Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Дизајнерката Саманта Камерон е на удар на британските медиуми бидејќи во Македонија користи евтина работна сила за производство на нејзината најнова линија на луксузна облека

Фабрика во Македонија шие облека за сопругата на поранешниот премиер на Велика Британија, Дејвид Камерон, објави британскиот магазин „Дејли мејл“. Дизајнерката, Саманта Камерон, ја одбрала токму Македонија како земја каде ќе се произведува нејзината најнова модна линија „Цефин“ (Ceffin).

„Дејли мејл“ пишува дека само една блуза со етикета од овој бренд на британскиот пазар ќе се продава по цена од 110 фунти. Новинарите немаат информации колку се платени македонските работнички, но потсетуваат дека во август минатата година многу познати модни брендови биле критикувани бидејќи ја злоупотребувале евтината работна сила во Македонија, каде според нив, шивачките биле плаќани помалку од 50 денари на еден час и работеле во мачни и понекогаш опасни услови.

Освен во Македонија, најновата модна линија на Саманта Камерон наменета за деловни жени, ќе се шие и во Литванија.

Никола Раунд од текстилниот синдикат во Велика Британија, вели дека  работниците од Источна Европа, се користат од страна на познати фирми, бидејќи тие се евтина работна сила.

Текстилните работници во Македонија често работат многу часови за мизерни плати. Познатите фирми во Велика Британија треба да имаат одговорност кон луѓето кои ја прават нивната облека, и треба да се сигурни дека тие добиваат пристојна плата.

Портпаролот на Цефин (Cefinn) соопшти дека фабриките со кои соработува работат во согласност со сите меѓународни прописи.

Цефин работи само со фабрики кои се постојано под надзор, ние имаме блиска соработка со сите фабрики и редовно ги посетуваме, вели портпаролката.

Таа додава: Контролата е само една од мерките. Сепак, треба да се види, на пример, дали компаниите им даваат поддршка на работниците во остварување на нивните права да се приклучат и да се организираат во синдикатите.

Британските медиуми не откриваат за која фабрика во Македонија станува збор.

Преземено од Нова ТВ.

Промовирани огласи »

Повторно е тој период од годината кога целото внимание е свртено кон идниот смартфон на Samsung. Досега се појавија голем број гласини за функциите и карактеристиките на уредот. Сега, на повеќе од десетина слики можеме конечно да го видиме неговиот дизајн. Galaxy S8 ќе биде претставен на 29 март. 

Според новите скици на кои Samsung го претстави изгледот на Galaxy S8 и S8 Plus, DesignWoOS формираше фотографии на кои може да се забележи нивниот дизајн. Уредите ќе имаат сличен изглед со своите претходници, со мали промени. 

Промовирани огласи »

Еден двор во тетовско Теарце со години наназад мириса на кринови. Една фамилија вредни луѓе за егзистенција одбрале да работат и да уживаат. Од 2002 година Гроздан Мановски и фамилијата го усовршуваат производството на режано цвеќе на 1.500 метри квадратни..

Во моментов, планираат да посадат рози, со цел да го зголемат производството и достапноста на цвеќе во државата.

Семејството со љубов и радост се грижи за цвеќињата. Нивниот ден е исполнет со секојдневни обврски, кои се неопходни за растењето на цвеќето. Тоа не е воопшто тешко, затоа што секој од нив помага и работата е поделена. Ќерките Кристина и Клаудија со гордост зборуваат за своите родители и за она што тие постигнале во својот живот. Истакнуваат дека родното место е најголемото богатство кое треба да се чува и негува, бидејќи е едно и единствено. Сега, тоа добива и поинаква смисла, затоа што е место за кое вреди да се зборува.

Нивните цвеќиња не се само познати во тетовско, туку и пошироко. За разлика од порано, сега е многу полесна продажбата. Цвеќето се пласира во Тетово и Гостивар, а најмногу во Скопје. Тие се задоволни,  бидејќи нудат квалитет на својот производ.

Семејството Миновси имаат многу планови во иднина. Една од најважните е да овозможат цвеќињата да бидат подостапни за секого. Ветуваат активности и настани кои ќе ги реализираат за да ги поттикнат луѓето да ги сакаат цвеќињата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »