Промовирани огласи »

Во 2019-та година македонските граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, која имаше четири продолжени празнични викенди.

Првиот продолжен викенд в година ќе биде за Божик, зашто неработен ден е 7 јануари, понеделник. Слична е ситуацијата и со христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 29 април, понеделник. Неработниот ден за 24 Мај –  „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители, е в петок, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд. Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в петок, како и за Денот на независноста – 8 Септември, кој е в недела, но неработниот ден се префрла за 9 септември.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи е в петок, додека 8 Декември – „Св. Климент Охридски” е в недела, а неработниот ден се префрла за понеделник, 9 декември.

За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (вторник), 1 Мај – Денот на трудот (среда), 4 Јуни (вторник) – Рамазан бајрам, и 23 Октомври (среда) – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмораат за големиот христијански празник Велигден, бидејќи за нив, освен понеделник, 29 април, неработен ќе биде и петок, 26 април. Продолжен викенд ќе имаат и за Духовден, петок, пред Духовден на 14 јуни.

Неработни денови за православните верници се и Бадник на 6 јануари, недела, 19 јануари (сабота) и  Успение на Пресвета Богородица, 28 август, среда.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 22 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – петок – Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда) – првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 11 август (недела) – Курбан бајрам.

Со одлука на Владата за неработен ден за јавната администрација е и 2 јануари.

Програма на неработни денови за 2019 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2019 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

– 1 јануари (вторник), Нова година,
– 7 јануари (понеделник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
– 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
– 1 мај (среда), Ден на трудот,
– 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители,
– 4 јуни (вторник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам,
– 2 август (петок), Ден на Републиката,
– 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
– 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
– 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
– 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

– 6 јануари (недела), Бадник, ден пред Божик,
– 19 јануари (сабота), Богојавление (Водици),
– 26 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
– 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
– 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

– 22 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
– 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
– 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

– 11 август (недела), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

– 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

– 27 јануари (недела), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

– 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

– 23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

– 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

– 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

– 21 декември (сабота), Ден на наставата на турски јазик.

Промовирани огласи »

Еврото во вторник ќе наполни 20 години, временски период во кој преживеа голема криза и трајно се зацврсти на финансиските пазари и во европските паричници.

Но, без потесна интеграција на еврозоната, судено му е да остане колос на стаклени нозе, предупредуваат аналитичари.

Еврото е „родено“ на 1 јануари 1999 година, и во почетокот постоеше само како виртуелна валута што се користеше во сметководствени и финансиски трансакции. Физичката реалност ја имаше три години подоцна, а сега го користат повеќе од 340 милиони луѓе во 19 европски држави.

Валутата не беше веднаш засакана и на неа се гледаше како на зголемена цена, па така и прекарот во Германија во почетокот и беше „теуро“ што значи – скапо.

Еврото денес е популарна валута и покрај јакнењето на евроскептичните и популистички движења во голем број држави.

Во анкета на ЕЦБ 74 отсто граѓани на еврозоната сметаат дека еврото е добар за ЕУ, а 64 отсто дека бил добар и за нивната држава.


Еврото се вкорени кај населението, па дури и антиестаблишментски партии тоа мора да го признаат, вели Николас Верон од аналитичкиот центар Бругел од Брисел и Петерсон институтот за меѓународна економија во Вашингтон.

Еврото сега е втора светска валута иако се уште не може да се доведе во прашање доминацијата на американскиот долар.

Пресуден момент за еврото беше финансиската криза од 2008 година која кулминираше со спасување во неколку држави, доведувајќи ја валутната унија и заедништвото во неа на раб на „пукање“.

Експерти тврдат дека тој период открил инхерентни маани на тој проект вклучително непостоење фискална солидарност во облик на поделба на долгови, вложување и ризици или непостоење кредитори во крајна потреба. Кризата откри и економски разлики меѓу државите членки особено меѓу фискално помудриот север и презадолженито југ.

За да продолжи да циркулира во еврозоната и да се спречи закана од дефлација, пад на цените и економските активности, Европската централна банка во изминатите години презема незапамтени мерки. Одреди каматните стапки да бидат рекордно ниски, понуди евтини заеми за банките и откупи нешто повеќе од 1,6 билиони евра државни и корпоративни обврзници меѓу 2015 и 2018 година.

Бидејќи инфлацијата се доближи до саканата вредност од под два отсто, тие мерки се оценети како успешна монетарна политика.

Сепак, аналитичари забележуваат дека 19 членки на еврозоната не направиле доволно за потребните политички реформи за подобра подготовка за идни кризи и да постигнат поголема економска конвергенција.

Обидот на францускиот претседател Емануел Макрон за воведување функција министер за финансии во еврозоната или европска верзија на ММФ, отфрлени беа уште во почетокот.

ЕЦБ во меѓувреме, направи колку што можеше за да го зацврсти еврото, вели Жил Моек поранешен економист во француската национална банка.

Аналитичарот Вернон вели дека е оптимист и дека еврото зајакнало со расчистување на билансите на банките со ставање под контрола на државните долгови и вонвредните мерки на ЕЦБ.

Еврото сега е колос со стапала од цигли, а не од глина, вели тој.

Сепак, банкарската унија што долго се планира се уште не е довршена поради несогласување околу воведувањето единствена европска шема за осигурување депозити. 

Промовирани огласи »

Гинеколошкиот оперативен тракт на болницата „Мајка Тереза“ во Скопје беше комплетно реновиран со донација на компанијата Алма-М.

По четири децении од неговата изградба, овој дел од болницата никогаш не претрпел обнова и покрај тоа што во последните три години е забележано сукцесивно зголемување на обемот на работа и бројот на породувања од 10% на годишно ниво, сигнализирајќи дека е потребна итна реновација.

Се радувам што со Новата година, пациентите на нашата куќа ќе добиваат услуга на повисоко ниво, а нашите колеги прекрасни услови за работа. Конечно, сакам во името на целиот персонал на СБГА Мајка Тереза, да упатам јавна и огромна благодарност до Компаниите Алма-М, како главен донатор, како и Ефтинија Импектс и Темпо99, изјави директорот на болницата Башким Исмаили.

За овој проект, компанијата Алма-М како главен донатор, со помош на компаниите Ефтинија Импелс и Темпо99, издвоија над 6.000.000 денари за целосна реконструкција на 420 м2 простор, со комплетно реновирање на двете гинеколошки операциони сали, со поставување на централен довод на гасови, реновирање на одделот на интензивна нега и на сите помошни простории неопходни за работата на тимот на трактот.

Како општествено одговорна компанија, ние имаме годишен буџет за донации. Досега поголемиот дел на нашите донации биле насочени кон образованието. По неколку разговори и состаноци со директорот на клиниката д-р Башким Исмаили, одлучивме нашиот буџет за оваа година целосно да го насочиме кон оваа клиника и да извршиме реновирање на овој тракт. Оваа одлука ја донесов бидејки инвестициите во образованието се многу важни во градењето на подобра иднина, но инвестициите во здравството спасуваат животи, истакна Муарем Муртезани, сопственик на Алма-М.

Промовирани огласи »

Разговорот за работа е првата можност за работодавците да ги запознаат идните соработници. Оние што бараат работа треба да ги уверат во своето знаење, искуство, професионалност и да остават добар впечаток. Тоа секако ја опфаќа и облеката што ја носите бидејќи и таа претставува дел од вашиот карактер.

Но, една боја никако нема да ви оди во прилог. Станува збор за портокаловата боја. Интервјуа со повеќе од 2.000 експерти за вработување покажуваат дека токму таа боја најчесто ја поврзуваат со непрофесионален пристап кон работата. Како што пишува „Тајм“, иако истражувањето е спроведено во 2013 година, тимот на „Кариер Билдер“, кој стои зад него, вели дека резултатите се релевантни и денес.

Целта на секое интервју е да се покажат вредностите што ги носите во компанијата. Златното правило гласи: бидете сигурни дека луѓето ве помнат повеќе од облеката што сте ја носеле, вели Мишел Ејмер од „Кариер Билдер“.

Работодавците препорачуваат да облечете нешто сино или црно бидејќи тие две бои се поврзуваат со карактеристиките на тимскиот играч кој е способен да го преземе водството ако и кога тоа е потребно.

Исто така, експертите за вработување ја поврзуваат сивата боја со логичкото размислување, белата со организираноста, кафеавата со лице на кое може да се потпрат, а црвената со силна и самоуверена личност.

Комбинацијата на облека што ќе ја облечете на интервју треба и тоа како добро да ја смислите, смета Марти Ландсторм, експерт за вработување на жени.

Ако барате работа, моја препорака е на интервјуата да носите нешто што ви стои совршено, во што се чувствувате удобно. Но, битно е и да го проверите дрес-кодот на компанијата во која одите бидејќи не е пожелно премногу да се разликувате – истакнува Марти.

Најдобро би било да искомбинирате неутрални нијанси од темносина, сива или црна боја.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »