Промовирани огласи »

Почитувани:
Ве известуваме дека поради уличен дефект Ф-2“ на ул. Невена Георгиева Дуња 12,прекинато
водоснабдување ќе имаат корисниците на улиците: Невена Георгиева Дуња,Виктор Иго и Драга Стојанова од
13:45 час на 16.10.2018г до санирање.

Промовирани огласи »

Парното греење поевтино од лани

Веќе неколку години по ред парното греење поевтинува иако минимално. Од први август најголемиот снабдувач, БЕГ, има пониски цени за 3.10%, „ЕЛЕМ енергетика“ за 1.13%, а „Скопје Север“ за 0.76%.

Веќе неколку години по ред парното греење поевтинува иако минимално. Од први август најголемиот снабдувач, БЕГ, има пониски цени за 3.10%, „ЕЛЕМ енергетика“ за 1.13%, а „Скопје Север“ за 0.76%.

Во 2017-та цените паднаа во просек за 2%, а во 2016-та за дури 10%.

Сепак, и покрај поевтинувањето парното се уште е меѓу поскапите варијанти за греење.

Просечната месечна сметка за стан од 60 квадрати сега е 1.700 денари или 20.400 денари годишно.

Дополнителна негативна страна е што не може да се штеди – радијаторите подеднакво работат во сите соби, а и кога нема никој дома.

Грејната сезона треба да почне на 15 октомври и да трае до 15-ти април идната година. Доколку температурите се пониски, снабдувањето може да продолжи и по овој датум, но не подоцна од 30 април.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

Продолжува падот на активни корисници на мобилен телефон во Македонија

Faktor.mk 1 час · Рапидно зголемен ројот на претплатници на широкопојасен интернет преку мобилен телефон

Негативниот тренд на пазарот на мобилна телефонија во Македонија продолжува, со 1,98 милиони активни корисници на крајот на првиот квартал 2018 година, со пад од 0,98 отсто на квартално ниво и од 1,78 отсто за период од една година. Пенетрацијата изнесува 95,81 проценти од населението, што претставува намалување од 1,85 отсто за период од една година, според податоците од регулаторот АЕК.

Од вкупниот број, 953.963 биле припејд корисници (-6.15%), 779.811 биле постпејд корисници (+ 4.85%) и 254.602 биле бизнис постпејд корисници (-3.60%).

Бројот на линии на фиксна телефонија изнесува 366.436, што е за 0.03 проценти повеќе во однос на претходниот квартал и зголемен за 1,20 отсто за период од една година

Бројот на фиксни широкопојасни интернет-врски достигна 399.575 (+ 5,02%), 

Бројот на претплатници на широкопојасен интернет преку мобилен телефон (2G / 3G / 4G) изнесува 1,27 милиони (+ 12,38%).

Промовирани огласи »

Власта го легализира абортусот со таблети

Абортусот со таблети законски ќе им биде достапен и на жените во Македонија. Со измените на законското решение што го потготвува експертска група во Министерството за здравство, прекинот на бременоста може да биде и со лекови наместо со хируршка интервенц

Абортусот со таблети законски ќе им биде достапен и на жените во Македонија. Со измените на законското решение што го потготвува експертска група во Министерството за здравство, прекинот на бременоста може да биде и со лекови наместо со хируршка интервенција.

Гинеколози велат дека оваа терапија е корисна и за други ургентни состојби во акушерството, но  досега не била регистрирана во Македонија. Министерот за здравство во изјава за Сител вели дека има легално решение како да им биде достапна на лекарите.

-Да имаат уште едно право на избор, секкао во консултација со гинеколог. Ќе најдеме начини како тој лек да е достапен ако не преку регистрација, тогаш постојат други алтернативни решенија со кои може да го има во земјата, вели Венко Филипче.

Со новите законски измени до 12тата недела од бременоста, жената која сака да абортира нема да оди на комисии, на советувања и да чека 5 работни дена за да размисли. Оваа недела членовите на комисијата треба само да ги испеглаат различните ставови за абортусот од 12тата до 22 гестациска недела.

-И тогаш ќе биде волјата на жената на прво место. Нема да има комисија која одлучува  како досега, но по барање на гинеколозите ќе има еден вид советодавно тело бидејќи на лекарот му треба и второ мислење, вели Филипче.

После 22рата недела од бременоста, ќе има комисија од лекари од различни области кои на жената треба да и укажат на сите слабости и предности доколку плодот е со аномалии. Министерот Филипче вели дека прават европски и либерален закон кој е во интерес на жените. Сегашното законско решение беше донесено пред 5 годсини по скратена постапка и предизвика бурни реакции во јавноста и протести од невладини организации.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »