Промовирани огласи »

Од почетокот на декември, годинава речиси и да нема ден во кој не е објавен оглас за вработување во државните институции и јавните претпријатија. Се вработуваат државни службеници преку огласи што ги објавува Агенцијата за администрација, но и различни профили работници и раководители во огласи кои ги објавуваат самите претпријатија и институции.

Меѓу другите, Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 15 државни службеници во Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат. Се бараат кандидати за следните работни места: виш соработник за поддршка од областа на правото, помлад соработник за оперативна поддршка, советник за поддршка на генералниот секретар на Владата, помлад соработник за логистичка поддршка за имплементирање на препораките на Државниот завод за ревизија, виш соработник за организациона поддршка.

Агенцијата за администрација исто така објави оглас за вработување на 10 државни службеници во Министерството за труд и социјална политика. Во огласот се бараат заинтересирани за вработување како помлад соработник за буџетска анализа, советник за имплементација на демографски политики, помлад соработник за административно-техничка поддршка и обработка на податоци и документи за судски постапки и за одговори на жалби од работен однос, раководител на одделение за задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување. Платите во зависност од работното место се движат од 20.900 до 28.303 денари.

Агенцијата за администрација објави и оглас за вработување на 14 раководители во Агенцијата за вработување. Се бараат кандидати за раководители во центрите за вработување во Свети Николе, Охрид, Крушево, Неготино, Македонски Брод и Струга… Платата за сите работни места изнесува 28.277 денари.

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје овој месец распиша оглас за вработување на 18 лица.

Во огласот се бараат повеќе профили работници меѓу кои помлад инженер соработник за пруги, помлад градежен техничар, помлад ракувач на машина, помлад инженер соработник за енергетска ефикасност, помлад. инженер соработник за електротехнички постројки, помлад одржувач на сигнално сигурносни постројки…

Платите во зависност од работното место се од 18.158 денари до 23.746 денари.

Бранот вработувања доаѓа по најавата дека деполитизација на администрацијата ќе биде приоритет на Министерството за информатичка технологија и администрација.

„Наши императиви во следниот период ќе бидат деполитизација на администрацијата, реорганизација и оптимизација на институциите, зголемување на капацитетите за скрининг и за преговори и ефикасни и поевтини услуги за граѓаните“, рече неодамна ресорниот министер Дамјан Манчевски и додаде дека ниту еден од вработените нема да остане без работа, туку во случај на потреба ќе има доброволно распределување во приватниот сектор./Meta

Промовирани огласи »

Недостатокот на кадар го затвори единствениот детски ургентен центар во државата. Во  Клиниката за детски болести фалат педијатри и медицински сестри за да може повторно да функционира Центарот каде до пред две години примаа пациенти во тешка состојба.

Само годинава од Детска заминале тројца специјалисти, а поради дефицитот на лекари болни деца со леукемија и дијабет ќе се мешаат со заболени од грип. Амбуланата каде третираат ургентни пациенти е во ист ходник со специјалистичките ординации. Но за менаџментот на установата тоа не било проблем во лекувањето. 

Може да видите дека нема голема фрекфенција, тоа не е проблем, мој термин си функционира. Немаме медицински сестри а нема и педијатри, не може да вработиме бидејќи нема, вели Катерина Ставриќ, директор на Клиника за детски болести.

Одговор за тоа кога ќе проработи детскиот ургентен центар нема и министерот за здравство.  Според Филипче овој проблем е последица од политиките што ги наследиле од минатото.

Нема компромитирање на тријажата за пациентите. Но знаете, овој недостиг на кадар е заради политиките кои биле спроведувани сите години резултира со тоа сега да имаме сериозен дефицит. Веќе почнавме да го надополнуваме бројот на вработени. Имаме проблем со бројот на специјализации заради недостиг на ментори, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Ургентниот Центар на Клиниката за детски болести беше отворен во 2013 година со подршка на турската организација ТИКА. Во периодот кога беше во функција лекарите примале и по десетина дечиња дневно во критична состојба. Потоа во него беше преместена Интензивна нега додека траеше реновирањето на тој оддел. Но наместо повторно да проработи, во неговите протстории надлежните планираат времено да ја преместат лабораторијата.

Промовирани огласи »

Идната година ќе имаме триесетина неработни денови и пет продолжени викенди за празници кои ги одбележуваат сите граѓани на Република Македонија. 

Од неработните денови, има и дел кои се однесуваат само за одредени етнички заедници. 

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2019 година, во согласност со Законот за празниците на Република Македонија.

Неработни денови во 2019 година се:

За сите граѓани на РМ

1 јануари (вторник), Нова година,
 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
1 мај (среда), Ден на трудот,
24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
2 август (петок), Ден на Републиката,
8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

 22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

 27 јануари (недела), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

 23 мај (четврток), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Рокот за пријавување на е-Персонален данок тече и остануваат уште десетина дена. 

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ги повика граѓаните кои не ја исполниле својата обврска да се регистрираат на системот е-Персонален данок затоа што крајниот рок за пријавување истекува на 31 овој месец.

Од УЈП информираат дека покрај шалтерите во Регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во општините. Така, шалтери на УЈП се отворени во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров кај полициската станица и во општинската зграда во Аеродром и тие ќе работат од 8 до 18 часот до 31 декември. Шалтери се отворени и во општините Кисела Вода, Гази Баба и Чаир со работно време од 8 до 16 часот.

Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе работат од 7 до 21:30 часот, освен на 31 декември кога работното време ќе биде до 16:30 часот. Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22 и 29 декември со работно време од 8 до 14 часот.

Од УЈП информираат дека функционира и „Мобилен даночен шалтер“ којшто ги посетува оние населени места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојано даночни канцеларии. Вонредниот возен ред на овој Мобилен даночен шалтер може да се најде на линкот http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »