1. Што ве инспирираше да започнете бизнис во Пластичарска улица?
Во почетоците на започнување на бизнисот, во наш интерес беше само да започнеме со нешто, да опстануваме, така што и немавме многу избор.
2. Дали имавте страв кога почнавте, посебно во толку млада возраст, и како го надминавте тој страв?
Страв сигурно дека имавме, но со текот на работата почнуваш да комуницираш со успешни трговци, и ние желни за успех, ги практикувавме нивните искуства, и полека го надминавме тој страв.
3. Како регрутирате вработени, и како ги мотивирате истите да останат кај вас?
Првично регрутиравме преку познати, некој од вработените се со нас од почеток. Во последно време треба преку огласување за да се најде квалитетен кадар. На почеток учевме ние паралелно со нашите вработени, ги третиравме како важен дел од компанијата и ги инспириравме да бидат дел од решенијата на сите проблеми кои се појавуваа во текот на нашиот развој.
4. Според вас, која е разликата на водење бизнис во Пластичарска, во споредба со било која друга локација? На кој начин се постигнува успех во Пластичарска?
На Пластичарска има брзина и добра услуга, секогаш голем асортиман, и тоа е разликата со другите локации во градот. Иако условите на Пластичарска не се најсјајни, ние сме доста силни и затоа опстојуваме.
5. Како компанија која има 25 години искуство и над 10 вработени, што е следно? Дали планирате проширување во иднина, дали има услови за такво нешто?
Сега за сега нема услови за проширување, стално бркаме некој природен раст и кога ќе видиме дека има услови тогаш сигурно ќе реагираме.