Промовирани огласи »

Германија планира да „увезе“ 120.000 лекари. Кадри се бараат за местата во Германија кои важат за побогати и понаселени.

Болниците и домовите за стари лица во Германија се подготвени да платат од 500 до 2000 евра за да најдат работник од странство кој пробно ќе работи 6 месеци.

Но,  побарувачката на кадри оди чекор понатаму, така што Германците веќе имаат поделено промотивни материјали и по училиштата во Србија. На овој начин Германците настојуваат да си ја обезбедат работната сила која ја немаат.

На учениците им нудат волонтирање, стипендирање, пракса, и вработување, а одличното знаење на германски јазик не е задолжително.

Промовирани огласи »

Креативна реклама на српскиот политичар и Премиер Александар Вучиќ. Коментарите сепак се поделени, за тоа дали оправдуваат или не ваква реклама. Погледнете и проценете сами:

Промовирани огласи »

Вишиот суд во Нов Зеланд донесе денеска одлука основачот на Мегааплоуд, Ким Дотком, обвинет од Вашингтон дека организирал масовно пиратство на Интернет, да биде екстрадиран во САД.

Одбраната на претприемачот со германско потекло, чие виситнско име е Ким Шмицм изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата на Вишиот суд, кој ја потврди пресудата во прва инстанца од декември 2015 година.

Адвокатот на Дотком, Рон Мансфилд изјави преку соопштение дека денешната одлука е „исклучително разочарувачка“, но додаде дека одбраната не се чувствува победена.

Судијата Мари Гилберт сепак процени дека располага со доволно материјали, за да одлучи Дотком и уште тројца основачи на сајтот да бидат екстрадирани.

Аферата почна во јануари 2011 година, кога новозеландската полиција организира спектакуларен претрес во луксузната резиденција на Дотком.

Американското правосудство и ФБИ го обвинуваат дека организирал преку Мегааплоуд, затворен од властите во САД, масовно незаконско симнување на песни, телевизиски програми и филмови. Според обвинението Дотком и тројцата негови партнери, Фин Батато, Матиа Ортман и Брам ван дер Колк оствариле 175 милиони долари приход од својата дејност и нанеле штета за повеќе од половина милијарди долари на сопственици на авторски права.

Доколку биде екстрадиран во САД тој може да добие 20-годишна затворска казна. 

Промовирани огласи »

Шефовите на ММЦЦ здружението на најдобрите Македонски готвачи ја збогатија колекцијата медали со сребро и бронза од најголемиот натпревари на Балканот ИККЕР 2017.

Имено, на 3.интернационален куп на готвачите на европските региони –ИККЕР 2017 кој се одржува во Макарска од 17-19.02.2017 година во хотелот Мирамаре.

На третиот Интерегионален куп на готвачите на европски региони на едно место се собрани 15 најдобро пласирани готвачи од натпреварувањата одржани во 2016 година и помеѓу нив ќе се одбере оној кој ќе ја понесе титулата за најдобар интерергионален готвач за 2017 година.

Златниот медал му припадна на Јадран Грнчиќ од Хрватска додека шефовите на ММЦЦ Никола Мишковски и Дејан Карапеев го освоија второто и трето место.
Честито момци!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »