Промовирани огласи »

Вработени во компанијата Турија од Бихаќ, БиХ, го изненадија својот колега Сеад Хоџиќ и му поклонија автомобил Фиат Пунто.

Сопственикот на фирмата, Мухамед Селимовиќ, откри дека неговите работници спонтано дошле до оваа идеја и дека сите донирале пари за овој великодушен подарок.

-Сеад се вработи пред една година и тој навистина е вредно и златно момче. Пред еден месец го положи возачкиот испит, но проблемот е во тоа што нема автомобил и постојано се мачи да дојде на работа бидејќи не живее толку блиску, изјави Селимовиќ.

Тој додаде дека Сеад доаѓа од големо семејство со понизок животен стандард и дека неговата плата им е единствениот извор на приход.

-Да, автомобилот навистина е половен, но е во многу добра состојба и се надевам дека долго време ќе го служи, заклучи Селимовиќ.

Сеада Хоџиќ беше изненаден од овој гест на неговите колеги.

-Кога дојдов на работа, ме дочека целиот колектив и на почетокот не знаев за што станува збор. Морав да одам со затворени очи и кога ги отворив, имав што да видам. Ова е најдобриот новогодишен подарок што можев да го добијам, па дури беше врзан и со црвена панделка, вели тој.

Промовирани огласи »

На зелените пазари  не смее да се продава ништо што нема прехранбена намена. Значи, облека, обувки, текстил и сите непрехранбени производи.

Исто така, оние кои продаваат зад тезгите мора да имаат лиценца, а неа не може да ја добијат вработени и пензионери.

Оваа нова законска регулатива беше донесена пред шест месеци и стапи на сила од првиот ден на 2019 година, а колку таа ќе се применува ќе видиме од резултатите на инспекциите, каде пазарните инспектори ќе бараат лиценци за работа.

За продавање без лиценца, немање документи за потекло на производот, предвидени се глоби од 150 до 2.000 евра.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои до 31 декември не се регистрираа во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок, ќе може тоа да го направат и утре и наредните денови.

Од Управата велат дека не им е целта да казнуваат, па нема да вратат ниту еден граѓанин кој сака да се регистрира, но не се пријавил на време. Даночниците ќе се обидат да стапат во контакт и со тие кои воопшто не покажале интерес.

До утрината на 31.12 се регистрирани над 650.000 граѓани, но конечната бројка ќе се знае утре. Задоволни сме од одзивот на граѓаните, тој е речиси 100 процентен. Системот е отворен и секој кој го пропуштил рокот ќе може и од утре да ја донесе пријавата во УЈП. - велат од УЈП

Според првичната информација во електронскиот систем требаше да се регистрираат околу 920.000 граѓани. Но, УЈП од обврската ги ослободи пензионерите кои земаат само пензија од државниот ПИОМ. Останатите пензионери пак кои имаат дополнителни приходи или странски пензии требаше да отворат мејл и да се регистрираат во УЈП.

Раководството на Управата тврди дека нема казни за тие кои нема да се пријават, но ризикуваат да бидат третирани како даночни затајувачи за што се предвидени казни од 100 до 200 евра.

Ова е првата година кога граѓаните нема да одат на шалтерите на УЈП туку до крајот на април ќе добијат пополнета годишна даночна пријава на мејл адресите. Обврската ќе биде само да ја потврдат или корегираат доколку податоците не се точни. А доколку тоа не го направат до крајот на мај УЈП ќе ја смета таа Годишна даночна пријава за потврдена.

Промовирани огласи »

Од денеска забрана за прием во градинка за сите деца од Скопје кои не ја примиле МРП вакцината. Оваа мерка ја донесоа здравствените власти по ширењето на малите сипаници во речиси сите скопски општини.

Прогласија епидемија во главниот град бидејќи изминатите два дена биле регистрирани 12 случаи на морбили од кои 6 и официјално биле потврдени а за останатите чекаат лабораториски резултати. Од Здравствениот санитарен и здравствен инспекторат веднаш ќе достават решенија до сите градинки и очекуваат вработените да ја почитуваат наредбата.

Донесовме ваква мерка, видете, 15 000 невакцинирани е сериозна и голема бројка и не смееме да дозволиме ширење на заразата имајќи во предвид како е во другите земји околу нас, вели Венко Филипче, министер за здравсто.

Ќе вршиме контроли во градинките и ќе видиме дали почитуваат мерки, ова моравме да го донесеме бидејќи не смее да се дозволи работите да излезат од контрола, вели Лилјана Ристевска, инспектор во ДСЗИ.

Дури осуммина од новозаболените се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Меѓу нив има и осуммесечно бебе кое добило компликација од морбили.

Имаме со бронхопневмонија, со гастроинтестинални проблеми и двајца се со посериозни компликации, вели др. Сања Маринковиќ од Клиника за инфективни болести.

Во услови на епидемија надлежните велат дека ќе биде намален и прагот за вакцинирање и ќе боцкаат и деветмесечни бебиња. Епидемиолозите апелираат до родителите да ги вакцинираат децата за да не дојде до масовно ширење на болеста која може да биде и смртоносна.

Ние сме имале пред 40 години епидемија каде имало голем број смертни случаи. Такво нешто не смееме да дозволиме, вели Жарко караџовски, епидемиолог во ИЈЗ

Од Комисијата за заразни болести кои ја донесоа одлуката за забрана во одење во градинка се свесни за револтот кој ќе настане кај родителите, но велат законите мора да ги почитуваат сите. Претходно беше прогласена епдиемија во Радишани каде имаше 7 случаи од кои 5 дечиња од градинка.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »