Промовирани огласи »

Еврото во вторник ќе наполни 20 години, временски период во кој преживеа голема криза и трајно се зацврсти на финансиските пазари и во европските паричници.

Но, без потесна интеграција на еврозоната, судено му е да остане колос на стаклени нозе, предупредуваат аналитичари.

Еврото е „родено“ на 1 јануари 1999 година, и во почетокот постоеше само како виртуелна валута што се користеше во сметководствени и финансиски трансакции. Физичката реалност ја имаше три години подоцна, а сега го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 европски држави.

Валутата не беше веднаш засакана и на неа се гледаше како на зголемена цена, па така и прекарот во Германија во почетокот и беше „теуро“ што значи – скапо.

Еврото денес е популарна валута и покрај јакнењето на евроскептичните и популистички движења во голем број држави.

Во анкета на ЕЦБ 74 отсто граѓани на еврозоната сметаат дека еврото е добар за ЕУ, а 64 отсто дека бил добар и за нивната држава.


Еврото се вкорени кај населението, па дури и антиестаблишментски партии тоа мора да го признаат, вели Николас Верон од аналитичкиот центар Бругел од Брисел и Петерсон институтот за меѓународна економија во Вашингтон.

Еврото сега е втора светска валута иако се уште не може да се доведе во прашање доминацијата на американскиот долар.

Пресуден момент за еврото беше финансиската криза од 2008 година која кулминираше со спасување во неколку држави, доведувајќи ја валутната унија и заедништвото во неа на раб на „пукање“.

Експерти тврдат дека тој период открил инхерентни маани на тој проект вклучително непостоење фискална солидарност во облик на поделба на долгови, вложување и ризици или непостоење кредитори во крајна потреба. Кризата откри и економски разлики меѓу државите членки особено меѓу фискално помудриот север и презадолженито југ.

За да продолжи да циркулира во еврозоната и да се спречи закана од дефлација, пад на цените и економските активности, Европската централна банка во изминатите години презема незапамтени мерки. Одреди каматните стапки да бидат рекордно ниски, понуди евтини заеми за банките и откупи нешто повеќе од 1,6 билиони евра државни и корпоративни обврзници меѓу 2015 и 2018 година.

Бидејќи инфлацијата се доближи до саканата вредност од под два отсто, тие мерки се оценети како успешна монетарна политика.

Сепак, аналитичари забележуваат дека 19 членки на еврозоната не направиле доволно за потребните политички реформи за подобра подготовка за идни кризи и да постигнат поголема економска конвергенција.

Обидот на францускиот претседател Емануел Макрон за воведување функција министер за финансии во еврозоната или европска верзија на ММФ, отфрлени беа уште во почетокот.

ЕЦБ во меѓувреме, направи колку што можеше за да го зацврсти еврото, вели Жил Моек поранешен економист во француската национална банка.

Аналитичарот Вернон вели дека е оптимист и дека еврото зајакнало со расчистување на билансите на банките со ставање под контрола на државните долгови и вонвредните мерки на ЕЦБ.

Еврото сега е колос со стапала од цигли, а не од глина, вели тој.

Сепак, банкарската унија што долго се планира се уште не е довршена поради несогласување околу воведувањето единствена европска шема за осигурување депозити. 

Промовирани огласи »

Гинеколошкиот оперативен тракт на болницата „Мајка Тереза“ во Скопје беше комплетно реновиран со донација на компанијата Алма-М.

По четири децении од неговата изградба, овој дел од болницата никогаш не претрпел обнова и покрај тоа што во последните три години е забележано сукцесивно зголемување на обемот на работа и бројот на породувања од 10% на годишно ниво, сигнализирајќи дека е потребна итна реновација.

Се радувам што со Новата година, пациентите на нашата куќа ќе добиваат услуга на повисоко ниво, а нашите колеги прекрасни услови за работа. Конечно, сакам во името на целиот персонал на СБГА Мајка Тереза, да упатам јавна и огромна благодарност до Компаниите Алма-М, како главен донатор, како и Ефтинија Импектс и Темпо99, изјави директорот на болницата Башким Исмаили.

За овој проект, компанијата Алма-М како главен донатор, со помош на компаниите Ефтинија Импелс и Темпо99, издвоија над 6.000.000 денари за целосна реконструкција на 420 м2 простор, со комплетно реновирање на двете гинеколошки операциони сали, со поставување на централен довод на гасови, реновирање на одделот на интензивна нега и на сите помошни простории неопходни за работата на тимот на трактот.

Како општествено одговорна компанија, ние имаме годишен буџет за донации. Досега поголемиот дел на нашите донации биле насочени кон образованието. По неколку разговори и состаноци со директорот на клиниката д-р Башким Исмаили, одлучивме нашиот буџет за оваа година целосно да го насочиме кон оваа клиника и да извршиме реновирање на овој тракт. Оваа одлука ја донесов бидејки инвестициите во образованието се многу важни во градењето на подобра иднина, но инвестициите во здравството спасуваат животи, истакна Муарем Муртезани, сопственик на Алма-М.

Промовирани огласи »

Разговорот за работа е првата можност за работодавците да ги запознаат идните соработници. Оние што бараат работа треба да ги уверат во своето знаење, искуство, професионалност и да остават добар впечаток. Тоа секако ја опфаќа и облеката што ја носите бидејќи и таа претставува дел од вашиот карактер.

Но, една боја никако нема да ви оди во прилог. Станува збор за портокаловата боја. Интервјуа со повеќе од 2.000 експерти за вработување покажуваат дека токму таа боја најчесто ја поврзуваат со непрофесионален пристап кон работата. Како што пишува „Тајм“, иако истражувањето е спроведено во 2013 година, тимот на „Кариер Билдер“, кој стои зад него, вели дека резултатите се релевантни и денес.

Целта на секое интервју е да се покажат вредностите што ги носите во компанијата. Златното правило гласи: бидете сигурни дека луѓето ве помнат повеќе од облеката што сте ја носеле, вели Мишел Ејмер од „Кариер Билдер“.

Работодавците препорачуваат да облечете нешто сино или црно бидејќи тие две бои се поврзуваат со карактеристиките на тимскиот играч кој е способен да го преземе водството ако и кога тоа е потребно.

Исто така, експертите за вработување ја поврзуваат сивата боја со логичкото размислување, белата со организираноста, кафеавата со лице на кое може да се потпрат, а црвената со силна и самоуверена личност.

Комбинацијата на облека што ќе ја облечете на интервју треба и тоа како добро да ја смислите, смета Марти Ландсторм, експерт за вработување на жени.

Ако барате работа, моја препорака е на интервјуата да носите нешто што ви стои совршено, во што се чувствувате удобно. Но, битно е и да го проверите дрес-кодот на компанијата во која одите бидејќи не е пожелно премногу да се разликувате – истакнува Марти.

Најдобро би било да искомбинирате неутрални нијанси од темносина, сива или црна боја.

Промовирани огласи »

Полицијата последниве месеци врши честа контрола на патиштата и улиците, а први на удар се оние што возат над пропишаната брзина, и оние то сакаат да си пивнат, а потоа да возат.

Какви се казните ако возите пијан?

Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на опојни дроги или психотропни супстанци. (Предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност односно  регистрирање на 65 негативни бода. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од шест до 12 месеца.

Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол и тоа со:

»Глоба во износ од 225 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 0,51 г/кг. до 1,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до шест месеци, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 275 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 50 негативни бода, на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,01 г/кг до 1,50 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од шест до девет месеца под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 325 евра во денарска противвредност односно ќе му се регистрираат 55 негативни бода ,  на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,51 г/кг до 2,00 г/кг. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од девет до 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност  односно ќе му се регистрираат 60 негативни бода на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,01 г/кг и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и начин утврдени со закон.

»Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач , каде што при утврдување на алкохол во организмот одбие да биде алкотестиран со соодветно средство или апарат за мерење на алкохолизираноста (алкомер). Покрај утврденот износ на глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и на начин утврдени со закон.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »