Промовирани огласи »

Двајцата најбогати луѓе на светот одлучија да се здружат и да работат на развој на бактерија која треба да го намали користењето на азотни ѓубрива. Сметаат дека тоа е конкретен начин да се спаси планетата Земја.

Во септември група милијардери инвеститори меѓу кои се Џеф Безос, Бил Гејтс и Мајкл Блумберг одлучија да издвојат милијарда долари за вложување во енергетска стартап компанија.

Инвестициите се дел од фондот наречен Пробивен енергетски потфат, направен со цел за компаниите капиталот да можат да го вратат после 20 години, а кој треба на научниците и инженерите да им овозможи работа на трансформативни енергетски технологии.

Една од тие компании е калифорниската "Pivot Bio" која од милијардерите добила 70 милиони за работа на генетски модифицирана бактерија.

Оваа компанија идентификувала голем проблем во земјоделството: фармерите користат премногу азотни ѓубрива, кои доста влијаат на загадувањето. Како што расте билката, на неа и е потребно се повеќе храна, па фармерите се повеќе користат ѓубриво.

Ѓубривата испуштаат азотни-оксиди, чиј гас долго останува во воздухот и земјиштето, а ги загадува и реките и потоците. Тој е и токсичен по луѓето бидејќи во контакт со загадената вода може да се разболат и да им откажат бубрезите и црниот дроб.

„Pivot Bio“ открила бактерија која може да ја намали потребата за користење на ова опасно ѓубриво. Според зборовите на претставници од компаниите, таа бактерија се криела во природата, но поради користење на фертилизатори останала неактивна.

Со генетско модифицирање на оваа бактерија, компанијата им помага да се активираат во присуство на азотни ѓубрива. Фармерите ќе можат да ги напраскаат семињата со бактеријата во течен облик.

"PivotBio" на фармерите им предлага да користат и понатаму исти методи на кои навикнале, но така што на својата смеса ѓубрива и инсектициди, при првото ѓубрење ќе и додадат генетски модифицирана бактерија.

Тем Карстен, извршен директор на компанијата рекол дека на светското производство на ѓубриво одат околу 3-4 отсто од светската енергија и дека при самиот процес на производство во атмосфера испуштаат штетни гасови.

Промовирани огласи »

Да се работи осум часа дневно во простории под вештачко осветлување не е пријатно, а да не споменуваме дека денес е луксуз да се има канцеларија со прозорци со поглед кон парк. Работните бироа, компјутери, документи, недоволното природно светло, не се баш пријатно место за работа, кои делуваат стимулативно на продуктивност и среќата на вработените.

Но денес, благодарение на технологијата многу лесно можете вашиот дом или канцеларија да ги трансформирате. Последниве години архитектите и дизајнерите на ентериери, покрај на правилниот распоред на мебелот, на природното осветлување се почесто предлагаат зелени површини кои ја разбиваат монотонијата, визуално внесуваат свежина и нова енергија во просторот.

Вертикалните градини  или зелени површини направени од природни стабилизирани растенија, што подразбира аплициран мов, бршлени, листови, папрат и цвеќиња на дрвени панели, можат да се постават на било кое место во просторот. Станува збор за декоративни растенија (100% природни, но не живи) кои се долготрајни, кои не бараат одржување, нахранување, наводнување ниту пак светлина. Иновативен и единствен производ од својот вид, во форма на вертикални градини, врамени дизајни, топки, бонсаи дрва и растенија, кои го одземаат здивот. Природни растенија третирани со биоразградлива формула, кои што овозможуваат зеленило онаму каде што малиот простор или пак условите не овозможуваат градина и зеленило.

Треба само да се внимава да не се изложуваат на сончева светлина, ниту пак да се инсталираат над радијатори, ниту пак под клима уреди. Flowercity.mk во соработка со Пирин Експорт Ви нуди можност за уникатна зелена декорација за било кој ентериер.

Ако сакате зеленило, во простор каде  ни кактуси не успеваат, тогаш ова е вистинското решение за вас. повеќе инфо на https://flowercity.mk/

Предности на зелените градини:

  • го разубавуваат просторот
  • нема потреба од одржување, освен повремено чистење на прашина
  • не одземаат од просторот
  • не бараат знаење за нивно одржување
  • имаат гаранција од 5 години
  • поднесуваат големи осцилации во температурата
  • нема потреба да се плашите дека не овенат

Промовирани огласи »

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 11 октомври 2018 година (четврток), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија, соопшти денес Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.

Промовирани огласи »

За една година да се зголеми старосната граница за пензионирање ќе предложи Бизнис заедницата. Ова доаѓа откако новиот Стратешки план на ПИОМ покажа дека дупката во Фондот ќе се продлабочува. Тој минус ќе мора да се покрие од државниот буџет.

Минимално зголемување на старосната граница за пензионирање. Ова тотално сме сигурни дека Синдикатите нема да се сложат и дека ќе биде не многу прифатливо за нив. Од друга страна, ние како работодавачи воопшто не размислуваме дека ќе биде позитивно и квалитетно да се зголеми процентот на социјалните придонеси, вели претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.

Бошков вели дека веќе е намалено нивото на одржливост на пензискиот фонд.

Доколку се зголеми бројот на пензионери до 2020 на 335 или 337 илјади, тогаш тие 550 милиони што се трошат во моментот за помал број на пензионери ќе се зголеми, вели Бошков.

Според  планот, бројот на пензионери за три години ќе се зголеми за 15 илјади, и ќе изнесува  над 335 илјади. Со тоа ќе се зголемат и трошоците за пензии. Годинава по овој основ треба да се исплатат 880 милиони евра, а во 2021. –  една милијарда евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »