Промовирани огласи »

Китка - планина во Македонија, која се наоѓа југоисточно од градот Скопје. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка.

На запад се поврзува со планината Караџица, а на југ со Голешница. Највисок врв е врвот Лисец со 1.588 метри надморска височина, а на билото се истакнува и врвот Красна со 1.565 метри надморска височина и препознатливи карпести облици.

Билото на планината Кита претставува вододелница на долините на Маркова и Кадина Река. Изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија, поради што е многу раширена дивата сеча на дрва која немилосрдно ја пустоши шумата.

На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која оди кон Солунска Глава, а постојат и возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала Река“. На нејзината северозападна падина е расположена областа Торбешија.

Промовирани огласи »

Приходите кои ги остваруваат граѓаните во земјата и странство, а кои подлежат на оданочување треба да се пријават во Управата за јавни приходи. Според образложението на УЈП ова се приходите кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход:

Лични примања

За лични примања се сметаат сите приходи што сте ги оствариле по основ на плати и надоместоци на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност, надоместоци на трошоци од работен однос и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа, пензии, примања од членување на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва, примања кои ги остварувате затоа што сте функционер, пратеник, советник или носител на јавна функција, или сте оствариле примања како професионален спортист (по основ на премии, трансфери и сл.), секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица.

Приходите можат да бидат исплатени во пари, бонови, парични потврди, акции, стоки или во некој друг облик кој има парична вредност.

Вашиот работодавач (исплатувач на приходот) е должен да го пресмета и да го уплати персоналниот данок на доход и при секоја исплата на приход да ви издаде примерок од пресметката за платениот персонален данок и придонеси, како и збирен податок за вкупно платениот данок (аконтација) во текот на 2016 година најдоцна до 25 јануари 2017 година.

Доколку освен плата, односно пензија, во 2016 година сте оствариле и приходи по други основи, должни сте да поднесете Годишна даночна пријава.

Приходи од самостојна дејност

Приходи од самостојна дејност се приходите остварени од вршење на стопанска дејност, од давање на професионални и други интелектуални услуги, приходите од земјоделска дејност, од занаетчиска дејност и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи.

Како вршител на самостојна дејност должни сте најдоцна до 15 март 2017 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар да ги доставите обрасците „Б” и „ПДД-ДБ”.

Доколку како вршител на самостојна дејност во 2016 година покрај приходи од самостојна дејност сте оствариле и приходи по други основи, должни сте да поднесете и Годишна даночна пријава.

Приходи од имот и имотни права

Доколку во 2016 година сте оствариле приходи од имот и имотни права, односно издавате под закуп (кирија) или подзакуп земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот, покрај обврската да поднесете аконтативна даночна пријава (образец „ПДД-АДП/ПИ“) во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот, задолжително по истекот на годината треба да поднесете и Годишна даночна пријава.

Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост

За исплатените приходи од авторски права (пр. остварувате приходи од агенции, врз основа на склучен договор за поседување и заштита на авторското право) или приходи од права од индустриска сопственост (пр. склучите договор за користење на патентиран производ, договор за користење на трговска марка итн.), исплатувачот на приходот е должен во моментот на исплатата на приходот да го пресмета и уплати данокот на доход и да ви издаде примерок од пресметката за платениот персонален данок.

За остварените приходи задолжително по истекот на годината, треба да поднесете и Годишна даночна пријава.

Приходи од капитал

За остварените приходи од капитал во 2016 година, како дивиденди и други приходи остварени со учество во добивката кај правни и физички лица, камати по заеми дадени на физички и правни лица и камати по обврзници или други хартии од вредност, исплатувачот на приходот треба да го пресмета данокот на доход за секој поединечно исплатен приход, а вие сте должни до 15 март 2017 година да поднесете Годишна даночна пријава.

Приходи од капитални добивки

Приходите остварени од капитални добивки (приходи од продажба на учеството во капиталот и на недвижен имот), покрај тоа што сте имале обврска да ги пријавите во УЈП во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот, на образецот „ПДД-АДП/КД“, за нив треба да поднесете и Годишна даночна пријава до 15 март 2017 година.

Оданочувањето на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност не се извршува во рамките на периодот од 1 јануари 2013 година до 31 декември 2018 година.

Добивки од игри на среќа

Ако во 2016 година сте оствариле добивка од општите игри на среќа (ТВ-квизови, наградни игри, лотарија и сл.) во износ поголем од 5 000 денари (во пари, хартии од вредност, во натура, наградни патувања или во некој друг вид), приредувачот на игри на среќа е должен при исплата на добивката да ви издаде примерок од пресметката на персоналниот данок. Вие задолжително треба да поднесете Годишна даночна пријава.

Други приходи

Ако од правно лице ви се исплатени „други приходи“ кои не се набројани претходно, ниту се ослободени од обврска за оданочување, исплатувачот на приходот треба да го пресмета данокот на доход за секој поединечно исплатен приход, а вие сте должни до 15 март 2017 година да поднесете Годишна даночна пријава. Во случај да остварувате „други приходи“ (приходи остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот без надоместок) истите треба да ги пријавите во УЈП на образец „ПДД-АДП/ДП“ во рок од 15 дена од денот на остварување на приходот, но и да поднесете Годишна даночна пријава по истекот на календарската година.

Задолжително поднесете

Годишна даночна пријава, доколку во текот на 2016 година:

  • сте издавале под закуп (кирија) или подзакуп: станбен или деловен простор, гаража, земјиште, викендичка, опрема, превозни средства или друг вид на имот;
  • сте склучиле авторски договор, односно сте оствариле приход од авторски права и права од индустриска сопственост;
  • ви била исплатена дивиденда или камати по основ на заем исплатен на физичко или правно лице;
  • сте оствариле капитална добивка од продажба на учество во капитал (продажба на удел) и недвижен имот;
  • сте оствариле добивка од општите игри на среќа во износ поголем од 5 000 денари (од лото, од наградни игри…);
  • имате лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија;
  • работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација во РМ, односно имате лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави во РМ или пак остварувате лични примања кај претставници и службеници на претставништвата кои уживаат дипломатски имунитет и
  • сте оствариле и „други приходи”.

Не сте должни да поднесете Годишна даночна пријава доколку во текот на годината имате остварено поединечно само приход од: плата; пензија; земјоделска дејност и самостојна дејност. Добивките од посебните игри на среќа остварени во текот на 2016 година, немате обврска да ги пријавите во Годишната даночна пријава.

Промовирани огласи »

Производителот на луксузни автомобили Aston Martin се пробива на нов пазар – сегментот со моторни јахти. За време на дизајнерската недела во Милано беше претставен заедничкиот проект со Quintessence Yachts наречен AM37. Моделот е резултат на години работа дизајн, технологија, удобност, луксуз и функционалност.

Јахтата има кров, а воланот црпи инспирација од автомобилите.

Промовирани огласи »

Откако имала "сериозен" разговор со својот татко за нејзината кариера, седум годишната Клои Бриџвотер решила да го направи она што го направиле многу барачи на работа претходно, да им пише на Гугл.

Откако ја испратила својата верзија од апликацијата, која што била адресирана на "шефот на Гугл", таа чекала на одговор. И наместо да добие генеричка порака, таа добила личен одговор од извршниот директор на компанијата, Сандар Пичаи, само неколку денови подоцна.

Гугл ги потврди информациите дека имало размена на писма помеѓу нивниот директор и малото девојче до Хирфорд, Англија.

Во писмото, коешто не е класично одбивање, туку повеќе порака за поддршка, Пичаи пишува: "Едвај чекам да ја добијам твојата апликација за работа откако ќе го завршиш училиштето :)".

Сѐ започнало пред неколку недели, кога ученичката во прво одделение го прашала својот татко за неговата работа како продавач на делови за фрижидери, а потоа го прашала што друго би работел кога би имал шанса.

Тогаш тој и раскажал за Гугл, и ги покажал канцелариите каде има мрзливи фотелји, лизгалки, колички... и сите други кул работи поврзани со компанијата.

Кога Клои изјавила дека и таа сака да работи таму, татко и ја охрабрил да напише "апликација", а нејзиното писмо собра над 94.000 лајкови на Твитер.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »