Промовирани огласи »

По аферата со издавањето на бугарски пасоши за која имаше апсење на инволвираните од Бугарија, па и од Србија, македонските посредници за бугарски пасоши, не се плашат дека ќе завршат во затвор или дека нивните клиенти ќе останат и без парите кои ги дале и без пасошот.

Уверуваат дека такво нешто нема да се случи. Велат дека издавањето на пасоши и како тоа се прави досега беше јавна тајна, но дури сега Бугарија презема мерки тој процес да го санкционира.

Тие што фалсификувале документи треба да се плашат, а јас работам со вистински документи и не се плашам. За сумата која ја соопштија бугарските медиуми, од 5.000 евра, јас не познавам некој кој дал толку пари. Македонците, и Србите за бугарски пасош даваат нешто повеќе од 300 евра, вели Даниел Д. посредник.

Друг посредник од Делчево смета дека како работите ќе се одвиваат ќе зависи од бугарските власти, но според него, оние кои имаат исправни документи, не би требало да останат без пасош.

Проблем се јави затоа што има многу Албанци од Албанија и Косово кои аплицираат за бугарски државјанства, и властите во Бугарија мораа да „пресечат“, но за Македонците мислам дека нема да има некакви последици, нема да има никаков проблем, вели посредник од Скопје.

Но, кај граѓаните постои сомнеж, затоа што чекаат со години и не се стопроцентно сигурни дека на крај ќе имаат бугарски пасош, за работа и слободно движење низ Европа.

Не сум убедена дека ќе го добијам, се обидувам одамна, од 2012 година. Ниту тогаш не беше лесно, а камоли сега. Но, ако е крај со мојата процедура, ќе пишат дека сум одбиена. За оној кој ја врши услугата за добивање на пасош, се плаќа, и трошокот е некаде до 500 евра, но не се даваат тие пари од еднаш, раскажува млада кумановка.

Други апликанти кои обезбедиле оригинал документи за бугарско потекло, велат дека до крајот на годинава треба да добијат бугарски пасош.

„Мојот син преку татко му треба да извади бугарски пасош, но ние имаме оригинал документи за бугарско потекло од прадедо и лично не се плашиме дека некаде пасошот ќе „заглави“. Проверивме пред некој ден и пишува дека е во процедура пасошот. Сопругот зема пасош во 2016 година, а син ми треба да земе во крајот на оваа година. За еден човек чини околу 500 евра“, додава Ф.Б.

Во Бугарија имаше апсења за издавање на пасоши на граѓани на Македонија, Украина, Молдавија, Албанија. Уапсени беа и четири посредници од српските градови, Пирот, Димитровград и Ќуприја. Во Бугарија имаше обвинувања за партијата ВМРО на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов дека се финансирала од издавање на пасоши. Во март годинава францускиот медиум, nouvelobs пишуваше за тоа дека Бугарија „фабрикува“ лажни, но и опасни европски граѓани преку издавање на пасоши. Во текстот пишуваше дека освен Македонци, пасоши добиваат и Срби, Албанци, косовски граѓани и Молдавци.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политка, Мила Царовска денеска ја презентираше во целост социјалната реформа, а зборуваше и за сет на мерки со кои се решаваат дел од наталожените проблеми и се обезбедува стабилен и праведен пензиски систем.

Министерката Царовска рече дека со средствата од фер даноците ќе се финансира мерката минимален загарантиран приход со која практично на примателите на социјална помош им се зголемува социјалната помош за 300 отсто.

Со оваа мерка директно влијаеме за намалување на сиромаштијата кај најранливите категории, но исто така создаваме и група на граѓани коишто ќе можат да бидат активирани и вклучени на пазарот на трудот, она што и е потребно на македонската економија. Дополнително воведовме образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца затоа што детската сиромаштија е најскапа сиромаштија и Македонија не може да си ја дозволи истата – рече министерката Царовска и додаде дека детски и образовен додаток ќе можат да користат и вработените лица што работат за минимална плата.

Во однос на реформата во пензискиот систем, министерката Царовска рече дека се работи на стабилизација на пензискиот систем и нагласи дека нема да има зголемување на старосната граница и нема да има замрзнување на пензиите, а ќе се интервенира со цел да се стави под контрола буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголеми за 150 отсто заради несоодветни политики, ќе се решат проблемите со нееднаквоста на пензиите на сегашните и идните пензионери и нееднаквата распределба во двостолбниот пензиски систем.

– Правиме минимална корекција на стапките на придонес за пензиско и инвалидско осигурување  и здравствено осигурување за вкупно 0,5 процентни поени. Втората мерка е дека воведуваме јасен критериум за влез во двостолбен систе, а тоа е денот и годината на раѓање, до 01.01.1967 година ќе може да се вратат и да добиваат пензија само од првиот столб, по нивна желба и со тоа даваме можност граѓаните да имаат поповолни пензии. Затоа што имаме излегување на ваков тип на пезнионери и ќе видиме дека пензиите им се нереално ниски, сега им даваме можност да се вратат и да добиваат пензија од првиот столб. Исто така ќе може сите оние коишто користат бенефициран стаж сите да се вратат и да добијат пензија само од прв столб. Во моментов во таква поволна ситуација се вработените во МВР и во одбрана, а најранливите се во двостолбен систем и имаат нереално ниски пензии. Ние го правиме системот праведен за сите оние коишто имаат бенефициран стаж вклучително и рударите да се вратат во прв столб и да си ги добијат пензиите коишто им следуваат, висината на пензии да биде поповолна – истакна министерката Царовска.

Министерката Царовска потенцираше дека мора да се води грижа за сегашните и идните пензионери и дека пензиите ќе се усогласуваат 2 пати годишно со трошоците на живот, а ќе има дополнително усогласување доколку растот на БДП во претходната година надминал 4 отсто. Се воведува и социјална пензија за граѓани кои немаат никакви приходи, имаат еден ден работен стаж имаат наполнето 65 години која ќе изнесува 40 отсто од просечната исплатена пензија.

Промовирани огласи »

Роден насреде финансиска криза во 2008 година, биткоинот требаше да стане дигитална децентрализирана валута која ќе владее со светот.

Во екот на големата светска финансиска криза пред десет години, мистериозниот Сатоши Накамото измисли дигитална валута која би можела да ја замени класичната валута, а која би била децентрализирана па за банките кои беа во криза и се среќаваа со предизвици, претставуваше начин на кој ќе му биде одземена апсолутната моќ на финансискиот пазар.

Накамото на 31ви октомври 2008 година, објави девет страници долг натпис со наслов „Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System“ во кој го опиша системот на блокчејн, дистрибуирање на датотеки на кој се заснова новиот монетарен концепт, денес познат како криптовалута. Од оваа причина празникот Ноќта на вештерките воедно може да се смета и за роденден на биткоинот, блокчејнот, па и општо на криптовалутата.

Биткоинот е резервиран како пазарна гранка на дигитални "рудари" кој години по неговото лансирање се користи само во мал дел од пазарот. Добро е познато дека еден инвеститор во раните денови на оваа криптологија дал околу 10.000 долари за една пица, за што многу време се зборува за перцепираната вредност на "дигиталното злато" во тоа време.

Најголемата слава биткоинот ја доживува во 2016 и 2017 година кога, поттикнат од големиот раст, речиси секој кој следи вести од технологија и финансии почна да размислува за криптовалутата. Највиоката цена која досега ја достигнал еден биткоин е кон средината на декември 2017 година и изнесува нешто помалку од 20 илјади долари.

Оттогаш, во текот на оваа година, неговата вредност еспласната, а со неа и намален интересот во јавноста за биткоинот. Меѓутоа, крипто заедницата и понатаму е активна, присуството на блокчејнот се шири и на останатите области надвор од криптовалутата, а цената на биткоинот се стабилизира на ниво помеѓу 6.000 и 7.000 долари. Вкупната пазарна вредност на сите досега „изрударени“ биткоини изнесува преку 100 милијарди долари. А кој точно е Сатоши Накамото и понатаму никој не знае.

Промовирани огласи »

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска најави дека државата ќе воведе прогресивен данок за примања поголеми од 90 илјади денари. Тој вели дека станува збор за реформа за праведен данок за подобрување на економијата и животот на граѓаните. Со неа се предлага воведување дополнителна стапка од 8 процени за доходот кој надминува 90 илјади денари месечно.

Предлагаме воведување дополнителна стапка од 8 проценит за дохот кој надминува 90 илјади денари месечно. Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравма бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкуптноо население, рече Тевдовски.

Освен оваа промена, тој најави зголемување на даночното ослободување на платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок, на 8 илјади денари месечно. Со тоа се намалува ефективната даночна стапка за лицата кои остваруваат доход од плати и пензии.

Со оваа реформа очекуваме да обезбедиме 25 милиони евра – средства кои ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата, истакна министерот за финансии.

Оваа мерка, според него, е поради тоа што „многу наши сограѓани немаат пристап до квалитетно образование и здравство, зашто државата нема доволно пари“. ,,Како министер немам право само да зборувам за овие работи, сега имам должност тие да се подобрат. Даночната реформа е за исправање на неправдата. Праведното оданочување е стандард на најуспешните економии во светот, рамниот данок беше карактеристика за поранешните социјалистички држави”, рече Тевдовски.

Тој кажа дека и во регионот сите го применувале прогресивниот данок, а како пример ја посочи Албанија. Рамниот данок беше карактеристика за поранешните социјалистички држави, но и тие го напуштаат. Албанија го замени рамниот со прогресивен во 2014 и од тогаш бележи одлични резултати. Корист од рамен данок имаат само најбогатите, тој беше донесен во Македонија за да им служи на неколкумина.Праведниот данок ѝ оди во прилог на целата економија и на сите граѓани, додаде Тевдовски.

Државата од воведувањето на прогресивен данок би добивала 25 милиони евра кои како што кажа министерот ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »