Промовирани огласи »

Луксембург ќе стане првата земја во светот со бесплатен јавен превоз. 

Весникот Гардијан, пишува дека повторно избраната коалициска Влада на чело со Ксавиер Бетел планира да го укине плаќањето на превозот во возовите, трамваите и автобусите и тоа уште следното лето.

Демократската партија на Бетел, која ќе формира влада со левичарската партија на Социјалистичките работници и со Зелените, се обврза дека животната средина ќе ѝ биде приоритет.

Градот Луксембург, главниот град на земјата секогаш има метеж во сообраќајот. 

Во градот живеат околу 110.000 луѓе, но уште околу 400.000 луѓе секојдневно доаѓаат на работа. Студијата спроведена во градот покажува дека возачите во градот просечно поминувале 33 часа во сообраќајните метежи во 2016 година.

Целата земја има 600.000 жители, но околу 200.000 жители од пограничните региони во Франција, Белгија и Германија секојдневно доаѓаат во Луксембург да работат.

Средношколците имаат слободно возење од училиште до дома.

Владата на Луксембург летово веќе воведе бесплатен јавен превоз за секое дете и за сите помлади од 20 години. 

Лицата кои работат во градот плаќаат 2 евра за два часа возење со јавен превоз. Овие два часа ги покриваат скоро сите локации во земјата, сооглед дека нејзината површина е 2590 квадратни километри.

Сепак, од 2020 година Владата ќе го укине плаќањето на јавниот превоз, а некои детали допрва треба да се решат. 

Промовирани огласи »

Професорот Абдулеменаф Беџети на дебата истакна дека со воведувањето на рамниот данок биле најавени пораст на инвестициите, нови вработувања и подобрување на стандардот на граѓаните, но реализацијата од други причини била незадоволителна.

Сега се очекува со поголемиот данок врз 1 отсто од граѓаните да се подобри еднаквоста, што е преамбициозно. Не може да се постигне таков ефект со средствата што се планира да се соберат. Од друга страна, се става акцент на оданочувањето на трудот, пред оданочувањето на капиталот, што, според мене, е нелогично. Би требало приходите од капитал и дивиденди да бидат најоданочени – посочи Беџети, додавајќи дека, меѓу другото, институциите имаат право и на конфискација, но не го применуваат тоа.

Тој потсети дека повисоките даноци ќе донесат даночна евазија, па праша дали институциите се подготвени да се справат со евазијата за законот да ги оствари очекувањата.

Промовирани огласи »

ТАВ Македонија и порача на маледонската Влада да се откаже уште сега од идејата за воведување национален авиопревозник, по најавите на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски дека ќе се анализира состојбата за да се види дали има реални услови за тоа. 

Искуствата со националните авио-компании не влеваат многу оптимизам, порачуваат од операторот на двата македонски аеродороми во Скопје и Охрид.

Ако ги гледате финансиските бројки за компаниите национални превозници од регионот, тие имаат финансиски проблеми или се купени од други компании. Ние поддржуваме формирање национален авиопревозник, но мое лично мислење е дека Владата не треба финансиски да ја поддржува компанијата национален авиопревозник туку таа треба да биде способна сама финансиски да се одржува, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Идеја за воведување на национален авиопревозник имаше и претходната власт, односно министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески но тоа никогаш не се оствари.

Промовирани огласи »

Во последниве десет години се зголемува бројот на граѓани кои се преселуваат од Р. Македонија во Шведска по основ на работа.

Истите имаат потреба Шведска да ги признае македонските возачки дозволи по примерот на македонска заедница во Сојузна Република Германија. 

Во иницијативата се наведува дека се очекува позитивна одлука од релевантните институции и соработка меѓу Р. Македонија и Кралството Шведска.

За да се потпишете за оваа иницијатива кликнете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »