Промовирани огласи »

Ве известуваме дека на ден 04.10.2018 година поради дефект на приклучна цевка од
ф-3/4 на ул.Лука Ѓеров 15/4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од
ул.Лука Ѓеров-крак 13,14 и 15. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:45 часот
до завршување.

Промовирани огласи »

HAPPY WEEKEND акција во Нептун! Од 04-08 октомври, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитните картички (на НЛБ Банка, Стопанска банка АД Скопје, Охридска Банка, Халк Банка и Дајнерс МК) потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти.

Сега е вистинско време за шопинг, големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи! Акцијата важи за сите производи од сите категории. Разгледајте ги одличните понуди во 25-те продажни салони на Нептун ширум Македонија. Изберете од големата понуда на: фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, клима уреди, телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Во Нептун може да најдете производи од вашите омилени брендови: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе и за својот дом.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во нашата држава е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата.

Малопродажната мрежа на Нептун, 20 години е присутна на македонскиот пазар и во моментов е застапена со 25 продажни места во 21 град во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 400. За ОНЛАЈН купување и да ги погледнете деталите од продажната акција „HAPPY WEEKEND 04-10.08.2018” кликнете на следниот линк: https://www.neptun.mk

Промовирани огласи »

Бројот на милијардери во европските земји постојано се зголемува, еве колку има во Македонија

Германија води со 123 милијардери. Велика Британија има 54, Франција – 40, Италија – 43, Шпанија – 29, а Шведска – 32 милијардери

Чешкиот картограф и матеметичар Јакуб Мариан на својата интернет страница објави карта којашто го прикажува бројот на милијардери во секоја европска земја во 2018 година. Мапата е заснована на податоци од „Форбс“.

Така, Германија води со 123 милијардери. Велика Британија има 54, Франција – 40, Италија – 43, Шпанија – 29, а Шведска – 32 милијардери.

Од словенските земји пак, Русија, очекувано, е некаде на врвот, со вкупно 101 милијардер, во Украина има седум, во Полска и Чешка по шест, и во Словачка еден милијардер. Македонија нема ниеден, а на Балканот, милијардери има само во Грција (четворица), Романија и Унгарија (по еден).

Две од најмалите држави во Европа, Монако и Лихтенштајн имаат барем по еден милијардер, што ги става на врвот на листата. Занимливо е и тоа што Луксембург годинава нема ниеден, иако 2014. таму живееја 17 милијардери со привремен престој, без државјанство.

Авторот напоменува дека мапата го покажува бројот милијардери на 10 милиони жители, но и вкупниот број милијардери. За споредба, САД има 18 милијардери на 10 милиони граѓани, односно 585 милијардери вкупно; Кина има 2,7 лица на 10 милиони, а 373 вкупно.

Промовирани огласи »

Пензионерите добија повисоки пензии

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со исплата на септемвриската пензија на почетокот на октомври ќе се изврши усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со исплата на септемвриската пензија на почетокот на октомври ќе се изврши усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот.

Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено новото усогласување на пензиите од 1,8% за месеците јули и август. Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8%, но без дополнителни разлики од претходниот период, велат од Министерството.

Просечната пензија за септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8% изнесува 14 500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13 106 денари.

Од МТСП велат дека ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69%.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »