Промовирани огласи »

Земјоделски производители од Македонија учествуват на најголемиот саем за органски производи „Биофах“ што се одржува од 15 до 18 февруари во Нирнберг, Германија.

На штандот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) се претставуваат осум производители на органски градинарски, овошни и житни култури, диворастечки растенија, производи од мед, органски ѓубрива и преработки.

– Се поголемата побарувачка на органската храна во светот, особено на пазарите во ЕУ, ја наметна потребата од зголемување на извозот на органските македонски производи. Во Македонија последниве години активно се работи на зголемување на производството на органски производи, како и на свеста на потрошувачите во однос на предностите кои ги има органската храна, велат од МЗШВ.

Министерството го овозможи здружениот настап за заедничка промоција во соработка со производителите и преработувачите на органски производи и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ (Increasing Market Employability).

– Од оваа година саемот „Биофах“ е вклучен во програмата на саеми кои се поддржани од Министерството за земјоделство. Препознавајќи го извозниот потенцијал на органските земјоделски производи од Македонија, сметаме дека беше неопходно да обезбедиме простор на кој македонските производители на органски производи ќе изложуваат, но и ќе договараат извоз за своите производи на европските пазари, истакнуваат од МЗШВ.

Промовирани огласи »

Во српската општина Бачки Петровац може да се купи еднособен стан за 7000 евра, а трособен стан чини 20.000 евра. 

Во градот недвижнините имаат многу ниски цени. Становите се со површина од 24,93 квадрати, и подрум од 10,07 квадрати, а точната цена е 6.931 евро. Двособен стан со површина од 54,88 квадрати е 15.257 евра. Стан со површина од 60,71 квадрати се нуди за 16.877  евра. Во истиот град трособен стан од 74,72 квадрати чини 20.772 евра. 

Овие недвижнини ќе се продаваат по пат на лицитација. 

Промовирани огласи »

Многу од експертите веќе долго укажуваат на тоа дека секој втор апликант има употребено премногу клише реченици во своето CV и токму тие апликанти никогаш не се повикани на интервју.

Да разгледаме, што не треба да ставите во вашето CV

1. Користење на Microsoft пакетите

Во овој модерен свет не мора да го нагласиме со големи букви како вештина нашето работење на компјутер. Се смета дека со самото тоа што од најмала возраст во основното образование има часови по информатика на кои задолжително мораме да присуствуваме, ваквото нагласување на оваа вештина остава слика дека сте заостанале во времето штом сте толку многу горди на ова знаење.

2. Големи комуникациски вештини

Што всушност значи ова? Дали се однесува само на вашите бизнис комуникациски вештини или ова значи и дека навистина сакате да си муабетите. Секој од нас комуницира на еден или друг начин така што експертите сметаат дека ова не е спцифична вештина која треба да ја нагласите.

3. Тимски играч

Во апликациите за работа се почесто се сретнува фразата тимски играч. Аплицирате за вработување во некој фудбалски тим? Или пак аплицирате во високо класирана компанија која го цени индивидуалното размислување на секој професионалец.

4. Одличен во самостојна работа

Веднаш под описот добар тимски играч, следува и описот одличен во самостојна работа. Самото користење на две сосема различни особини едно под друго остава впечаток дека се обидувате да најдете работа по било кој основ. Размислете дали навистина сакате да работите под секој услов и како навистина изгледате во очите на идниот работодавец?

5. Добар однос со клиенти

Дали постои компанија во светот која не сака своите работени да бидат насочени кон односот со клиенти? Во модерниот бизис свет ова не е вештина туку секојдневна одлика на сите модерни луѓе и нема потреба да биде преттавена посебно во вашето резиме бидејќи се подразбира.

Промовирани огласи »

Претседателот на најголемата јапонска маркетинг агенција објави дека ќе се повлече од неговото работно место од следниот месец, една година откако вработен изврши самоубиство поради прекумерна работа во компанијата.
Тадаши Ишии, претседателот на Dentsu, објави дека тој ќе се повлече од функцијата, завршувајќи го својот речиси шестгодишен мандат во компанијата.

Матсакури Такахаши, вработен во Dentsu, скокна во смрт од студентскиот дом на компанијата на Божиќ минатата година. 24-годишниот дечко работел повеќе од 100 часа прекувремена работа секој месец откако се приклучи на компанијата во април 2015 година, според јапонските медиуми. Причината за неговата смрт според најблиските била прекувремената работа која морал да ја работи за исплаќање на трошоците.

Длабоко жалам и се чувствуваат одговорен за ова ... Јас ќе ја преземам целосната одговорност и ќе поднесам оставка од функцијата претседател на состанокот на бордот на директори во јануари, изјави  65-годишниот претседател.

По оваа случка, компанијата исто така воведе максимум 65 работни часови во една недела, за да избегне ваква ситуација повторно. Во Јапонија има многу луѓе кои работат прекувремено, според владината анкета од октомври, се наведува дека една од пет јапонски компании имаат вработени кои работат долги часови и истите се изложени на сериозен ризик од смрт.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »