Промовирани огласи »

Законот за возила, чие изменување и дополнување опфаќа воведување на црвени, жолти и зелени налепници на возилата, е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница.

Од следната грејна сезона, кога се очекува ново загадување на воздухот, треба да се воведе еколошка налепница и еколошка категоризација на возилата. Дополнително, треба да се уреди субвенционирањето на возилата со електричен погон и со вграден уред за погон со ТНГ.

Со овој закон се воведува еколошка категоризација на возилата и во зависност од годината на производство и европските Еуро емисиони стандарди на нивните мотори се добива еколошка налепница во три бои (зелена, жолта и црвена) за секое возило кое е во сообраќај на патиштата, се образложува во законските измени.

Во зависност од степенот на загадување, возилата со одредена боја на налепница нема да можат да сообраќаат. Претходно на комисиска расправа оваа мерка бепе критикувана дека ќе биде на товар на граѓаните.

Доколку на пример одредено возило дојде на технички преглед со издадена зелена налепница врз основа на еуростандардите, а емисијата на издувните гасови измерена на апаратите за техничкиот преглед е поголема ќе доведе до спротивставеност на ставовите помеѓу контролорите на техничкиот преглед и техничката служба која ја издала налепницата. Негативно беше оценета еколошката категоризација на возилата преку доделување на налепници во боја бидејќи е во спротивност со веќе утврдените параметри на возилото и ќе предизвика дополнителни трошоци за граѓаните, беше истакнато на Комисијата.

Промовирани огласи »

Изминатиот викенд, 22 и 23 декември, Vip беше домаќин на Vip Game Fest 2018, најголемиот гејминг настан за оваа година. Мини фестивалот на игрите се одржа во просториите на компанијата и понуди вистинска забава за сите гејмери.

Во квалификациските натпревари се сретнаа 756 натпреварувачи во Fortnite, Hearthstone и FIFA19 како главни натпревари. Подоцна им се пруклчија уште 260 кои на лице место се натпреваруваа во Tekken 7, rFactor, Board games, Magic: The Gathering, редење сложувалки и местење Рубикова коцка, за на крајот како шлаг да им се пруклучат и 26 косплеери кои се натпреваруваа преку креативно направени маски од херои и ликови - Cosplay. 
Натпреварувачите на видео игрите ги измерија силите играјќи непречено на супер брз и стабилен интернет на Vip. Сите натпревари беа покриени од коментатори за секоја игра посебно, стримани на сервисот на GG.MK, a пренесени преку најсовремената мрежа наVip.

Наградниот фонд за натпреварувачите беше 4550 евра, а на публиката беа поделени преку 400 подароци во форма на маици, привезоци, акциони фигури од игри, ранци, торби, маус пади, мауси и тастатури, power bank-ови, усб стикови и мемориски картици, книги, стрипови и ваучери.
Во просториите на Vip продефилираа преку 5000 посетители кои можеа да ги пробаат игрите, симулаторите и виртуелната реалност.

Како компанија Vip се труди да биде постојано во чекор со времето и актуелностите на светската телеком сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата, а гејминг заедницата во Македонија незапирливо расте. Ова беше придонес на Vip кон негување на оваа култура и ќе продолжиме да ја поддржуваме и унапредуваме.

Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија за енергетика ја објави новата цена на горивата која важи од полноќ.

Рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,13%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,83%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,861ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 28,176 ден/кг. 

Промовирани огласи »

Во 2019 година, македонските граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, која имаше четири продолжени празнични викенди.

Првиот продолжен викенд ќе биде за Божик, зашто неработен ден е 7 јануари, понеделник. Слична е ситуацијата и со христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 29 април, понеделник. Неработниот ден за 24 Мај – „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, е во петок, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е во петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е во недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е во петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е во недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.

За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (вторник), 1 Мај – Денот на трудот (среда), 4 Јуни (вторник) – Рамазан бајрам, и 23 Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмораат за големиот христијански празник Велигден, бидејќи за нив, освен понеделник, 29 април, неработен ќе биде и петок, 26 април. Продолжен викенд ќе имаат и за Духовден, петок, пред Духовден на 14 јуни.Неработни денови за православните верници се и Бадник на 6 јануари, недела, 19 јануари (сабота) и Успение на Пресвета Богородица, 28 август, среда.За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 22 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – петок – Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда) – првиот ден на Божик.За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 11 август (недела) – Курбан бајрам.

Програма на неработни денови за 2019 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

– 1 јануари (вторник), Нова година, – 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, – 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, – 1 мај (среда), Ден на трудот, – 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, – 4 јуни (вторник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам, – 2 август (петок), Ден на Републиката, – 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, – 11 октомври (петок), Ден на народното востание, – 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба, – 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

– 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик, – 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици), – 26 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден, – 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, – 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

– 22 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, – 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, – 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

– 11 август (недела), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

– 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

– 27 јануари (недела), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

– 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

– 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

– 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

– 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

– 21 декември (сабота), Ден на наставата на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »