Промовирани огласи »

Владата на Србија вчера усвои уредба со која се овозможува пензионерите со најниски приходи да добиваат додаток на пензијата од пет отсто со редовниот месечен чек се до ноември 2019 година.

На корисниците на старосна, предвремена старосна, инвалидска и семејна пензија чија пензија од месец декември 2018 година заклучно со ноември 2019 година изнесува до 34.003,90 динари, ќе им се исплатува паричен износ како зголемување, покрај пензијата- пишува во уредбата објавена на сајтот на српската Влада. 

Овој паричен износ ќе се исплатува месечно со пензијата од декември оваа година заклучно со ноември 2019 година и ќе се искажува посебно во пензискиот чек. 

Паричниот износ за зголемување на пензијата ќе биде 5 отсто од висината на пензијата на корисникот- се наведува во уредбата.

Промовирани огласи »

Компанијата VitaminWater покрена натпревар на кој може да се освојат 100.000 долари, под услов цела година да не користите паметен телефон. 

Пријави се пријавуваат со хаштаг #nophoneforayear на Твитер или Инстаграм, со опис како би изгледала вашата година без телефон. 

Пријавувањето трае до 8 јануари, а на 22 ќе биде објавено кој е избран. 

Но, на крајот на годината ќе мора да помине на детектор на лаги. 

Ако успее цела година да издржи ќе добие цела сума, а ако успее само 6 месеци да биде без телефон, на сметка ќе му легнат само 10.000 долари. 

Она што е помалку од 6 месеци, нема да се наградува. Но, оние кои ќе учествуваат во натпреварувањето ќе добијат за користење Нокиа 3310 за повици и пораки.

Промовирани огласи »

Министерката за труд и социјална политика во интервју за Дојче Веле вели дека 90.000 семејства во Македонија следната година со социјалните реформи ќе може да добијат плус 3.300 денари месечно.

Минималната плата сега изнесува 12.126 денари, но дополнително децата во тие семејства исто така ќе можат да примаат образовен и детски додаток. Што значи, едно семејство со една минимална плата со 2 деца ќе стигне некаде до над 15.000 денари..Тие ќе можат да аплицираат за образовен и детски додаток и да добијат 3.300 денари плус и со тоа неговиот приход во семејството ќе биде повисок. Додека пак, истото такво семејство ако не работи ќе зема 10.600 денари месечно социјална помош.  Станува збор за 90.000 семејства со две деца кои ќе имаат право на 3.300 денари месечно додека децата се во системот на образование, односно до 18 годишна возраст - изјави Царовска.

Бидејќи социјалната помош ќе биде безмалку во висина на една плата, таа појасни дека во иднина истите што ќе ја добиваат ќе мора да прифатат и да работат.

Најработоспособното лице ќе биде активирано осум часови во денот. Нема да може да одбива работа. Веќе ги поврзавме системите на Агенцијата за вработување и Центарот за социјална работа. Тие комуницираат меѓу себе за лицето да биде присутно во мерките од оперативниот план за вработување, каде што имаме преквалификација, доквалификација, која ја викаме СИМ програма за советување и менторство, за да може лицето да се насочи кон активација. Дополнително, имате бизнис сектор кој што постојано бара да вработи и квалификува одреден кадар, посебно за нискоквалификувани работни позиции и ќе мора да се вклучува лицето - наведе министерката.

Во буџетот за 2019 пресметано е да има 2,2 милијарди денари повеќе, или околу 36 милиони евра. Работодавачите, ос маркети до текстилниот кластер, постојано прашувале и имале потреба да ги интегрираат во работниот процес. Царовска очекува прво да се „интегрираат“ најработоспособните, а на крај оние кои долги години се приматели на социјалните трансфери.

Промовирани огласи »

Малите сипаници може да се поминат многу лесно, но и да предизвикаат воспаленија и сериозни компликации

Мали сипаници или морбили е заразна болест предизвикана од вирус од групата миксовируси. Болеста може да се јави кај оние што не прележале морбили, или не се соодветно вакцинирани против сипаниците.

Прочитајте повеќе на деца.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »