Промовирани огласи »

Владата на Хрватска идната година ќе „увезе“ 200 медицински сестри, од кои 50 ќе работат во здравството, а 150 во домови за стари лица, пишуваат хрватските медиуми. 

Оваа година во оваа бранша се вработени само 5 странци. 

Но, во домовите за стари лица потребни се готвачи, чистачи, но и 10 физиотерапевти, по пет странски психолози, но и логопеди за во други уставнови ќе бидат „увезени“. 

Хрватска оваа година ја напуштиле 1.800 медицински сестри, и тие заминале во Германија каде заработуваат по 1.800 или 2.000 евра. 

фото мој посао

Промовирани огласи »

Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА.

Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда.

Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.

Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.

Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.

Промовирани огласи »

Пензионерите, вработените и лицата кои имаат некаков хонорар нема да можат да продаваат на тезгите на зелените пазри од Нова година. Поради оваа измена во Законот за трговија, на пазарите ќе се намали бројот на пазараџии и прометот дури за 30 проценти, смета Стопанската комора. Затоа бараат тој да биде одложен за некое време, објави „24 Вести“.

Секој кој наоѓа интерес да тргнува на зелениот пазар треба да го оствари тоа право зошто државата има форма како да си го наплати својот дел, односно персоналниот данок за сите оние кои тргуваат на зелените пазари. Не гледаме пречка зошто овие категории не би можеле да тргуваат повторно на зелените пазари – вели Даниела Михајловска, од Стопанската комора.

Промовирани огласи »

Возачите секогаш треба да го имаат во предвид фактот дека во зима снегот и мразот се оние кои го диктираат начинот на однесување во сообраќаjот, а возачите се тие кои треба да се прилагодат на нив и на условите за возење кои ги создаваат.

РСБСП со нови корисни совети за возачите, поврзани со возење во услови на снег.

Не е мал бројот на случаи кога безбедноста на оние кои се зад воланот не е директно поврзана со техничката исправност на возилото и користењето зимски гуми, туку со прегледноста на возачот во возилото, психофизичката подготвеност на возачите, облеката што ја имаат на себе, информираноста итн.

Совет број 1: Исчистете го целиот снег од возилото

Во брзање на време да стигнат до саканата дестинација, возачите често го чистат само оној дел од возилото кој им е најпотребен, односно доволно да можат да гледаат надвор од прозорите.       Но, тоа е многу лоша навика бидејќи освен тоа што тие треба да гледаат прегледно надвор од возилото, и другите возачи треба да имаат можност да го видат нивното возило, светлата, трепкачите, стоп светлата кога запира итн.. Исто така, снежната покривка која останала на возилото, може да се разлета и привремено да го заслепи возачот кој доаѓа од спротивната насока.

Совет број 2:  Не возете со тешки чизми

Чизмите се неопходни во студените денови и кога има натрупано многу снег на патот, но тие може да го отежнат возењето и да оневозможат возачот да го има потребното чувство на сопирачките и на педалата за гас. Затоа, ако сте во можност, ставете уште еден дополнителен пар чевли или патики во возилото и менувајте ги пред да излезете од него. Ова ќе ви овозможи да добиете подобро чувство на педалите, а воедно ќе ви овозможи подобра стабилност на ногата. Овој совет е особено корисен ако патувате на подолга дестинација.

Совет број 3: Возење со „тешки“ алишта

Сѐ што е тешко, големо и гломазно, ви го отежнува возењето. Големиот и дебел капут повеќе ќе ви пречи во возењето, отколку што ќе ве стопли. Затоа пред да седнете зад воланот, соблечете се и раскомотете се доволно да не се чувствувате тромаво и затегнато, а палтото оставете го на задното седиште од автомобилот. Само така ќе можете слободно да маневрирате со воланот и менувачот, да се поместите во седиштето и да бидете фокусирани на она што се случува на патот.

Совет број 4: Возете одморени и здрави

Како во летните месеци, така и во зима, важи истото правило: секогаш кога ќе седнете зад воланот бидете одморени и психофизички здрави. Во случај кога не сте спремни за патување, не ја предизвикувајте судбината и избегнувајте да возите. Во зима важи уште едно правило: не седнувајте зад воланот доколку не сте доволно искусни за возење во зимски услови или не сте психички спремни. Во тој случај, ги советуваме возачите добро да размислат за важноста и итноста на патувањето, а доколку е неодложно, да ги земат предвид алтернативните можности за превоз (автобус, воз, такси итн).

Совет број 5: Внимателно бирајте го местото за паркирање

Паркирањето во услови на мраз и снег е важен момент на кој треба да му се посвети големо внимание. Паркирањето општо претставува голем проблем за сите возачи, а посебно  во овој дел од годината. Најпрво, бидете смирени и без паника. Кога паркирате надвор од својата гаража, внимателно одберете место каде ќе паркирате и одбегнувајте паркирање на угорнина или надолнина. Стартувањето на возилото и неговото почетно движење е ризично особено за неискусните возачи. Секогаш бирајте порамни места за паркирање и доколку сте во можност поставете песок или тврд предмет под тркалата за да го олесните почетното вртење на тркалата. За оние возачи кои паркираат во гаража РСБСП потсетува: не го загревајте автомобилот во затворен простор поради опасниот и отровен јаглерод моноксид. Исто така, како возач, мора да знаете дека доколку возилото остане заглавено во снег, возачот треба да ги провери издувниуте цевки - ауспухот да не биде прекриен со снег. Блокираните издувни цевки може да предизвикаат навлегување на токсичниот јаглерод-моноксид во автомобилот .

РСБСП до сите возачи апелира да ги почитуваат дадените совети за да си го олеснат патувањето и безбедно да стигнат до саканата дестинација. Почитувајте ги ограничувањата на брзината, предупредувањата за условите на патот и запомнете, во зима треба да возите многу побавно и да ја прилагодувате брзината на условите на патот.

Бидете внимателни за вас и за оние околу вас, возете одговорно и секогаш чувствувајте се безбедно во вашите возила.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »