Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 19.09.2018г, поради дефект на приклучна цев на
ул.Анри Барбис 1, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од
истата улица од 19:00ч до завршување.

Промовирани огласи »

Нова петиција за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Словенија

Покрената нова со цел за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Република Македонија и Република Словенија без дополнителни тестови и поголеми трошоци, за лицата над 18 години коивеќе имаат возачки дозволи во двете земји.

Од вчера стапи во сила договорот за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија. Договорот го потпишаа Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих.

Македонските граѓани ќе можат да добијат германска возачка дозвола ако престојуваат во Германија повеќе од 180 дена. Министерот Спасовски рече дека од овој договор граѓаните ќе имаат и други придобивки.

По успешноста на оваа инцијатава, е покрената нова со цел за меѓусебно признавање на возачките дозволи меѓу Република Македонија и Република Словенија без дополнителни тестови и поголеми трошоци, за лицата над 18 години коивеќе имаат возачки дозволи во двете земји.

Оваа Иницијатива ќе биде од голема корист за нашите иселеници во Република Словенија кои веќе неколку години се принудени да полагаат тестови пред комисија за градско возење, а со тоа имаат и дополнителни трошоци кои не се воопшто мали. Се надеваме да ни излезете во пресрет и нам, и да го олесниме патот на нашите иселеници во Република Словенија за полесно признавање или заменување на возачките дозволи.

За петицијата ТУКА.

Промовирани огласи »

Забрани за користење на тоалети во македонските училишта

Голем број на недостатоци низ Македонија, но Инспекторатот тука не можел да замижи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донел одлука да се забранат за користење тоалетите во три основни училишта во Македонија поради влага и непријатен мирис се додека не се санираат санитарните јазли.

Контролите се направени уште пред пет месеци, односно во текот на април и мај. Иако имало и други тоалети на тапет, овие три биле „најнебезбедни“, објави „Независен“.

Временската рамка на забрана ја приспособуваме и во однос на потребите на институцијата и според реалните можности. Џабе е ние да напишеме 15 дена, ако е тоа врзано за тендери и неизводливо е да се обезбедат средствата. На пример, ако во училиштето има вкупно шест санитарни јазли, се реновираат прво три, потоа другите, тоа се прави заедно во договор со училиштата, да не останат без тоалети за употреба. Станува збор само за забрана за употреба на тоалети во три училишта во земјава, така што ова е добра состојба, изјави директорката на инспекторатот Ирина Сотирова-Бухова.

Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат издале 191 решение за отстранување на недостатоци. 

Промовирани огласи »

Автоматите за наплата не ги примаат новите банкноти од 10 и 50 денари

Имаш пари, ама како да ги немаш: Новите банкноти не „влегуваат“ секаде

Се употребуваат веќе четири месеци, но со новите банкноти од 10 и 50 денари, граѓаните не можат да платат паркинг на автомат, тие пари не можат да ги вметнат во машините за плаќање на фактури за комунални сметки, пишува Фактор.

Иако има можност уредите да се прилагодат, компаниите тоа не го сториле досега, па граѓаните се наоѓаат во ситуација и покрај тоа што имаат пари, да не можат да ја платат услугата.

Од Народната банка велат дека тие уште во мај, кога беа пуштени во оптек новите полмерни банкноти, ги повикале фирмите кои имаат вакви машини да ги прилагодат софтверите. Велат дека тоа може да се стори и сега, по што автоматите ќе ги препознаваат новите пари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »