Промовирани огласи »

Високи казни за оние кои нема задолжително да ги кастрираат своите домашни миленици, ова е клучната измена во Законот за заштита и благосостојба на животните, предложен од страна на група пратеници од власта, со кој тие се убедени дека ќе се намали бројот на улични кучиња.

Во образложението на предлог-измените стои:

Сопствениците на кучиња кога тие се во репродуктивен период се должни да ги кастрираат или ојаловат во ветеринарни амбуланти, болници и клиники овластени со законските одредби за ветеринарна здравствена заштита, освен сопствениците на кучиња кои имаат регистрирано одгледувачници. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучиња, се вели во текстот.

Се предлага казна од 100 евра за сопствениците на кучиња кои нема да ги кастрираат и ојаловат своите миленици, како и зголемување на глобите за правни лица од 100 на 700 евра, доколку ги прекршат одредбите од член 27 од Законот, односно ако не го пријават своето куче еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, потоа ако не истакнат табла која укажува на присуство на куче, ако на јавни места не ги држат на поводник, потоа ако не го пријават леглото во ветеринарна амбуланта, ако не ги пријават лицата кои ги вдомиле.

Со измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на милениците што го предлага Агенцијата за храна и ветеринарство се забранува неконтролирано размножување и продажба на миленици, се забранува продажба на мачки и кучиња во продавниците за миленичиња, како и продажба на овие животни на малолетни лица.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата.

Од полноќ бензините поевтинуваат за 2,50 денари, а дизелот 3 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,227ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 25,949 ден/кг.

Промовирани огласи »

Државните здравствени и санитарни инспектори, од денеска продолжуваат со контроли по градинките, по времената мерка забрана за прием на невакцинирани деца со МРП вакцина, информира за „Мета“директорката на инспекторатот, Ирина Бухова.

Нашите инспектори се на терен откако започна забраната. Од сите градинки кои досега се поминати на територија на Скопје, во ниту една не беа направени отстапки. Но, морам да нагласам дека сепак најверојатно поради празниците и распустот, во градинките беа згрижени многу мал број на деца. Од денеска контролите продолжуваат и ќе траат се` додека е на сила решението за забрана за прием на невакцинирани деца – информира Бухова.

Таа потсетува дека има парични казни за правното и за одговорното лице во случај во некоја градинка да се затекнат деца без примена вакцина.

Казната за правното лице се движи од 2.000 до 4.000 евра, а одговорното лице треба да плати 30 отсто од одредената сума за правното лице – вели директорката.

Инаку денеска во 17 часот е најавен протест на членови на движењето „Вакцинизам“, пред Министерството за здравство, кои се против ваквата забрана. Тие протестираа и пред неколку дена, а изјавија дека паричните казни нема да ги предомислат и дека ќе ги оставаат децата во градинка, со и без дозвола на надлежните.

Министерството за здравство прогласи епидемија од морбили на 3 јануари. За прв пат се донесе мерка – забрана за прием на невакцинирани деца со МРП вакцина за морбили, рубеола и паротитис. За да можат да посетуваат градинка, наложено е прво да појдат на вакцинација. Оттогаш досега, како што информираат во Министерството за здравство, вакцинирани се повеќе од 1.000 деца.

Промовирани огласи »

Време е на зимски распуст и патувања, а македонските возачи треба да се свесни дека поради временските услови на патиштата е потребна зголемена внимателност и како и секогаш почитување на пропишаните правила. Законските обврски предвидуваат зимска опрема, секако и децата да се возат во детско седиште. Кога ова последното е во прашање, граѓаните и покрај тоа што ги возат најмилите, знаат тоа да го прват и без да ги врзат во специјализирано за нив, седиште за во возило. Во сите земји од регионот, во Европа, таа обврска доследно се почитува, а полицијата ги казнува возачите кои не го прават тоа. Казни има и во соседна Бугарија, во Србија, но и во Унгарија, Австрија, Хрватска, Словенија. Надлежните потсетуваат дека граѓаните сега во ек на зимски одмори треба да се свесни дека мора да го почитуваат ова правило, но не само заради тоа што ќе платат казни туку и затоа што тоа е клучно за безбедно возење на децата. 

Таа е законска обврска и кај нас, но според официјалната статистика од Министерството за внатрешни работи, од 2015 ггодина или од кога оваа обврска е задолжителна до средината на минатат година изречени се само 39 глоби за овој прекршок низ цела држава. Казната е 35 евра и 15 негативни поени. Во исто време црната статистика на смртност на децата во сообраќајни незгоди е поразителна.

Фактор веќе пишуваше дека доста родители се убедени дека нивното новороденче никој не може подобро да го заштити од нив самите, а посебно не „корпата“ во која ќе биде стегнато со некакви појаси. Според сите тестови, во случај на незгода, речиси е невозможно да се задржи детето во прегратка. Испитите покажале дека во таков случај дури и да успее родителот кој го држи детето да го задржи кај себе, често рефлексно го стегаат па се прави дополнителен проблем.

А македонската сообраќајна статистика не е светла. Според податоците децата се често дел од сообраќајните незгоди. Бројките од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажуваатоти во 2015 година, од 148 загинати лица во сообраќајни незгоди, 22 биле деца до 18 години, а 9 од нив биле деца на возраст до 4 години.

Закон за задолжително детско седиште во автомобилот се воведе пред три и пол години. Според статистиката вкупно 4 глоби се напишани за првите шест месеци од 2018 поради непочитување на Законските правила за поставување детско седиште во автомобил. 

Од РСБСП неколкупати апелираа до возачите, до родителите, да го почитуваат Законот и да ги заштитат своите деца од повреди и загуби односно да користат соодветно детско седиште.

Употребата на детски седишта, ја намалува смртноста кај децата за 50 отсто, а кај бебињата и до 70 проценти.

За комплетна заштита на децата во сообраќајот особено е важно да се одбере соодветно седиште и истото правилно да се постави. Детските седишта се поделени во неколку групи, во зависност од телесната тежина на детето, а  постојат и различни модели од  повеќе производители, кои можат да ги збунат родителите. За да одберат правилно  родителите најдобро е да се одлучат за седиште со ознака ECE R44, која означува дека се работи за производ во согласност со строгите законски прописи и безбедносната регулатива на Европската унија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »