Промовирани огласи »

Со оглед дека истекува крајниот рок за регистрација во системот е-Персонален данок, од УЈП известуваат дека и утре, в сабота, регионалните дирекции Скопје , Струмица, Тетово, Битола, Прилеп и Штип ќе бидат отворени од 8 до 14 часот.

Даночните канцеларии коишто се отворени во скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров ќе работат заклучно до денеска до 18 часот.
Даночните канцеларии во општините Кисела Вода и Гази Баба денеска ќе бидат отворени до 16.30, додека во општина Чаир даночната канцеларија ќе работи и на 31 декември, во понеделник.

Воедно, Управата за јавни приходи известува дека досега на системот e-pdd се регистрирани околу 620 000 граѓани. Со оглед дека од оваа обврска се изземени физичките лица кои се приматели на пензија од Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Македонија, останува уште мал процент на граѓани кои треба да се регистрираат.

Промовирани огласи »

Вибер“ постои веќе осум години, а во првите четири години генерира голем број корисници, за во 2014 година за милијарда долари да ја купи јапонскиот гигант „Ракутен“.

Денес има околу милијарда регистрирани корисници кои постојано очекуваат нови опции и поедноставна комуникација.

Гласовните пораки обично се користат затоа што се побрзи и поедноставни, со оглед на тоа што повеќето корисници побрзо зборуваат отколку што пишуваат. Така и на „Вибер“ расте бројот на пораки испратени во аудиоформат, а експертите претпоставуваат дека дошло до тоа затоа што сѐ поголем број луѓе се навикнале да задаваат гласовни команди на дигиталните асистенти, така што оваа навика се пренесува и на комуницирањето со другите корисници.

Затоа, максималната должина на гласовите на вибер-пораките е продолжена на 15 минути и во неа може да собере цел монолог со голем број информации.

Иако се побрзи кога станува збор за испраќање, гласовните пораки сепак се понезгодни од текстуалните бидејќи не може да се преслушаат во секоја ситуација, па „Вибер“ најави опција што во иднина  ќе ги претвора гласовните пораки во текст за сите да бидат задоволни.

Промовирани огласи »

Магазинот Форбс ја објави листата на најдобри земји за бизнис за оваа година, при што Македонија е рангирана како една од најслабите. 

Од регионот Словенија е на 31 место, Србија е на 56, Романија на 41, Бугарија на 46, Хрватска на 52, а Македонија е на 68 место, додека Црна Гора е на 72, Албанија е на 74 и БиХ на 98. 

На прво место е Британија, втора е Шведска, трета е Хонг Конг, зад неа е Холандија, петта е Нов Зеланд. Во предвид се земени 15 фактори меѓу кои се имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, квалитет на живот, работна сила, големина на пазарот. 

Промовирани огласи »

Една од клучните карактеристики што ги земаме предвид кога купуваме автомобил е неговата економичност.

Екипата на How To Cars тестираше повеќе од 700 автомобили и направи потесна листа од 100 најштедливи модели.

Ние ви ја претставуваме „конечната десетка“ автомобили што трошат најмалку, од кои осум се на дизел погон, а два се хибриди (по еден со дизел и со бензинска варијанта).

Освен моделот и моќноста, наведени се и почетната цена на секој автомобил и фабричките податоци за потрошувачка и потрошувачката забележана за време на возењето на посебниот тест од 155 километри.

„Тест-стазата“ опфати 61 километар на автопат, 40 километри градско возење и 54 километри на магистрален пат, со строго почитување на сообраќајните прописи и ограничувања на брзината, вклучувајќи го делот од 20 км автопат на кој нема ограничувања.

1. Mercedes B 180d (дизел, 109 кс) – Цена: 29.375 евра

производител: 4,1 l/100km; тест: 5l

2. Renault Scenic dCi 110 Hybrid (хибрид/дизел, 110 кс) – Цена: 28.490 евра

производител: 3,6l; тест: 5,1l

3. Opel Meriva 1.6 CDTI ecoflex (дизел, 136 кс) – Цена: 25.670 евра

производител: 4,4l; тест: 5,1l

4. Ford B-Max 1.5 TDCI Titanium (дизел, 95 кс) – Цена: 21.800 евра

производител: 4l; тест: 5,2l

5. Ford Grand C-Max 1.5 TDCI Titanium (дизел, 120 кс) – Цена: 28.700 евра

производител: 4,4l; тест: 5,3l

6. Toyota Prius + (хибрид/бензин 136 кс) – Цена: 31.500 евра

производител: 4,1l; тест: 5,4l

7. VW Golf Sportsvan 2.0 TDI (дизел, 150 кс) – Цена: 31.475 евра

производител: 4,3l; тест 5,4l

8. BMW 216d Gran Tourer (дизел, 116 кс) – Цена: 30.900 евра

производител: 3,9l; тест 5,4l

9. Kia Venga 1.6 CRDi (дизел, 128 кс) – Цена: 22.140 евра

производител: 4,7; тест: 5,5l

10. Citroen Grand C4 Picasso Blue HDi (дизел, 120 кс) – Цена: 30.080 евра

производител: 4,1l; тест 5,5l.

Целосната листа може да ја видите ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »