Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

ТАВ Македонија и порачува на Владата да се откаже од идејата

Го спуштија Сугаревски на земја

ТАВ Македонија и порача на маледонската Влада да се откаже уште сега од идејата за воведување национален авиопревозник, по најавите на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски дека ќе се анализира состојбата за да се види дали има реални услови за тоа. 

Искуствата со националните авио-компании не влеваат многу оптимизам, порачуваат од операторот на двата македонски аеродороми во Скопје и Охрид.

Ако ги гледате финансиските бројки за компаниите национални превозници од регионот, тие имаат финансиски проблеми или се купени од други компании. Ние поддржуваме формирање национален авиопревозник, но мое лично мислење е дека Владата не треба финансиски да ја поддржува компанијата национален авиопревозник туку таа треба да биде способна сама финансиски да се одржува, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Идеја за воведување на национален авиопревозник имаше и претходната власт, односно министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески но тоа никогаш не се оствари.

Промовирани огласи »

Иницијатива за признавање на македонските возачки дозволи во Шведска

Во последниве десет години се зголемува бројот на граѓани кои се преселуваат од Македонија во Шведска барајќи подобра егзистенција.

Во последниве десет години се зголемува бројот на граѓани кои се преселуваат од Р. Македонија во Шведска по основ на работа.

Истите имаат потреба Шведска да ги признае македонските возачки дозволи по примерот на македонска заедница во Сојузна Република Германија. 

Во иницијативата се наведува дека се очекува позитивна одлука од релевантните институции и соработка меѓу Р. Македонија и Кралството Шведска.

За да се потпишете за оваа иницијатива кликнете ТУКА.

Промовирани огласи »

Казните се ригорозни: Пријавете ако работодавецот бара да вратите К-15

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година или парична казна и до 4.000 евра.

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).

Услов кој треба да се исполни за  регресот за годишен одмор е  работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината.

Казните за работодавците се огромни и до 4.000 евра.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »