Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 17.10.2018 (Вторник), поради дефект на приклучна
цевка ф ¾“на ул.Христо Смирненски бр.32, прекинато водоснабдување ќе имаат
корисниците на дел од ул.Христо Смирненски и дел од ул.Борка Талевски од 08:00
часот до завршување.

Промовирани огласи »

Уште еден неработен ден овој месец – Ова е целата листа

Повторно неработен ден

Согласно со Законот за празниците, следниот вторник, 23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството на граѓаните во земјава им го честита празникот.

Еве ја и листата на неработни денови за наредната 2019 година:

За сите граѓани на РМ

  • 1 Јануари (вторник), Нова Година
  • 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 1 Мај (среда), Ден на Трудот
  • 23 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
  • 2 Август (петок), Ден на Републиката
  • 8 Септември (понеделник), Ден на независноста
  • 11 Октомври (петок), Ден на народното востание
  • 23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик
  • 19 Јануари (сабота), Богојавление (Водици)
  • 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 21 април (недела), Велигден-Католички
  • 1 Ноември (петок), Празникот на сите светци
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 Јануари (недела), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 Април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите
  • За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
  • 23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
  • За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
  • 28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 Декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Промовирани огласи »

Парното греење поевтино од лани

Веќе неколку години по ред парното греење поевтинува иако минимално. Од први август најголемиот снабдувач, БЕГ, има пониски цени за 3.10%, „ЕЛЕМ енергетика“ за 1.13%, а „Скопје Север“ за 0.76%.

Веќе неколку години по ред парното греење поевтинува иако минимално. Од први август најголемиот снабдувач, БЕГ, има пониски цени за 3.10%, „ЕЛЕМ енергетика“ за 1.13%, а „Скопје Север“ за 0.76%.

Во 2017-та цените паднаа во просек за 2%, а во 2016-та за дури 10%.

Сепак, и покрај поевтинувањето парното се уште е меѓу поскапите варијанти за греење.

Просечната месечна сметка за стан од 60 квадрати сега е 1.700 денари или 20.400 денари годишно.

Дополнителна негативна страна е што не може да се штеди – радијаторите подеднакво работат во сите соби, а и кога нема никој дома.

Грејната сезона треба да почне на 15 октомври и да трае до 15-ти април идната година. Доколку температурите се пониски, снабдувањето може да продолжи и по овој датум, но не подоцна од 30 април.

Тагови: парно греење

Промовирани огласи »

Продолжува падот на активни корисници на мобилен телефон во Македонија

Faktor.mk 1 час · Рапидно зголемен ројот на претплатници на широкопојасен интернет преку мобилен телефон

Негативниот тренд на пазарот на мобилна телефонија во Македонија продолжува, со 1,98 милиони активни корисници на крајот на првиот квартал 2018 година, со пад од 0,98 отсто на квартално ниво и од 1,78 отсто за период од една година. Пенетрацијата изнесува 95,81 проценти од населението, што претставува намалување од 1,85 отсто за период од една година, според податоците од регулаторот АЕК.

Од вкупниот број, 953.963 биле припејд корисници (-6.15%), 779.811 биле постпејд корисници (+ 4.85%) и 254.602 биле бизнис постпејд корисници (-3.60%).

Бројот на линии на фиксна телефонија изнесува 366.436, што е за 0.03 проценти повеќе во однос на претходниот квартал и зголемен за 1,20 отсто за период од една година

Бројот на фиксни широкопојасни интернет-врски достигна 399.575 (+ 5,02%), 

Бројот на претплатници на широкопојасен интернет преку мобилен телефон (2G / 3G / 4G) изнесува 1,27 милиони (+ 12,38%).

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »