МВР набавило 240.000 бланко обрасци за пасоши со името Република Македонија кои се во царинското депо и истата вест ги вознемири грчките медиуми.

Алфа ТВ при објавувањето на информацијата прашува зошто министерството за внатрешни работи се одлучило за ваков потег кога за десетиона дена се очекува да се изгласаат уставните измени во согласност со Преспанскиот договор.
Од ресорот ја потврдиле информацијата со тоа што дале објаснување дека сепак е потребно да помине долго време за да дојде до промена на официјалните податоци на личните документи како што налага Спогодбата од Преспа.
- Дури и да бидат изгласани уставните измени на 15-ти јануари, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување во сила на измените, велат од Министерството за внатрешни работи.