Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека уличниот дефект на Кирил и Методиј 48 во населба Центар е
саниран, водоснабдувањето е нормализирано на 04.01.2019г. во 11:00 часот.

Промовирани огласи »

МВР набавило 240.000 пасоши на кои пишува Република Македонија

Грчките медиуми се вознемирија

МВР набавило 240.000 бланко обрасци за пасоши со името Република Македонија кои се во царинското депо и истата вест ги вознемири грчките медиуми.

Алфа ТВ при објавувањето на информацијата прашува зошто министерството за внатрешни работи се одлучило за ваков потег кога за десетиона дена се очекува да се изгласаат уставните измени во согласност со Преспанскиот договор.

Од ресорот ја потврдиле информацијата со тоа што дале објаснување дека сепак е потребно да помине долго време за да дојде до промена на официјалните податоци на личните документи како што налага Спогодбата од Преспа.

- Дури и да бидат изгласани уставните измени на 15-ти јануари, потребен е временски период за менување на процедурите и законските промени, како и за стапување во сила на измените, велат од Министерството за внатрешни работи.

Промовирани огласи »

Македонските пензионери ќе земаат пензија на секој први во месецот

Стопанска банка информира дека од први февруари на пензионерите кои имаат сметка во нивната банка ќе им исплатува пензија на секој први

Стопанска банка информира дека од први февруари на пензионерите кои имаат сметка во нивната банка ќе им исплатува пензија на секој први во месецот без оглед кога ПИОМ ја исплатува пензијата. Таква практика досега имаа и некои други банки. 

Со почеток од 1-ви февруари 2019, Стопанска банка АД – Скопје почнува да врши исплата на пензиите на првиот работен ден во месецот за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), на нивна денарска сметка во Стопанска банка АД-Скопје, соопштуваат оттаму.

Промовирани огласи »

Ниските плати Македонија ја рангираат на непопуларни места кога се во прашање листи за примања.

Нашата земја е речиси на дното на листата, заедно со Албанија, Косово, Молдавија, по просечна нето-плата меѓу државите во Европа за 2018 година.

За разлика од македoнските 390 евра, во Европа платите се многу повисоки. 

Така Франција има 2.225 евра, Шпанија 1.749 евра, Португалија 925, 1.758 во Италија. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »