

Борислав Костадинов, член на Управниот одбор на ПроКредит Холдинг, изјави: „Ние од ПроКредит групација сме многу горди на потпишувањето на овие договори за гаранција во трите земји. Како водечката „матична банка” за МСП во овој регион, ние секогаш се стремиме кон понуда на подобри решенија за малите и средните претпријатија во земјите каде што работиме“.

Емилија Спировска, член на управниот одбор на ПроКредит Македонија, нагласи дека ПроКредит банката продолжува да дава свој придонес кон економската интеграција и балансираниот економски развој на земјата, со обезбедување иницијативи и понуди што ќе бидат соодветни на тековните трендови и потреби на бизнисит.

Овој договор ќе им овозможи на бизнисите во Македонија да се фокусираат на инвестиции и долгорочни планови, што е многу значајно, затоа што таквите вложувања придонесуваат кон развојот и создавањето работни места во Македонија, а така се создава вистински напредок, изјави Емилија Спировска.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Без разлика дали одите на интервју за работа од соништата или пак станува збор за вашиот прв настап надвор од колеџот, треба да се потрудите да се покажете во најдобро светло.

За среќа уметноста во интервјуирањето е можност за учење на вештини. Колку повеќе вежбате, толку подобар станувате.

Фејсбук директорот за регрутирање на глобално ниво Миранда Калиновски во интервју за Business Insider дава неколку корисни совети:

Размислете за вредностите

Осигурајте се дека вашето професионално и лично искуство е во согласност со целите на компанијата.

Ние вработуваме градители – вели таа. Под тоа се мисли дека без разлика од која област имате познавање, луѓето кои пристигнуваат тука се луѓе кои создаваат и учат нови работи.

Обезбедете детали

Вклучувањето на конкретни детали во текот на интервјуто, ќе го зголеми вашиот кредибилитет и ќе го импресионира оној кој ве интервјуира.

Имајте самодоверба

Битно е да бидете свој личен застапник. Во едно интервју се случи да сопрам за момент и побарам да почнеме одново бидејќи сметам дека не сум го дала максимумот во одговорот. Оној кој го водеше интервјуто ме охрабри и стекна позитивен впечаток за мене - вели таа.

Водете разговор

Калиновски смета дека од клучно заначење е да не се претерува на интервју, подобро е интервјуто да се води како еден вид на разговор и одговарање на прашања.

Нагласете го својот ентузијазам

Калиновски се присети на едно од интервјуата каде кандидатот отишол толку далеку што се понудил да работи бесплатно. Таа нагласува дека Фејсбук никогаш нема да ја прифати таквата понуда, но сепак тоа е добар гест.  Дефинитивно треба да се најде начин да го изразите својот ентузијазам.

Сработете ја својата задача

Пред да одите на интервју истражувајте за компанијата, голем број на компании како што е Фејсбук имаат свои веб-сајтови со корисни информации и статии.

Промовирани огласи »

Француско истражување направено неодамна, открива дека речиси една третина од вработените  сметаат дека работата им ја „убива врската“.

Една француска шансона вели дека „Работата е премногу тешка“, а тоа изгледа дека не важи само за здравјето, туку и за љубовта. Работата предизвикува стрес, незадоволство, нервоза, умор, а тоа не се поволни состојки за квалитетна врска или брак.

Поради својата работа имаме помалку слободно време, а и повеќе се караме со партнерот, навеле 29 отсто од учесниците во истражувањето. Дури кај седум отсто од мажите и жените, кариерата била причина за развод или раскинување на врска.

Сепак 56 отсто од испитаниците одговориле дека успеваат да ја оделат работата од односот со партнерот, а 15 отсто се изјасниле дека се подготвени да ја сменат работата за да ја спасат врската.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »