Промовирани огласи »

Со над 100кг чоколадо, и разни експонати на чоколадни фигури ќе се одржи Чоколадна Аукција на 12 декември во 20 часот во хотел Парк во Скопје каде што каде што сите средства ќе бидат наменети за Центарот за деца со аутизам, кој ќе биде прв во Македонија. Овој центар ќе им помогне на децата да ги подобрат своите социјални вештини, и воедно да им ја понуди неопходната стручна поддршка на семејствата и родителите.

Ова ќе биде четврта Аукција на чоколадо, која секоја година е различна и уникатна, како по содржината, така и по чоколадните експонати.

Учествувајте и Вие заедно со KARIERA.mk, преку слатко задоволство да помогнеме за создавање на првиот Центарот за деца со аутизам во Македонија.

Промовирани огласи »

Утре (12.12.2018) со почеток од 18:00 часот во “Бродот на Среќата“ ќе се одржи предновогодишно издание на најелитниот бизнис нетворкинг настан во државава “Бизнис Кафе Македонија“ на кој се поканети сите оние кои сакаат да уживаат во релаксирана дружба и бизнис муабети.

Гости-говорници пред присутните, кои ветија дека ќе ни споделат интересни моменти од своето животно и бизнис искуство овојпат се:

– Норик Селими, претприемач, основач на Мотиви, Кариера и ПИКАСА.
– Горан Стојановски, ко-сопственик и Управител на Елевејт-Глобал.
– Вера Бошковска – претседател на Здружението за развој и афирмација на франшизата МАКФРАН.
– Елена Стефановска – ТВ автор и водител.

Билети по цена од 300 денари може да се купат на неколку различни начини:
– online: https://www.kupikartizase.com/
– На фактура со резервација на следниов маил: [email protected] ; или
– Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)

Промовирани огласи »

Покрај покачените даноци и растот на цените, македонските граѓани од наредната 2019 година ги очекува уштете едно дополнително финансиско оптоварување. 

За да успеат даночните обврзници да се снајдат со новите даночни стапки по различни основи, по новиот закон кој треба да стапи на сила од први јануари 2019, најверојатно ќе им треба да си ангажираат лични сметководители за да не заталкаат во даночните лавиринти.

Во синоќешното издание на “Економски магазин“ на Алсат м телевизија, во кое гостуваше директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, на прашање на водителот, дали секој кој што има дополнителни приходи од редовната плата и редовната пензија, би требало секој да има свој сметководител за да може да си ги води сметките за да знае колку данок ќе треба да плати, директорката Лукаревска одговори дека таа е праксата во сите европски земји, секој си има свој сметководител.

Во сите европски земји така е најчесто, праксата е таа. Секое физчко лице си има свој сметководител. Меѓутоа мислам дека нашите сограѓани навистина се доста едуцирани и дел од нив и сами знаат да ги спроведуваат овие смедководствени работи, рече Сања Лукаревска.

Промовирани огласи »

Луксембург ќе стане првата земја во светот со бесплатен јавен превоз. 

Весникот Гардијан, пишува дека повторно избраната коалициска Влада на чело со Ксавиер Бетел планира да го укине плаќањето на превозот во возовите, трамваите и автобусите и тоа уште следното лето.

Демократската партија на Бетел, која ќе формира влада со левичарската партија на Социјалистичките работници и со Зелените, се обврза дека животната средина ќе ѝ биде приоритет.

Градот Луксембург, главниот град на земјата секогаш има метеж во сообраќајот. 

Во градот живеат околу 110.000 луѓе, но уште околу 400.000 луѓе секојдневно доаѓаат на работа. Студијата спроведена во градот покажува дека возачите во градот просечно поминувале 33 часа во сообраќајните метежи во 2016 година.

Целата земја има 600.000 жители, но околу 200.000 жители од пограничните региони во Франција, Белгија и Германија секојдневно доаѓаат во Луксембург да работат.

Средношколците имаат слободно возење од училиште до дома.

Владата на Луксембург летово веќе воведе бесплатен јавен превоз за секое дете и за сите помлади од 20 години. 

Лицата кои работат во градот плаќаат 2 евра за два часа возење со јавен превоз. Овие два часа ги покриваат скоро сите локации во земјата, сооглед дека нејзината површина е 2590 квадратни километри.

Сепак, од 2020 година Владата ќе го укине плаќањето на јавниот превоз, а некои детали допрва треба да се решат. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »