Промовирани огласи »

Точно пред 20 години, 11 членки на ЕУ усвоија заедничка монетарна политика и го воведоа еврото, кое денес е валута од 19 членки на Унијата и повеќе од 340 милиони Европејци.

Еврозоната расте со текот на годините, како и Европската унија. На ЕУ, која имаше 15 членки во 2004 година се приклучија десет поранешни комунистички земји, во 2007 година Бугарија и Романија, а во 2013 година во Хрватска. Во меѓувреме, седум од 13 „нови“ членки на ЕУ ги заменија нивните заеднички валути.

Прва беше Словенија во 2007, потоа следат Кипар и Малта во 2008, Словачка во 2009, Естонија во 2011, Латвија во 2014 и Литванија во 2015. Од „новите“ членови, Чешка, Полска, Унгарија, Хрватска, Романија и Бугарија се уште не преминаа на еврото, но според Договорите за пристапување, се должна да го стори тоа веднаш штом ќе бидат подготвени.

Истата обврска не се однесува и на „постарите“ членки на ЕУ, и затоа Британија, која ја напушта ЕУ во март, Данска и Шведска не се во еврозоната.

Инаку, надвор од ЕУ, еврото, официјално, се користи во Црна Гора и во Косово.

Промовирани огласи »

Дали платите во 2019 година ќе бидат пониски за 100 до 200 денари поради зголемувањето на стапката на придонесот за пензиско и здравствено осигурување од почетокот на годинава? Јануарската плата ќе се пресметува со повисока стапка за 0,5 отсто во споредба со претходниот месец и бидејќи кај нас се применува моделот на исплата на бруто плата, сите вработени од идната година би требало да примаат пониска нето плата за овие 100- 200 денари, односно нето платата е тоа што ќе остане откако од бруто платата ќе се издвојат сите придонеси и задршки на вработениот.

Работодаачите смируваат, велат дека тие ќе ја покријат оваа разлика, со цел платите на работниците да останат непроменети.

Како дел од Социјалниот совет, заедно со Владата и Синдикатот, дадовме подршка за оваа реформа. Прво, затоа што пензискиот фонд навистина е во катастрофална состојба и мора да го поставиме на стабилна основа бидејќи еден ден сите ќе бидеме пензионери. Втората причина е тоа што Владата беше внимателна при законската измена и не отиде со висока стапка туку само со 0,5 отсто. Овој процент не треба да е проблем и преголем финансиски товар за работодавците да го покријат од сопствени извори- вели Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Останува да видиме дали сите работодавачи ќе го почитуваат овој договор.

Промовирани огласи »

Обложувалниците ќе работат денеска со скратено работно време од попладне до вечер што укажува дека ништо нема да се промени во секојдневната потреба на граѓаните од оваа дејност, иако државата им упадна со интервенција која може, но и не мора, да им ги подрасипе „добрите одоси“ со зголемувањето на данокот на личната добивка од 10 на 15 отсто.

Најмногу ќе загубат граѓаните од новото оданочување на добивките од игри на среќа во рамки на новиот закон за данок на личен доход кој стапува во сила од 1 јануари, а во обложувалниците сметаат дека старите навики нема да се променат кај нив.

Познавајќи ги играчите, ќе реагираат нервозно само првите неколку дена, а потоа ќе се навикнат на промените. Тоа го знае и државата и знае дека обложувалниците нема ништо да загубат и ќе останат „златни кокошки“ за полнење на буџетот. Сигурно нема да сакаат да ги разбркаат обложувачите и да си ги пресечат сопствените крилја. Од друга страна, ланците ќе продолжат да воведуваат дополнителни награди и бонуси за да им компензираат на клиентите - ни изјави оператор директно од уплатното место.

Љубо Николовски - Буцо, долгогодишен администратор, кој во моментов му помага на Euro Lloto да се етаблира на македонскиот пазар, смета дека подружниците и уплатните места и понатаму ќе се шират низ македонските градови и села.

Обложувалниците ниту реагираа на ова, ниту пак некој ги контактирал за да ги праша, што значи дека се ќе мине на мала врата. Веќе имаше едно оданочување на личната добивка од 10 отсто во 2014-та, но никој не направи анализа како тоа влијаеше на овој сектор. Во меѓувреме се отворија голем број на нови објекти, а тие ќе продолжат да се зголемуваат и в година - вели Николовски.

Од најголемиот ланец на обложувалници Sport Life не сакаат да коментираат предвреме и ќе почекаат да видат што ќе покаже времето.

По празниците ќе видиме како ќе стартува годината, па ќе донесеме заклучок - гласи официјалниот одговор од Sport Life.

Според проекцијата, од данокот кој се зголемува за 50 отсто планирани се од 17 до 19 милиони евра прилив во државниот буџет.

Основа за пресметување на данокот на доход на добивките од игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката.

Тоа значи дека клиентот кој одиграл тикет за 50 денари и остварил добивка од 2.000 денари, задржаниот персонален данок за ваква добивка ќе му одземе 292 денари. 

Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката. 

Извор-  Фактор

Промовирани огласи »

Во Македонија денес, 1 јануари, 2019 година, на сила стапува прогресивното оданочување. Тоа значи дека се воведува прогресивен данок со дополнителни осум проценти данок над месечна брутозаработка од 90.000 денари. Со стапка од 18 проценти ќе се даночи секој износ кој е над овој лимиит, пренесува Фактор.

Од денес персоналниот данок за приходите над 90.000 денари ќе изнесува 18%, но целокупниот закон има и други мерки кои ги опфаќаат и добивките од кирии, дивиденди, игри на среќа и друго што ќе се даночи со единствена стапка од 15%.

Играчите на игри на среќа од јануари на секоја добивка ќе плаќаат 5% повеќе данок.

Тие наместо сегашните 10 ќе плаќаат 15% проценти персонален данок.

Во Македонија со ова ќе бидат засегнати околу 600 000 лица.

Светска банка го поддржува воведувањето прогресивно оданочување и смета дека тоа ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста. Во анализата „Прогресивност и еднаквост во оданочувањето на личните приходи“ стои дека со рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи ќе се зголемат приходите во буџетот.

Со новиот Закон за личен доход, се зголемува даночната стапка која се плаќа на приходите од закуп. Во оваа категорија спаѓаат доходите кои лицата ги имаат од издавање станови, куќи, дуќани, гаражи, викендици, возила. Сите тие од 2019 година, наместо досегашните 10 отсто ќе плаќаат по 15 проценти данок на парите кои ги оствариле од закупот. Тоа е педесетпроцентно зголемување. Сепак тоа не е се. Во новото законско решение се намалуваат таканаречените нормирани трошоци. Тоа е процент од сумата која на годишно ниво се одзема од вкупниот бруто приход пред пресметката на данокот.

Така ако сега нормираните трошоци изнесуваат 25 проценти за ненаместени простории од следната година процентот е намален на 10 отсто.

За наместени простории нормираните трошоци беа 30 проценти, од 2019 година се намалуваат на 20 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »