Промовирани огласи »

Македонија, БИХ, Турција, Црна Гора, Албанија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Казахстан и Азербејџан се единствените европски земји кои не можат да надминат брзина на интернет над 10 мегабајти даунлодирање во секунда, пренесе Ал Џезира Балкан.

Во деталното истражување на cable.co.uk, брзината на интернетот во 200 земји беше анализирана сај преку повеќе од 163 милиони тестови за брзина.

Резултатите се прикажани како просечни брзини на преземање во Mbps / s (мегабити во секунда).

Најбрзиот проток на интернет во светот е во Сингапур (60.39 Mbps), потоа во Шведска (46 Mbps) и во Данска (43.99 Mbps).

Најниската просечна брзина на интернет е во Јемен - 0,31 Mbps.

Во земјите од екс-Југославија, најбрз интернет има во Словенија (21,41 Мбит / с), а најмал во Црна Гора (6,74 Мбит / с) и Босна и Херцеговина (7,37 Мбит / с). 

Македонија има 8,82 Мбит/с, а во регионот слаби се и Албанија со 5.56/Мбит/с.

На Балканот над 10 Мбит/с се Косово, Србија и Хрватска, а Бугарија и Романија задно со Словенија припаѓаат во земји со брзина од 20 до 40 Мбит/с.

Промовирани огласи »

Државјаните на земјите од Западен Балкан во иднина ќе мораат преку интернет од Европската Унија да побараат дозвола за влез во Шенген зоната и иако не им е потребна виза за патување да платат такса од 7 евра – предвидуваат новите мерки кои ЕУ ги воведе за многу построг надзор на надворешните граници на Унијата.

Откако беше потврдена од Европскиот парламент, а потоа и усвоена од страна на Советот на министри на Унијата, мерката ќе стапи на сила од јануари 2021 година како дел од ЕТИАС системот.

Со мерката ќе бидат опфатени сите државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, на кои ќе им биде потребна виза во Шенген просторот на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.

Како ќе изгледа целата процедура?

Откако ќе поднесе барање, патникот мора во рок од 96 часа да добие одговор дали неговата дозвола ќе биде издадена. Таа ќе важи 3 години, односно до крајот на важноста на патните документи.

Во самото образложение на овие мерки е наведено дека авиопревозниците и бродарските компании пред качување на патниците ќе мора да проверат дали тие располагаат со важечка дозвола за премин на границата на Унијата и влез во Шенген зоната.

Инаку, Македонските државјани наместо со патна исправа, може да патуваат со важечка лична карта во Албанија, Црна Гора, Косово и Србија. Ако сакате да уживате во убавините на Јадранското Море, можете да стигнете до Албанија и Црна Гора и без пасош.

Со овие држави Македонија има потпишано билатерални договори.

Доколку се одлучите набрзо да патувате надвор од границите на Македонија треба да поседувате доволно парични средства (во готово, кредитни картички, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство.

За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден.

Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.

Промовирани огласи »

Ако вашето дете оди во градинка во група од 20 деца, радувајте се бидејќи тоа е вистинска реткост. Во просторија од 40 квадратни метри, повеќе од триесет дечиња на возраст од 3-4 години брмчат како пчели во кошница, а ги чуваат само две лица.

Проблем кој што воопшто не е нов. А како изминува времето, така истиот зема се поголем замав.

Незадоволни се и  воспитувачките и родителите.

Родителите бараат најдобар третман за нивните деца, а услови за тоа нема.

-Во нашата група има над 40 деца, а ние сме само две воспитувачки. Понекогаш се чудам и самата како успевам. Не знам на која страна прво. Родители, како родители. Секакви, едни се прават дека ве разбираат и се чудат како се справувате со толку голем број деца, а едни ве обвинуваат вас, зошто вашето дете не добива соодветен третмна и бараат да му бидете дадилка на неговото дете. Многу пати до сега се пожаливме кај надлежните, но освен стискање на раменици, не добивме никаков одговор. Ние изнемоштени, родителите незадоволни, а децата не го добиваат сето она што е потребно, а надлежните немаат решение на нашиот проблем, раскажува воспитувачка од скопска градинка.

На ист проблем се и родителите.

-Мојата ќерка има четири години. Во група е со над 35 деца. Одиме една недела во градинка, па две не... Постојано некој здравствен проблем. А и како да нема, кога се толку многу. Воспиттувачките и да сакаат, не можат да им посветат доволно внимание на сите. Тоа е ќе тераме така. Немам финансии за да плаќаме дадилка за да ја чува во домашни услови, раскажува една мајка.

Во Законот за заштита на децата групите во градинките се предвидени да бидат со помалку деца за разлика од реалните состојби. Кога се во прашање хомогените групи, до 12 месеци се предвидени групи од шест до осум деца, над 12 до 18 месеци, групите треба да бројат од осум до десет деца. Над 18 месеци до две години групите треба да бројат од десет до 12 деца, а над две до три години од 12 до 15 деца. Од 15 до 18 деца треба да имаат групите од три до четири години, а од 18 до 20 групите со четири и петгодишни деца. Групите од пет до шест години треба да имаат максимум до 25 деца.

Бројките на терен покажуваат дека земјава има недостиг не само од кадар за градинките туку и од објекти. Поголем дел од градинките во Скопје имаат проблем поради недостиг од простор и кадар за згрижување на запишаните деца.

Во повеќето од нив има и по 35 до 40 деца во група, за кои се грижат само една негувателка и една воспитувачка.Вкупно 69 јавни установи со 272 објекти се распоредени во 59 општини, како и 37 приватни установи за деца. Дејноста се реализира во вкупно  309 објекти. Во 60 од вкупно 80 општини има јавни установи за згрижување и воспитание на деца.

Во 6 општини има групи во други просторни услови, додека во 14 општини нема установа, објект, ниту група во други просторни услови за  згрижување и воспитание на деца.

Промовирани огласи »

Брендон Бучард пораснал во сиромашно семејство во Монтана, а денес е најпродаван автор на Нујорк Тајмс. Погледнете ја инспиративната приказна како од мачни и тешки услови дошол на завидна позиција и што е навистина важно кога парите се во прашање, за кои зборува дека не се пресудни за живот и среќа.

Почнете од себе, не од вашата сметка во банка

Доколку сами не се вреднувате и вашата цена на пазарот на труд ќе биде ниска. Секогаш морате да почнете од себе, да сфатите дека имате многу да допринесете на светот и дека само треба да ја најдете својата прилика и место.

Прифатете одговорност

Ако сакате да се искачите на скалата погоре и да остварите финансиски успех сфатете дека се е во ваши раце, дека нема да освоите седмица на Лото и дека мора да работите на себе. Пронајдете кои се ваши предности, во што сте добри и што е она што го сакате. Нашиот живот е само наш и никој друг не ја крои нашата судбина.

Вредите толку што ќе мора да ве платат

Доколку сакате пари мора нешто да продадете за да го добиете за возврат. Продајте се себе, односно она  во што сте најдобри. Доколку сметате дека ништо не е доволно вредно за некој тоа да го плати работете на себе и унапредете се додека не бидете толку добро да понудите своето знаење и стручност на пазарот.

Како што советува Брендон обидете се секој ден на работа да го направите она што се очекува од вас, гледајте широка слика. Со своето залагање свртете го вниманието на себе.

Работа и Живот

Важно е да знаете каде е местото на парите во вашиот живот. Некои луѓе толку се оптеретуваат со заработката што забораваат да живеат. Не дозволувајте си работата да го преземе вашиот живот и да работите само затоа што многу заработувате а всушност не сте среќни. Соберете храброст да направите промена и работете го она што навистина го сакате. Само тогаш навистина ќе бидете богати.

Вреднувајте го секој ден

Повеќето луѓе ги трошат своите денови и се чувствуваат сиромашно бидејќи содржината на нивниот ден е таква.

Читаат таблоиди и трачеви, пијат кафе ... не работат ништо значајно што ги поместува напред и ги унапредува. Важно е да го почитувате секој ден.

Погледнете го инспиративното видео:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »