KARIERA.mk Ви претставува уште една интересна приказна. Во разговор со оперативниот директор на Алсат - М, Лирим Хајредини, Ве запознаваме со професионалните и лични стратегии кои се клучен фактор за остварување на Вашата цел и ве мотивираме храбро да чекорите на патот до успехот.
1. Како се справивте со предизвикот од Project Manager да бидете Chief opereting во национална телевизија? Како се разликуваат обврските?
Работењето како Project Manager ми овозможи да се стекнам со големо искуство со раководењето на проекти, како со day to day операциите така и со стратешкото раководење на истите. Сепак се работи за големи разлики во обврските како во обем така и во интензитет бидејќи Алсат е национална телевизија која има 135 вработени и бара многу ангажман и посветеност. Се разбира дека предизвикот беше огромен имајќи предвид дека доаѓав од област сосема различна од телевизискиот бизнис и индустрија. Но како што спомнав и погоре искуството во раководењето со проекти ми беше добра основа за да се справам со предизвикот во новата позиција. На крај на ден основниот принцип на менаџирање е ист кај сите индустрии и области а тоа е “stick to the rules” („придржи се кон правилата на игра„)
2. Во Вашето големо портфолио со проекти, како одлучувате кој проект ќе биде реализиран, а кој претставува ризик?
Телевизијата е многу динамична индустрија, затоа бара и носење на многу одлуки кои некогаш треба да се донесат и во многу краток период. Во однос на технологијата, таа се развива многу брзо, треба да се следат светските трендови и истите да се аплицираат и во телевизијата. Се разбира при тоа имајќи ги во предвид кост ефективноста, продуктивноста и порастот на приходите.Во однос на содржинскиот дел, односно дали една содржина ќе се емитува или не, зависи од тоа дали нашите гледачи ќе ја прифатат истата. Во Македонија постои систем на мерење на телевизиската гледаност со што ни се овозможува полесно и поефективно да донесеме одлуки дали еден проект ќе оди во етерот или не.
3. Како ги мотивирате Вашите вработени?
Мотивацијата првично зависи од индивидуата, различни луѓе се мотивираат на различни начини. Се разбира во една компанија работните услови се основа за добра мотивација. Во овој дел Алсат нуди беспрекорни работни услови. Професионалната надоградба е исто така еден битен мотиватор кај вработените кој Алсат го подржува и материјално и нематеријално, клучното тука е дека иницијативата и интересот за професионално дооформување треба да се потегне од самиот вработен. Алсат потоа врз основа на потребите на работната позиција и ефектите кои би ги имала надоградбата носи одлука. И секако на крај но не и најмалку битно е финансиската мотивација која се реализира преку систем на награди.
4. За која работна позиција е најтешко да се најде соодветен кадар?
Новинар. Новинарската професија е специфична, освен соодветното образование и професионалност новинарот треба да живее со професијата, цело време да следи, да биде заинтересиран, да чита што известуваат, што пишуваат другите медиуми. Новинарот нема определено работно време бидејќи повеќето од настаните не се случуваат со претходно навестување..
5. Телевизискиот кадар е составен од различни професии, кои квалификации треба да ги поседува еден кандидат за да стане дел од тимот на Алсат-М Телевизија?
Како и во секоја друга индустрија така и во телевизија основно е дека кандидатот треба прво до поседува соодветно образование и се разбира искуство за одередената позиција. Специфичност на работата во телевизија е тоа што се работи, како што спомнавме погоре, за многу динамична индустрија и затоа од кандидатите се бара да бидат максимално посветени во работата. Простор за грешки има многу малце бидејќи секоја грешка се појавува на екран и гледачот одма реагира.
6.Што би ги посоветувале кандидатите кои сакаат да работат во телевизија како Вашата?
Сите кандидати кои во иднина би сакале да работа во Алсат треба да знаат дека сме приватна компанија која функционира на пазарот искллучиво според правилата кои ги диктира самиот пазар и дека над 95% од приходите доаѓаат од клиените кои се рекламираат на Алсат. Ова го потенцирам бидејќи за жал во Македонија сеуште не е сменето целосно свеста дека живееме во капиталистичко општество и дека улогата на државата на пазарот треба да биде минимална. Потрагично е што некапиталистичкиот и непазарниот начин на размислување актуелен е и кај младите генерации кои сеуште размислуваат за „државна работа„. Секако дека кандидатите треба да ги поседуваат и соодветните професионални квалификации за работната позиција за која аплицираат.
7. И за крај, што Ве прави различни од другите телевизии?
Алсат телевизија не само што е различна туку е единствена телевизија во Македонија и во регионот која што промовира вредности за кои политичарите и државата само декларативно зборат во последните 30 години. Алсат е прва телевизија која го започна концептот на двојазичност со цел двата најголеми етникуми во Македонија подобро да се запознаат меѓу себе, да ги запознаат и слабите и јаките страни на другиот.