Промовирани огласи »

Чешката полиција со комбиња Фолксфаген на кои има инсталирано специјални камери за „ловење“ илегални емигранти стражарат на македонско-грчката граница и ја следат ситуацијата, објави чешки idnes,cz во својата најнова репортажа. Целокупната опрема и возилата чинат 1,35 милиони евра.

Овие камери се изработени во Унгарија и ги заштитуваат границите на повеќе од четириесет држави низ целиот свет. Благодарение на посебната техника, чешките полицајци на грчко-македонската граница откриваат ноќе мигранти на неколку километри оддалеченост., а доколку „натрапниците“ се во возило може да ja видат дури и неговата внатрешност.

Движењето се регистрира на петнаесет километри растојание. На околу шест до осум километри го разликува човекот од животните, а на неколку километри го препознава лицето , вели Милан Мајер, управникот на чешките сили кои се на помош на обезбедување на европските граници од наездата на илјадници бегалци од Блискиот Исток и Африка.

Класичното комбе Volkswagen Crafter е опремено од компанијата за одбрана на EVPU, специјализирана за развој и производство на електро-оптички системи за контролирање и следење, како и изработување на софтвери за набљудување на движењето на националните граници, аеродроми, крајбрежните или воени бази.

Освен во Македонија,ваква опрема има и на границата со Словенија или Србија.

Имаме постари возила, но ова е сосема нова работа. Следната година би сакале да ги опремиме другите погранични региони , додава Мајер.

Возилото во комбинација со камерата создава интегрирана термичка обработка на слика кој детектира движење и тоа се должи на различни температури на објектот од животната средина. Автомобилот ги има сите додатоци која патролата од две службени лица-граничари треба да ги имаат во полето на работа.

Возилото е поврзано во мрежа за комуникација и има внатрешен монитор на кој се прикажува скенираната слика на која може да се фокусира, истакнува, стабилизираат, запираат, репродуцираат и зумираат податоци.

Со овие камери може да се создаде цела панорама на набљудување, а и се распознава евентуалното ладно оружје кое го носат емигрантите, па дури и дали носат канабис или опојни дроги со себе.

Транспортерите наоѓаат нови начини на измами кога ги кријат емигрантите. Со нашите комбиња и со нашите камери ние полесно го откриваме тоа - наведе Мајер.

Промовирани огласи »

Законот за возила, чие изменување и дополнување опфаќа воведување на црвени, жолти и зелени налепници на возилата, е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница.

Од следната грејна сезона, кога се очекува ново загадување на воздухот, треба да се воведе еколошка налепница и еколошка категоризација на возилата. Дополнително, треба да се уреди субвенционирањето на возилата со електричен погон и со вграден уред за погон со ТНГ.

Со овој закон се воведува еколошка категоризација на возилата и во зависност од годината на производство и европските Еуро емисиони стандарди на нивните мотори се добива еколошка налепница во три бои (зелена, жолта и црвена) за секое возило кое е во сообраќај на патиштата, се образложува во законските измени.

Во зависност од степенот на загадување, возилата со одредена боја на налепница нема да можат да сообраќаат. Претходно на комисиска расправа оваа мерка бепе критикувана дека ќе биде на товар на граѓаните.

Доколку на пример одредено возило дојде на технички преглед со издадена зелена налепница врз основа на еуростандардите, а емисијата на издувните гасови измерена на апаратите за техничкиот преглед е поголема ќе доведе до спротивставеност на ставовите помеѓу контролорите на техничкиот преглед и техничката служба која ја издала налепницата. Негативно беше оценета еколошката категоризација на возилата преку доделување на налепници во боја бидејќи е во спротивност со веќе утврдените параметри на возилото и ќе предизвика дополнителни трошоци за граѓаните, беше истакнато на Комисијата.

Промовирани огласи »

Изминатиот викенд, 22 и 23 декември, Vip беше домаќин на Vip Game Fest 2018, најголемиот гејминг настан за оваа година. Мини фестивалот на игрите се одржа во просториите на компанијата и понуди вистинска забава за сите гејмери.

Во квалификациските натпревари се сретнаа 756 натпреварувачи во Fortnite, Hearthstone и FIFA19 како главни натпревари. Подоцна им се пруклчија уште 260 кои на лице место се натпреваруваа во Tekken 7, rFactor, Board games, Magic: The Gathering, редење сложувалки и местење Рубикова коцка, за на крајот како шлаг да им се пруклучат и 26 косплеери кои се натпреваруваа преку креативно направени маски од херои и ликови - Cosplay. 
Натпреварувачите на видео игрите ги измерија силите играјќи непречено на супер брз и стабилен интернет на Vip. Сите натпревари беа покриени од коментатори за секоја игра посебно, стримани на сервисот на GG.MK, a пренесени преку најсовремената мрежа наVip.

Наградниот фонд за натпреварувачите беше 4550 евра, а на публиката беа поделени преку 400 подароци во форма на маици, привезоци, акциони фигури од игри, ранци, торби, маус пади, мауси и тастатури, power bank-ови, усб стикови и мемориски картици, книги, стрипови и ваучери.
Во просториите на Vip продефилираа преку 5000 посетители кои можеа да ги пробаат игрите, симулаторите и виртуелната реалност.

Како компанија Vip се труди да биде постојано во чекор со времето и актуелностите на светската телеком сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата, а гејминг заедницата во Македонија незапирливо расте. Ова беше придонес на Vip кон негување на оваа култура и ќе продолжиме да ја поддржуваме и унапредуваме.

Промовирани огласи »

Регулаторната Комисија за енергетика ја објави новата цена на горивата која важи од полноќ.

Рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,13%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,83%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,861ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 28,176 ден/кг. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »