Промовирани огласи »

Според новиот Стратешки план за наредните три години изработен од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, бројот на пензионери од проектираните 320.300 во 2018 ќе се зголеми на 324.382 во 2019-та. Во 2021-ва ќе има дури 325.835 пензионери, што комбинирано со постојаниот раст на пензиите ќе предизвика поголемо оптоварување на фондот и на централниот буџет, објави Порталб.

Во август, според официјалната статистика на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во земјата имало 315.112 пензионери. 

Направените анализи покажуваат дека во 2021 година во споредба со оваа година, вкупната потрошувачка на пензиските исплати ќе се зголеми на околу 140 милиони евра. За тековната година ќе се исплатата 879 милиони евра за пензии, а во 2021 дури 1,016 милијарди евра. 

Дефицитот во резервите Фондот ќе се зголеми и овој минус ќе мора да се надомести од централниот буџет., сособено што проценките се дека старосната граница за пензионирање нема да се промени.

Дефицитот на паричниот фонд е во постојан раст, додека во период од десет години трансферите на готовина обезбедени со ликвидност се зголемени за 1,8 пати. Државниот фонд влезе во областа на финансиската нестабилност по првата реформа во 2006 година, кога тој премина од системот со еден столб во системот на три столба, а потоа се намалува процентот на придонеси од 21,2% на 19% во 2009 година, а потоа на 18% во 2010 година.

Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд веќе неколку години предупредуваат дека македонскиот пензиски фонд е неодржлив на долг рок. Соодносот на вработени во однос на пензионери е 2: 1, односно на секои двајца вработени е пензионер, а тоа не е во согласност со европските стандарди и се смета за неодржлив тренд.

Во моментов стандардната просечна пензија изнесува 14.146 денари.

Промовирани огласи »

HAPPY WEEKEND акција во Нептун! Од 04-08 октомври, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитните картички (на НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје, Охридска Банка, Халк Банка и Дајнерс МК) потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти.

Сега е вистинско време за шопинг, големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи! Акцијата важи за сите производи од сите категории. Разгледајте ги одличните понуди во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија. Изберете од големата понуда на: фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, клима уреди, телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Во Нептун може да најдете производи од вашите омилени брендови: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за својот дом.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во нашата држава е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата.

Малопродажната мрежа на Нептун, 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400. За ОНЛАЈН купување и да ги погледнете деталите од продажната акција „HAPPY WEEKEND 04-10.08.2018” кликнете на следниот линк: https://www.neptun.mk

Промовирани огласи »

Чешкиот картограф и матеметичар Јакуб Мариан на својата интернет страница објави карта којашто го прикажува бројот на милијардери во секоја европска земја во 2018 година. Мапата е заснована на податоци од „Форбс“.

Така, Германија води со 123 милијардери. Велика Британија има 54, Франција – 40, Италија – 43, Шпанија – 29, а Шведска – 32 милијардери.

Од словенските земји пак, Русија, очекувано, е некаде на врвот, со вкупно 101 милијардер, во Украина има седум, во Полска и Чешка по шест, и во Словачка еден милијардер. Македонија нема ниеден, а на Балканот, милијардери има само во Грција (четворица), Романија и Унгарија (по еден).

Две од најмалите држави во Европа, Монако и Лихтенштајн имаат барем по еден милијардер, што ги става на врвот на листата. Занимливо е и тоа што Луксембург годинава нема ниеден, иако 2014. таму живееја 17 милијардери со привремен престој, без државјанство.

Авторот напоменува дека мапата го покажува бројот милијардери на 10 милиони жители, но и вкупниот број милијардери. За споредба, САД има 18 милијардери на 10 милиони граѓани, односно 585 милијардери вкупно; Кина има 2,7 лица на 10 милиони, а 373 вкупно.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со исплата на септемвриската пензија на почетокот на октомври ќе се изврши усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот.

Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено новото усогласување на пензиите од 1,8% за месеците јули и август. Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8%, но без дополнителни разлики од претходниот период, велат од Министерството.

Просечната пензија за септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8% изнесува 14 500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13 106 денари.

Од МТСП велат дека ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69%.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »