Промовирани огласи »

Организаторите на првата годишна македонска Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 26-ти октомври во хотел Мериот во Скопје, ја објавија финалната програма. Агендата е составена од поздравни обраќања, главни говори, панел дискусии и неколку изненадувања за учесниците, а ќе биде реализирана од страна на триесетина говорници од 9 држави. Покрај локалните учесници и експерти за е-трговија, ќе има говорници и од Калифорнија (САД), Велика Британија, Чешка, Словенија, Бугарија, Србија, Полска и Белгија. Агендата има специфичен формат со цел да ги покрие сите аспекти од циклусот на електронската трговија и ќе започне со генерална анализа на сегашната ситуација на пазарот, по што следи дискусија за можностите за ширење на достигот на локалните е-трговци во границите на ЕУ, а ќе заврши со презентации и дискусии на теми како да се направи добар маркетинг, да се обезбеди квалитетна поддршка и корисничко искуство, како правилно да се искористат системите за плаќање и како без проблеми да се достави нарачаниот продукт.

Конференцијата ќе започне со кратки поздравни говори и воведни обраќања од претседателот на АЕТМ и ко-основач на Групер, д-р Нина Ангеловска, Министерот за информатичко општество и администрација г-дин Дамјан Манчевски, Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој г-дин Јован Деспотовски, Гувернерот на НБРМ г-ѓа Анита Бежоска и Менаџерот за Бугарија и Македонија на Мастеркард (Mastercard), г-ѓа Вања Манова. Во овие поздравни обраќања, говорниците ќе споделат клучни факти, предизвици, статистики и очекувања за е-трговијата од нивните домени на работење.

Потоа, Директорот за владини работи на EMOTA (European eCommerce & Omni-Channel Trade Association), г-ѓа Тријн Сааг (Triin Saag), ќе одржи говор во кој ќе ги истакне клучните можности и предизвици за македонските е-продавници во границите на ЕУ, по што ќе следи првата панел дискусија во која учество ќе земат локални е-трговци (paket.mk, Pazar3.mk, kupikniga.mk, platinavrata.mk) кои ќе ги споделат своите искуства на домашниот пазар.

За компромисот помеѓу функционалностите кои носат удобност наспроти факторите за намалување на ризик, ќе говори г-дин Богдан Боченек, раководител во Одделот за управување со измами во Mastercard, по што следи нова панел дискусија на тема „Иднината на е-трговијата како продажен канал за големите трговци“, во која искуства ќе споделат директори од Македонски Телеком, оне.Вип, ЕВН, Еуролинк осигурување и Спорт Вижн (Sport Vision) Србија.

Потоа, учесниците на конференцијата ќе можат да слушнат за маркетинг и користење на гејмификација како тактика за привлекување и задржување на корисници од светскиот експерт на оваа тема г-дин Ју-каи Чу, кој е автор, говорник и извршен директор на компанијата Окталисис Груп (Octalysis Group).Продолжувајќи ја дискусијата на темата маркетинг, привлекување на нови корисници, искористување на алатки и последни трендови, своја презентација ќе има и г-дин Супратим Бисвас, главен директор за приходи во КлеверТеп (CleverTap), кој ќе зборува за ефектот на вештачката интелигенција и машинското учење врз маркетингот. Ќе презентира и г-ца Михаела Плесникова одКиви (Kiwi.com), компанија која генерира повеќе од 1 милијарда евра годишни приходи преку е-трговија, и ќе објасни како се гради добар е-комерц бизнис кој продава сам по себе.

На темата плаќања, главен говор ќе одржи г-дин Денис Поточник, ко-основач на еден од најуспешните е-трговци во Словенија,кој ќе зборува за бесплатни премиум процеси на наплата како нова ера во онлајн купувањето. Споредба на некогашните и сегашните процеси на плаќање ќе направи и г-ѓа Биљана Доновска Гечева, генерален директор на Касис (Casys). Темата ќе заврши со панел дискусија во која ќе учествуваат претставници на Народна Банка на РМ, НЛБ Банка, Халк Банка (HalkBank), Стопанска Банка а.д. Скопје и Касис (Casys), кои ќе дискутираат за сегашните начини на плаќање, како и за предизвиците и ограничувањата кои пазарот ги има во овој домен.

Формалната агенда на конференцијата ќе биде комплетирана со панел дискусија на тема достава, во која учество ќе земат претставници на Царинска управа на РМ, ДХЛ (DHL), Агенцијата за пошти и компанијата ЕкоВелосипедист. Ќе се дискутира за начините на кои продуктот може да биде испорачан до крајниот корисник.

На крај, учесниците ќе имаат можност за меѓусебно запознавање и размена на искуства на коктел забава поддржана од спонзорите на конференцијата.

Картите, можат да се купат онлајн со плаќање преку кредитна картичка или фактура на www.ecommerceconference.mk. Бидејќи интересот за картите е голем а количините се ограничени, купете ги вашите карти уште денеска! 

Генерален спонзор на конференцијата е Мастеркард (Mastercard),  златен партнер е ДХЛ (DHL), додека silver партнери се Акцент компјутери, ЕВН и Спорт Вижн (Sport Vision).  Домаќин и водител на конференцијата ќе биде познатиот актер Сашко Коцев. Организатор на конференцијата е Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, првата и единствена асоцијација во државата која цели кон инклузивна е-трговија и има мисија да создаде иднина за е-трговски развој и успех на земјата.

Промовирани огласи »

Регулаторна Комисија за Енергетика денеска ги соопшти новите цени на бензините и дизелот.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,62%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,659 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 38,409 ден/кг.

Промовирани огласи »

Од мај следната годинина ќе почне да се наплаќа патарина на новиот автопат Демир Капија – Смоквица на двете наплатни рампи кај Демир Капија и кај Гевгелија кои се градат и треба да бидат завршени до крајот на април. 

Следната година патарина ќе се наплаќа и на двете наплатни рампи кои ќе бидет поставени на автопатот Миладиновци – Штип, а една рампа е предвидена на автопатот Кичево – Охрид, откако ќе биде изграден. 

Од тие патрини таа кај Градско и оваа кај Петровец веќе се во завршна фаза и јас веќе очекувам до крајот на ноември да завршат. Заедно со Сопот, Отовица и Романовце да имаме една целина целина на електронски наплатни рампи бидејќи е малку дискутабилно колку е практично да пуштиме дамо две рампи. Сопот, Отовица Романовце во овој момент сега ако сакаме сега може да работат на картици со тагови. Сепак сакаме да направиме една целина од Куманово до Скопје, од Скопје до Кавадарци да се движите по тој правец со новиот начин со картички и со тагови, рече Зоран Китанов, директор на Агенција за патишта.

Директорот објаснува дека веќе аплицирале во ЕБОР за зголемување на рамката на финансирање за изградба на двете нови патарини кои е предвидено да се постават кај Штип и една кај Миладиновце на новиот автопат бидејќи тука се очекува зголемување на интензиттот на сообраќај кој ќе доаѓа од југоистокот на државата. Електронската наплата на патарина следната година ќе има и на автопатот од Скопје кон Гостивар. Овие наплатни рампи се реновирани, само треба да се постави софтверскиот систем. 

Агенцијата очекува дека годинава ќе има рекордна наплата на патаринина.

Оваа година мислам дека ќе го направиме рекордот од кога постојат патарини во Македонија и може ќе надминеме 40 милиони евра приход. Од 1 јанури годинава до 30 септември, споредено со 1 јануари до 30 септември минатата година имаме зголемена наплата, само разлика, околу 80 милиони денари или 1,3 милиони евра, додава Китанов.

Промовирани огласи »

„Wizz Air“ најави дека рачниот багаж во авионите кој сакате да го качите со вас горе ќе се плаќа. Така нискотарифната авиокомпанија ги следи стапките на својот главен конкурент Ryanair. Според компанијата новото решение ќе го направи качувањето на патниците во авионот побрзо.

Според новата политика на авиопревозникот, која ќе стапи на сила од 1 ноември, бесплатно ќе може да се качува во авионот исклучиво багаж со димензии до 40x30x20 см што е приближно колку чанта или торба за лаптоп.

За секој поголем рачен багаж патниците ќе треба да си купат налепница "Wizz Priority", чија цена започнува од 5 евра. Предметната налепница ќе овозможува качување на багаж со димензии до 55x40x23 см. Со него ќе е можно и приоритетно чекирање и качување во авионот. Во последниве месеци авиопревозникот дозволуваше бесплатно качување рачен багаж, но во багажниот простор. Од 1 ноември оваа опција е отфрлена. Качувањето на чекиран багаж со тежина до 10 кг. пак ќе е можно со налепница, чија цена почнува од 7 евра.

Одлуката на Wizz Air да го следи примерот на Ryanair е изненадувачка, со оглед дека ирската авиокомпанија си навлече проблеми поради одлуката да стави крај на бесплатниот рачен багаж. На крајот на септември Италија објави дека започнува истрага против Ryanair поради оваа пракса, бидејќи според Рим рачниот багаж е основен елемент од транспортот. На почетокот на овој месец, Европската комисија ги повика органите одговорни за заштитата на правата на потрошувачите, да обрнат внимание на ирската нискотарифна авиокомпанија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »