Промовирани огласи »

Рокот за пријавување на е-Персонален данок тече и остануваат уште десетина дена. 

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ги повика граѓаните кои не ја исполниле својата обврска да се регистрираат на системот е-Персонален данок затоа што крајниот рок за пријавување истекува на 31 овој месец.

Од УЈП информираат дека покрај шалтерите во Регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во општините. Така, шалтери на УЈП се отворени во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров кај полициската станица и во општинската зграда во Аеродром и тие ќе работат од 8 до 18 часот до 31 декември. Шалтери се отворени и во општините Кисела Вода, Гази Баба и Чаир со работно време од 8 до 16 часот.

Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе работат од 7 до 21:30 часот, освен на 31 декември кога работното време ќе биде до 16:30 часот. Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22 и 29 декември со работно време од 8 до 14 часот.

Од УЈП информираат дека функционира и „Мобилен даночен шалтер“ којшто ги посетува оние населени места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојано даночни канцеларии. Вонредниот возен ред на овој Мобилен даночен шалтер може да се најде на линкот http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400

Промовирани огласи »

Светскиот економски форум соопшти дека жените ќе мора да чекаат уште 202 години за да се изедначат со мажите и да имаат исти можности за вработување. 

Според родовата рамноправност, на оваа листа од регионот Србија е на 38 место, Македонија на 66 место, Хрватска на 59, БиХ на 62, а Црна Гора на 69 место. 

Во игра се 149 земји, а прва е Исланд. 

Проблем е што традицоналните работни места кои ги работеле жените ги превземаат роботи. 

Промовирани огласи »

Вредноста на биткоинот по повеќемесчен пад, се искачи на повеќе од 3 400 долари, што се препишува на зголеменото купување на оваа криптовалута во Јапонија и Хонгконг.

На Bitstamp платформата биткоинот забележал најголем дневен пораст од 28 ноември, скокнувајќи за дури 11 отсто.

Вредноста на најпознатата дигитална валута паднала за околу 80 отсто во однос на вредноста која ја имала минатиот декември. Само во последните три месеци биткоинот се стопи за скоро 50 проценти.

Потсетуваме, минатата година , цената на биткоинот на кратко достигна 19 511 долари, и тогаш почна потопот со епски размери и таа криптовалута изгѕби 82 отсто од својата вредност.

Промовирани огласи »

Со околу 10.000 помалку невработени во споредба со лани се очекува да заврши 2018, според месечната евиденција и динамиката која ја бележи Агенцијата за вработување.

Оваа година до сега се водат 182.036 под заводот како невработени. Од нив активни баратели на работа кои треба се пријавуваат секој месец се 91.485 невработени, додека 90.551 се други лица кои бараат работа.

Годината 2017 заврши со 191.837 пријавени невработени под биро, од кои 102.394 како активни баратели на работа и 89.443 како други лица кои бараат работа.

Оваа година има тренд на изедначување на активните со пасивните баратели на работа, па така додека едните се намалуваат другите се зголемуваат од месец за месец.

На 1 ноември 2018 споредено со 1 ноември 2017-та има 10.615 помалку активни невработени.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »