Промовирани огласи »

Разговорот за работа е првата можност за работодавците да ги запознаат идните соработници. Оние што бараат работа треба да ги уверат во своето знаење, искуство, професионалност и да остават добар впечаток. Тоа секако ја опфаќа и облеката што ја носите бидејќи и таа претставува дел од вашиот карактер.

Но, една боја никако нема да ви оди во прилог. Станува збор за портокаловата боја. Интервјуа со повеќе од 2.000 експерти за вработување покажуваат дека токму таа боја најчесто ја поврзуваат со непрофесионален пристап кон работата. Како што пишува „Тајм“, иако истражувањето е спроведено во 2013 година, тимот на „Кариер Билдер“, кој стои зад него, вели дека резултатите се релевантни и денес.

Целта на секое интервју е да се покажат вредностите што ги носите во компанијата. Златното правило гласи: бидете сигурни дека луѓето ве помнат повеќе од облеката што сте ја носеле, вели Мишел Ејмер од „Кариер Билдер“.

Работодавците препорачуваат да облечете нешто сино или црно бидејќи тие две бои се поврзуваат со карактеристиките на тимскиот играч кој е способен да го преземе водството ако и кога тоа е потребно.

Исто така, експертите за вработување ја поврзуваат сивата боја со логичкото размислување, белата со организираноста, кафеавата со лице на кое може да се потпрат, а црвената со силна и самоуверена личност.

Комбинацијата на облека што ќе ја облечете на интервју треба и тоа како добро да ја смислите, смета Марти Ландсторм, експерт за вработување на жени.

Ако барате работа, моја препорака е на интервјуата да носите нешто што ви стои совршено, во што се чувствувате удобно. Но, битно е и да го проверите дрес-кодот на компанијата во која одите бидејќи не е пожелно премногу да се разликувате – истакнува Марти.

Најдобро би било да искомбинирате неутрални нијанси од темносина, сива или црна боја.

Промовирани огласи »

Полицијата последниве месеци врши честа контрола на патиштата и улиците, а први на удар се оние што возат над пропишаната брзина, и оние то сакаат да си пивнат, а потоа да возат.

Какви се казните ако возите пијан?

Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на опојни дроги или психотропни супстанци. (Предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност односно  регистрирање на 65 негативни бода. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од шест до 12 месеца.

Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол и тоа со:

»Глоба во износ од 225 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до 1,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест месеци, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 275 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,01 г/кг до 1,50 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест до девет месеца под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 325 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 55 негативни бода ,  на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,51 г/кг до 2,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност  односно ќе му се регистрираат 60 негативни бода на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,01 г/кг и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач , каде што при утврдување на алкохол во организмот одбие да биде алкотестиран со соодветно средство или апарат за мерење на алкохолизираноста (алкомер). Покрај утврденот износ на глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.

Промовирани огласи »

Со оглед дека истекува крајниот рок за регистрација во системот е-Персонален данок, од УЈП известуваат дека и утре, в сабота, регионалните дирекции Скопје , Струмица, Тетово, Битола, Прилеп и Штип ќе бидат отворени од 8 до 14 часот.

Даночните канцеларии коишто се отворени во скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров ќе работат заклучно до денеска до 18 часот.
Даночните канцеларии во општините Кисела Вода и Гази Баба денеска ќе бидат отворени до 16.30, додека во општина Чаир даночната канцеларија ќе работи и на 31 декември, во понеделник.

Воедно, Управата за јавни приходи известува дека досега на системот e-pdd се регистрирани околу 620 000 граѓани. Со оглед дека од оваа обврска се изземени физичките лица кои се приматели на пензија од Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Македонија, останува уште мал процент на граѓани кои треба да се регистрираат.

Промовирани огласи »

Вибер“ постои веќе осум години, а во првите четири години генерира голем број корисници, за во 2014 година за милијарда долари да ја купи јапонскиот гигант „Ракутен“.

Денес има околу милијарда регистрирани корисници кои постојано очекуваат нови опции и поедноставна комуникација.

Гласовните пораки обично се користат затоа што се побрзи и поедноставни, со оглед на тоа што повеќето корисници побрзо зборуваат отколку што пишуваат. Така и на „Вибер“ расте бројот на пораки испратени во аудиоформат, а експертите претпоставуваат дека дошло до тоа затоа што сѐ поголем број луѓе се навикнале да задаваат гласовни команди на дигиталните асистенти, така што оваа навика се пренесува и на комуницирањето со другите корисници.

Затоа, максималната должина на гласовите на вибер-пораките е продолжена на 15 минути и во неа може да собере цел монолог со голем број информации.

Иако се побрзи кога станува збор за испраќање, гласовните пораки сепак се понезгодни од текстуалните бидејќи не може да се преслушаат во секоја ситуација, па „Вибер“ најави опција што во иднина  ќе ги претвора гласовните пораки во текст за сите да бидат задоволни.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »