Промовирани огласи »

Европскиот завод за статистика го анализираше очекуваниот животен век за Европејците и понуди интересна прогноза.

Тие испитувале колку во иднина же работи лицето кое во 2017 година наполнило 15 години во својот живот.

Просекот за земјите на Европската унија изнесува 35,9 години, што е за три години повеќе од прогнозата од 2000 година.

Мажите ќе работат просечно 4,9 години подолго од жените - мажите просечно 38,3 години, а жените 33,4 години.

Меѓу членовите на Европската унија најдолго на работа ќе поминат Швеѓаните, речиси 42 години (41,7). Италијанците ќе работат барем во ЕУ - 31,6 години.

Исланд и Турција, земјите кои не се во Европската Унија се сè уште рекордери. „Професионалниот“ век на Исланд е 47 години, додека во Турција е најкраток и ќе трае 29 години.

Во земјите од опкружувањето, очекуваниот работен век е малку пократок од просекот на ЕУ. Македонците ќе работат во просек 31,2 години, Црногорците 31,4 години и Хрватите 32,5 години.

Промовирани огласи »

Официјални информации не соопшти никој од надлежните, но според предлог-законот во оваа категорија ќе спаѓаат сите што имаат мотори со Еуро 1, Еуро 2 и без никаков стандард.

Колку вакви возила има во моментов тешко е да се процени, но според податоците што Канал 5 ги има од Министерството за животна средина од 2016 година, најзастапени се токму оние со најнискиот стандард.

ЕУРО 0  -  19,83%

ЕУРО 1  -  28,69%       

ЕУРО 2  -  29,20%

ЕУРО 3  -  8,69%

ЕУРО 4  -  12,63%

ЕУРО 5  -  0,88%

ЕУРО 6  -  0.09%

Дури 77,72 проценти од возилата во земјава се со Еуро 1, Еуро 2 или без стандард. Ако се земе предвид и податокот дека истата година биле регистрирани околу 460 илјади возила, пресметките покажуваат дека штетни издувни гасови испуштаат само 100 илјади возила помалку.

ЕУРО 0  + ЕУРО 1  + ЕУРО 2 = 77,72%

или

358.910 ВОЗИЛА

ВКУПЕН БРОЈ НА РЕГИСТРИРАНИ ВОЗИЛА (2016 година):  461.799

Овие возила би добиле црвена налепница, според категоризацијата во предлог-законот на Владата каде е наведено дека во неа спаѓаат сите автомобили со Еуро 2 или понизок стандард.  Жолтата налепница е наменета за Еуро 3 и Еуро 4 нормите, додека зелената налепница е предвидена за Еуро 5 и Еуро 6, како и возила со Еуро 4 стандард со нафтен погон, хибридни и електрични возила.

При технички преглед на возилата, налепниците за регистрација практично ќе бидат заменети со еколошките налепници, Во зависност од резултатите на техничкиот преглед, ќе се одреди дали автомобилот ќе добие црвена, жолта или зелена еколошка налепница.

Град Скопје е еден од главните иницијатори на оваа мерка. Како таа ќе се спроведува, ќе зависи од соработката помеѓу властите и локалната самоуправа. Контролата на возилата на улиците, пак, при екстремно загадување ќе ја врши МВР.

Освен еколошките налепници за старите возила, ќе се даваат и субвенции субвенции за купување електрични автомобили.

Промовирани огласи »

Во текот на денешниот ден, (сабота, 10 ноември), сите даночни канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери) на УЈП се отворени за граѓаните за да може да се регистрираат во системот на Е-ПДД.

Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8.30 до 14 часот.

Промовирани огласи »

Играчите на игри на среќа од јануари на секоја добивка ќе плаќаат 5% повеќе данок. 

Тие наместо сегашните 10 ќе плаќаат 15% проценти персонален данок.

Во Македонија со ова ќе бидат засегнати околу 600 000 лица. 

Светска банка го поддржува воведувањето прогресивно оданочување и смета дека тоа ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста.  Во анализата „Прогресивност и еднаквост во оданочувањето на личните приходи“ стои дека со рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи ќе се зголемат приходите во буџетот. 

Во анализата Светска банка се спомнува дека зголемувањето на прогресивноста на персоналниот данок на доход, би резултирало со прибирање на поголем дел од приходите од богатите отколку од сиромашните.

Се наведува дека земјата одржуваше ниски даночни стапки и нудеше даночни стимулирања за привлекување странски директни инвестиции, што, според Светската банка, имаше голема фискална цена. 

Државните приходи во Македонија, како удел во БДП, не само што се меѓу најниските во Европа, туку и се намалувале во последните 10 години. Во 2017 година тие изнесувале 31 процент од БДП, а просекот на Европската Унија е 45 проценти.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на СДСМ повторно удира по џебот на граѓаните. Прогресивниот данок кој го наметнува однародената и криминална власт, негативно влијае врз бизнисот и отворањето на нови работни места, го дестимулира развојот и ќе придонесе за засилена даночна евазија, тврдеа од партијата деновиве. 

Водечкиот аналитичар од реномираниот магазин Економист, Максимилијан Ламбертсон пак смета дека неизвесноста не е добра за бизнисот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »