Промовирани огласи »

На Фејсбук страната на Движењето Беса, постирана е „фотошоп“ верзија на тоа како во иднина би изгледала лична карта на Албанците во „Северна Рeпублика Македонија“ со кусо објаснување какви придобивки обезбедило оваа партија во преговорите со премиерот Зоран Заев.

1. Загарантирано државјанство за Албанците.

2. Во личните карти ќе има графа на етничка, албанска припадност.

3. Албанската дијаспора од Македонија ја воведовме во уставот.

4. Ние не го затворивме поглавјето за правата на Албанците.

5. Движење Беса ја запечати иднината на Северна Македонија во НАТО.

Интересно е дека државјанството – македонско ќе биде напишано на албански, а ќе има и посебна графа за етничката припадност, нешто што во сегашните лични карти – го нема.

Промовирани огласи »

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ја покажа и пушти во промет новата редизајнирана картичка „скопска“ и тоа во два вида – персонализирана и неперсонализирана. Изгледа урбано со повесели бои и некаков цветен дизајн – асоцијација на нешто весело, пријатно, чисто. Ниеден од трите атрибути не соодветствува прво на цената на картичките, а потоа и на амбиентот во автобусите на ЈСП.

За дел од граѓаните ова е смешно, велат кога нешто се почнува да се менува треба да се почне од суштината кон изгледот, а не обратно.

И? Што ако има нова скопска?! На пример, линијата 118 кон Визбегово, никогаш, ама никогаш нема дојдено според планот на возен ред запишан на веб-страната на ЈСП. Прво почнува да доцни, па почнувам да се јавувам во централата на ЈСП, од каде како „од марс паднати“ ми велат „не знаеме зошто доцни и кога ќе дојде“. Надвор минусни температури, стоиме луѓе собрани и по 45 минути секој ден, а 118 некогаш доаѓа, некогаш не, раскажува Александра Ј. која работи во една од фирмите во Визбегово и секој ден патува на релација Визбегово- Аеродром.

Според неа, козметички корекции, како оваа на картичките, не треба да има, ами суштински на квалитетот на транспортот, кога веќе цената на билетите не е ниска како порано.

Но наспроти ова од ЈСП се фалат дека картичката била со специјална заштита за да не можело да биде злоупотребена.

Новите картички „скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба. Идејата и одлуката за новиот дизајн на „скопска“ се симболично поврзани со планираните новини што ЈСП-Скопје ќе ги реализира во текот на годинава, како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата – информираат од ЈСП.

А што се однесува до останатите реформски проекти, претпријатието ги најави следниве:

Во текот на април да се воведе и електронски билет за едно возење, а од јуни да се имплементира и напредна апликација за паметни уреди, со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користењето и купувањето на нашите услуги.

Паралелно ќе го надградиме системот за електронска локација на возилата, кој ќе овозможи попрецизно и визуелно информирање на граѓаните за да можат полесно да го планираат патувањето, соопштуваат од ЈСП.

И додека ЈСП сонува сајберски, можеби следната, нова или редизајнирана картичка, ќе ги „носи“ навреме возачите на автобуските станици… Како и да е, граѓаните плаќаат и очекуваат вистинска услуга, а не шминка. Впрочем, јавниот превоз треба да е опцијата наместо автомобилите во екстремно загадените денови нели?

Промовирани огласи »

Ова е насловот на веста за Горјан Јовановски, креаторот на апликацијата Мој воздух која на Скопјани им даде најдобар увид за квалитетот на воздухот во главниот град.

Според Форбс, македонските градови Тетово и Скопје се едни од најзагадените градови во светот во 2018 година со индекси на загаденост од 95.57 и 83.53.

Горјан Јовановски е софтвер инженер кој во 2014 година ја креираше апликација Мој воздух, која собира податоци од различни делови во Македонија. Според Горјан, популарната апликација меѓу Скопјани започнала како вебстрана, со што потоа станала апликација за полесен пристап до информациите од страна на граѓаните. Тој додава дека претходно ниту една платформа не овозможувала пристап на граѓаните до ваквите информации на јасен и разбирлив начин и тоа била неговата причина за креирање на оваа апликација.

Според него, луѓето воопшто не верувале дека е толку загадено. Граѓаните знаеле дека не е најдобро, но понекогаш е дури 20 пати повисоко од дозволениот лимит.

Мој воздух е даулоундирана од 100.000 корисници на Android и iOS платформата, а таа опфаќа податоци од околу 40 мерни станици низ Македонија.

Повеќе за Горјан Јовановски и апликацијата Мој воздух можете да прочитате на следниот линк.

Промовирани огласи »

Индонезија би можела да влезе во првите пет економии во светот до 2030 година. 

Standard Chartered излезе со ваква прогноза. 

Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот и е земја со најголем број на муслимани. 

Индонезија има мешана економија во која и приватниот и државниот сектор имаат значајна улога. Индонезија е најголемата економија во југоисточна Азија и е членка на големите економии Г-20. Номиналниот бруто домашен производ во 2010 година изнесуваше 706.72 милијарди долари, номиналниот БДП по жител изнесуваше 3.015 долари, а БДП според паритетот на куповна моќ изнесуваше 4.394 долари. Индустрискиот сектор е најголем со 46.4% од вкупниот БДМ, потоа услужниот сектор со 37.1% и земјоделството со 16.5%. Сепак, од 2010 година услужниот сектор има најмногу вработувања односно 48.9% од вкупната работна сила, потоа земјоделството со 38.3% и индустријата со 12.8%. Сепак, земјоделството со векови беше најголемиот работодавец.

Главни извозни пазари се Јапонија (17.28%), Сингапур (11.29%), САД (10.81%) и Кина (7.62%). Најголеми увезувачи во Индонезија се Сингапур (24.96%), Кина (12.52%) и Јапонија (8.92%). Во 2005 година Индонезија имаше трговски суфицит со извозни приходи кои изнесуваа 83.64 милијарди долари и увозни трошоци кои изнесуваа 62.02 милијарди долари. Земјата е богата со природни ресурси како што се: сурова нафта, природен гас, калај, бакар и злато. Индонезија увезува машини и опрема, хемикалии, горива и прехрамбени производи а извезува нафта и гас, електрични апарати, иверица, гума и текстил.

фото Википедија

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »