Промовирани огласи »

Обложувалниците ќе работат денеска со скратено работно време од попладне до вечер што укажува дека ништо нема да се промени во секојдневната потреба на граѓаните од оваа дејност, иако државата им упадна со интервенција која може, но и не мора, да им ги подрасипе „добрите одоси“ со зголемувањето на данокот на личната добивка од 10 на 15 отсто.

Најмногу ќе загубат граѓаните од новото оданочување на добивките од игри на среќа во рамки на новиот закон за данок на личен доход кој стапува во сила од 1 јануари, а во обложувалниците сметаат дека старите навики нема да се променат кај нив.

Познавајќи ги играчите, ќе реагираат нервозно само првите неколку дена, а потоа ќе се навикнат на промените. Тоа го знае и државата и знае дека обложувалниците нема ништо да загубат и ќе останат „златни кокошки“ за полнење на буџетот. Сигурно нема да сакаат да ги разбркаат обложувачите и да си ги пресечат сопствените крилја. Од друга страна, ланците ќе продолжат да воведуваат дополнителни награди и бонуси за да им компензираат на клиентите - ни изјави оператор директно од уплатното место.

Љубо Николовски - Буцо, долгогодишен администратор, кој во моментов му помага на Euro Lloto да се етаблира на македонскиот пазар, смета дека подружниците и уплатните места и понатаму ќе се шират низ македонските градови и села.

Обложувалниците ниту реагираа на ова, ниту пак некој ги контактирал за да ги праша, што значи дека се ќе мине на мала врата. Веќе имаше едно оданочување на личната добивка од 10 отсто во 2014-та, но никој не направи анализа како тоа влијаеше на овој сектор. Во меѓувреме се отворија голем број на нови објекти, а тие ќе продолжат да се зголемуваат и в година - вели Николовски.

Од најголемиот ланец на обложувалници Sport Life не сакаат да коментираат предвреме и ќе почекаат да видат што ќе покаже времето.

По празниците ќе видиме како ќе стартува годината, па ќе донесеме заклучок - гласи официјалниот одговор од Sport Life.

Според проекцијата, од данокот кој се зголемува за 50 отсто планирани се од 17 до 19 милиони евра прилив во државниот буџет.

Основа за пресметување на данокот на доход на добивките од игрите на среќа во обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката.

Тоа значи дека клиентот кој одиграл тикет за 50 денари и остварил добивка од 2.000 денари, задржаниот персонален данок за ваква добивка ќе му одземе 292 денари. 

Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката. 

Извор-  Фактор

Промовирани огласи »

Во Македонија денес, 1 јануари, 2019 година, на сила стапува прогресивното оданочување. Тоа значи дека се воведува прогресивен данок со дополнителни осум проценти данок над месечна брутозаработка од 90.000 денари. Со стапка од 18 проценти ќе се даночи секој износ кој е над овој лимиит, пренесува Фактор.

Од денес персоналниот данок за приходите над 90.000 денари ќе изнесува 18%, но целокупниот закон има и други мерки кои ги опфаќаат и добивките од кирии, дивиденди, игри на среќа и друго што ќе се даночи со единствена стапка од 15%.

Играчите на игри на среќа од јануари на секоја добивка ќе плаќаат 5% повеќе данок.

Тие наместо сегашните 10 ќе плаќаат 15% проценти персонален данок.

Во Македонија со ова ќе бидат засегнати околу 600 000 лица.

Светска банка го поддржува воведувањето прогресивно оданочување и смета дека тоа ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста. Во анализата „Прогресивност и еднаквост во оданочувањето на личните приходи“ стои дека со рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи ќе се зголемат приходите во буџетот.

Со новиот Закон за личен доход, се зголемува даночната стапка која се плаќа на приходите од закуп. Во оваа категорија спаѓаат доходите кои лицата ги имаат од издавање станови, куќи, дуќани, гаражи, викендици, возила. Сите тие од 2019 година, наместо досегашните 10 отсто ќе плаќаат по 15 проценти данок на парите кои ги оствариле од закупот. Тоа е педесетпроцентно зголемување. Сепак тоа не е се. Во новото законско решение се намалуваат таканаречените нормирани трошоци. Тоа е процент од сумата која на годишно ниво се одзема од вкупниот бруто приход пред пресметката на данокот.

Така ако сега нормираните трошоци изнесуваат 25 проценти за ненаместени простории од следната година процентот е намален на 10 отсто.

За наместени простории нормираните трошоци беа 30 проценти, од 2019 година се намалуваат на 20 отсто.

Промовирани огласи »

Трамвајот кој градоначалникот Петре Шилегов најави дека ќе се гради во Скопје, ќе го затвори за сообраќај центарот на градот. Во најстрогиот центар, на улицата Димитрие Чуповски односно на Рекорд, нема да се движат коли, туку ќе биде дозволено да минува само трамвајот и автобусите од градскиот превоз.

Според сообраќајниот проект и техничкото решение изготвени од „Загребски електричен трамвај“ (ЗЕТ), се предвидува трасата да почнува од кружниот тек кај комплекстот Порта Влае, низ булеварот Партизански одреди преку Рекорд и Собранието, потоа да минува покрај зградата на Црвен крст кон Комплекс банки, Железничката станица, па преку булеварот Јане Сандански до крајната станица во Ново Лисиче каде сега е последната станица на автобуските линии 5 и 15.

Според решението, се предвидува трамвајот да се движи низ средината на булеварот Партизански одреди. Низ Плоштадот и покрај кејот, поради градбите кои низ годините никнуваа не може да минува, па затоа ќе оди низ центарот на градот. Сегашната технологија овозможува до 2 километри од трасата да не биде приклучена  на струја, што значи дека низ центарот може да не се поставува електрична мрежа, вели градоначалникот Шилегов.

Шилегов на 26 декември за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека во соработка со збратимениот град Загреб, од јануари годинава се работело на техничко решение за изградба на првата фаза на трамвајот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, а вгодина се очекува да стартува реализацијата на овој капитален проект за Скопје кој ќе го помогне и Владата.

ШИЛЕГОВ ЌЕ ГРАДИ ТРАМВАЈ ВО СКОПЈЕ, ПРВАТА ТРАСА ОД НОВО ЛИСИЧЕ ДО ЃОРЧЕ ЌЕ ЧИНИ 150 МИЛИОНИ ЕВРА

Според првичните проценки, изградбата би чинела од 130 до 150 милиони евра. Парите ќе се бараат од европски фондови или од буџетот на Владата. Шилегов вели дека од 130 до 150 милиони евра за изградба на шините, депото и набавка на возила не е прескапо, особено ако се има предвид дека за набавката на двокатните кинески автобуси биле потрошени 80 милиони евра и повторно имаме проблем со јавниот транспорт во Скопје.

Заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски ги разгледувавме финансиските можности. Во фаза сме да се обратиме до нашите европски партнери да го помогнат развојот на Скопје или Владата да одлучи да изврши финансирање. За мене е многу важно дека Градот конечно ги создаде условите да започне со реализација на овој проект, очекувам дека поддршката од Владата, како што најави и премиерот Заев, ќе биде сестрана и дека во текот на наредната година ќе почнеме со реализација на овој проект. Трамвајот во еден град го менува самиот град, го менува ликот на градот, навиките на граѓаните. Моите очекувања се дека со реализација на овој проект многу брзо јавниот транспорт во Скопје ќе стане финансиски исплатив имајќи предвид дека сега Град Скопје издвојува 9 милиони евра од буџетот за помагање на јавниот транспорт. Ова е едно трајно решение и повеќедецениска желба на скопјани, рече Шилегов.

Промовирани огласи »

Во 2019-та година македонските граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, која имаше четири продолжени празнични викенди.

Првиот продолжен викенд в година ќе биде за Божик, зашто неработен ден е 7 јануари, понеделник. Слична е ситуацијата и со христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 29 април, понеделник. Неработниот ден за 24 Мај –  „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, е в петок, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е в недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е в петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е в недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.

За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (вторник), 1 Мај – Денот на трудот (среда), 4 Јуни (вторник) – Рамазан бајрам, и 23 Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмораат за големиот христијански празник Велигден, бидејќи за нив, освен понеделник, 29 април, неработен ќе биде и петок, 26 април. Продолжен викенд ќе имаат и за Духовден, петок, пред Духовден на 14 јуни.

Неработни денови за православните верници се и Бадник на 6 јануари, недела, 19 јануари (сабота) и  Успение на Пресвета Богородица, 28 август, среда.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 22 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – петок – Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда) – првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 11 август (недела) – Курбан бајрам.

Со одлука на Владата за неработен ден за јавната администрација е и 2 јануари.

Програма на неработни денови за 2019 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

– 1 јануари (вторник), Нова година,
– 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
– 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
– 1 мај (среда), Ден на трудот,
– 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители,
– 4 јуни (вторник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам,
– 2 август (петок), Ден на Републиката,
– 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
– 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
– 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
– 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

– 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
– 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
– 26 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
– 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
– 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

– 22 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
– 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
– 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

– 11 август (недела), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

– 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

– 27 јануари (недела), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

– 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

– 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

– 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

– 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

– 21 декември (сабота), Ден на наставата на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »