Промовирани огласи »

Постои отворена можност пратениците на Собранието на РМ да гласаат тајно за уставните измени и имплементирање на Спогодбата од Преспа, откако би се обезбедило двотретинско мнозинство за истото, тврдат одредени македонски медиуми.

Деловникот на Собранието во однос на тајното гласање:вели дека може да се одлучи гласањето да биде тајно по предлог на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат десет пратеници.

Промовирани огласи »

Туркиш ерлајнс подготвено специјални пакети за летови во многу градови на Балканот, Кавказ и другите региони, а од Скопје до Истанбул со повратен билет ќе може да се патува за 110 евра, вклучувајќи ги сите трошоци, пренесува Анадолија.

Пакетот на намалени цени на летови се однесува на ограничен број места и заинтересираните патници можат да ги купат своите билети до 15 октомври за летови до крајот на март следната година.

Цената од 110 евра важо за Сараево, Подгорица, Скопје, Приштина, Тирана, Љубљана, Загреб, Дубровник, Софија и Кишињев, додека летовите од Букурешт ќе чинат 120 евра и 130 евра од Белград.

Промовирани огласи »

Од вчера стартуваше анкетното истражување за потребата од вештини на пазарот на трудот за 2018/2019 година кое Агенцијата за вработување на Република Македонија го спроведува согласно со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018. Анкетното истражување ќе се реализира во периодот од 01.10.2018 до 31.10.2018 година помеѓу работодавачите од приватниот сектор со 7 и повеќе вработени.

Целта на анкетата за потреба од вештини на пазарот на трудот е да се обезбедат информации за потребата на работодавачите од нови вработувања во наредните 6-12 месеци и потребата од занимања и вештини со кои треба да располагаат кандидатите за планираните нови вработувања.

Анкетното истражување ќе го спроведат вработените лица од центрите за вработување, а ќе бидат ангажирани и невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија како поддршка во реализацијата.

Со цел успешно спроведување на анкетата во Агенцијата за вработување беа спроведени обуки за вработените лица, како и за невработените лица кои ќе бидат ангажирани во реализацијата на анкетата. Резултатите добиени од анкетното истражување претставуваат основа за креаирање активни програми и мерки за вработување, кои имаат за цел да ги зголемат вештините на невработените лица и да ја зголемат нивната конкурентост на пазарот на трудот. Резултатите исто така се очекува да придонесат во создавање услови за подобро функционирање на пазарот на трудот, преку вкрстување на понудата и побарувачката од соодветно квалификувана работна сила.

Добиените резултати ќе послужат и во образовниот систем при концепирање на уписните политики и креирање нови образовни програми за занимања усогласени со потребите на пазарот на трудот.

Промовирани огласи »

Со последната одлука на РКЕ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 1,58%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се промени односно останува на исто ниво, како што била утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,347 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,351 ден/кг.

Нов скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Во моментов барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 81,4 долари за барел. 
Цената ја проби границата од 80 долари уште во понеделникот со скок од над 2 долари во само 1 ден тргување.  Цените се највисоки во последните 4 години.

Се очекува новата цена на РКЕ денеска.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »