Промовирани огласи »

Кај нив постои само среќа и тоа поради принципот на кој ние, се чини, одамна сме заборавиле.Истражувањата спроведени пред неколку години за тоа во кои земји луѓето се најсреќни, покажале дека во Данска, Норвешка и Шведска живеат најсреќните луѓе. Скандинавците имаат правила до кои строго се придржуваат и токму поради нив се среќни секој ден.

Овие луѓе се придржуваат до следните 4 правила:

1. Скромни се и ги почитуваат другите луѓе 

Во нордиските земји познат е „законот на градот Јанте“, според кој никој не треба да се истакнува:

  • Немој да мислиш дека си нешто посебно
  • Немој да мислиш дека си најдобар на светот
  • Немој да мислиш дека си најпаметен
  • Немој да се убедуваш себеси дека си подобар од другите
  • Немој да мислиш дека знаеш повеќе од другите
  • Немој да мислиш дека си поважен од другите луѓе
  • Немој да им се потсмеваш на другите луѓе
  • Не мисли дека другите се грижат за тебе
  • Не мисли дека можеш да ги научиш другите на нешто

2. Го усогласуваат семејниот и деловниот живот 

Скандинавците знаат колку е важно семејството. Многу канцеларии во Данска се затвораат во 17 часот. Никој од нив не работи прекувремено. Во Шведска, одредени компании донеле закон според кој работат шест часа дневно, а се` со цел за поголема продуктивност и среќа на вработените. Семејствата често одат во парк, се занимаваат со спорт, патуваат со своите деца и така го одржуваат здравиот однос дури и кога децата ќе пораснат и ќе се осамостојат.

3. Семејството се сака со целото срце 

Во Данска постои еден прекрасен израз кој значи собир на семејството и пријателите во домашна атмосфера - hygge.

Седење покрај огнот за време на студените ноќи со своите најблиски е нешто што сите со задоволство го практикуваат. Hygge значи поддршка, солидарност, удобност во кругот на најмилите луѓе.

4. Реални очекувања 

Мелани Рајдах во книгата "Happy as a Dane", ја опишала самата срж на среќните Скандинавци. Една од најголемите тајни на среќниот живот се реалните очекувања. Тоа не значи дека Скандинавците не сонуваат за постигнување големи цели и дека не тежнеат кон нив. Едноставно, семејството и пријателите им се основа за успех и поддршка.

Скандинавците се трудат да не се споредуваат со други луѓе бидејќи тоа не предизвикува задоволство. Нивниот совет е: Престани да се споредуваш со другите и уживај во своите достигнувања, уживај во тоа што го имаш!

Промовирани огласи »

Научниците го замислија патот кон позелена иднина. Тие дизајнираа блокови од пластика од кои треба да се изградат пластични патишта во иднина.

Кога се дизајнираат патишта кои би требало да издржат стотици или дури илјадници возила дневно, структурниот интегритет е главната причина за загриженост.

Ова е амбициозен проект и може да бидат потребни години пред научниците да утврдат дали пластиката може да ги замени традиционалните патишта од катран и асфалт.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Секоја година, развиените земји како Германија, Швајцарија, Австрија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и скандинавските земји ја објавуваат листата со најбараните, односно дефицитарните професии, што е еден вид на повик за лицата од другите земји обучени за тој вид на работа.

Меѓу нив се професии од системот за здравствена заштита, како менаџери за здравствена заштита и медицински сестри или бабици, но и возачи, заварувачи, разни видови на инженери, автомеханичари, архитекти, пекари.

Нов Зеланд

1. Столари и работници со дрво

2. Механичари за камиони/дизел механичари

3. Мајстори за изработки од гипс

4. Возачи на камиони

5. Цивилни работници на патиштата, канализација, одвод

Австралија

1. Градежен инженер

2. Изведувач

3. Инженер

4. Менаџер на производство во рударство

5. Менаџер на детски центри

6. Медицински администратор

7. Главна сестра

8. Менаџер за примарна здравствена заштита

9. Менаџер на центар за социјална работа

10. Сметководител

Шведска

1. Градежни работници

2. Оператори во фабрика

3. Фармацевти

4. Терапевти

5. Архитекти

6. Пекари

7. Бабици

8. Медицински сестри

9. Возачи на автобуси

10. Бармени

Австрија

1. Работнци на машини за мелење

2. Техничари со инженерски познавања од механика

3. Работници во градежништво – различни профили

4. Изработувачи на производи од метал

5. Техничари со инженерски познавања за анализа на податоци

6. Техничари со инженерски познавања од енергетиката

7. Инженери во механика

8. Монтери на кровови

9. Инженери во енергетика

10. Дипломирани инженери за обработка на податоци

Германија

1. Работници со метални конструкции

2. Заварувачи

3. Професионалци во областа на мехатроника

4. Професионалци во областа на автоматски технологии

5. Професионалци во областа на електрични машини

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »