Промовирани огласи »

Ве известуваме дека на ден 18.01.2018г поради уличен дефект ф-100мм на бул.Јане
Сандански 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците зградите 37, 39, 41 и 43 на
булеварот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:00 до завршување.

Промовирани огласи »

Тезгите затворени, пазарџиите на протест

Пазарџиите од Зелениот пазар и Бит-пазар денеска излегоа на протест.

Пазарџиите од Зелениот пазар и Бит-пазар денеска излегоа на протест. Тие велат дека лиценци не вадат, и дека инспекции на пазарите се уште нема, но веќе се забележува дека тезгите на пазарите се се попразни.

Од комората на трговци кажаа дека законот веќе почнал да се спроведува, и уверуваа дека ова е добро законско решение. Сепак издавањето на лиценци оди слабо – досега издадени се околу 50.

Нема да склучуваат нови договори за закуп на тезги. Со дописи до економскиот тим на Владата, како и самиот премиер, ќе бараат законот да се одложи или измени, велат пазарџиите.

Министерот за економија кажа дека дописот стигнал до него, но тој не е вистинската адреса каде треба да се обратат. Тој може да им помогне само во делот на измена во правилниците, но не и на целиот закон.

Пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.

Со новиот закон за зелени пазари секој закупец на тезга треба да плаќа годишна лиценца од 60 евра, а за секоја дополнителна плус 40 евра.

Промовирани огласи »

Регистрирај се!

KARIERA.mk со поддршка на PWorld, организира премиум целодневна обука која ќе се одржи на 11.02.2019 година во Скопје. Обуката ќе биде предводена од светскиот признат HR специјалист од Facebook - Maud Durand.

Maud Durand магистрирала во управување со човечки ресурси, и смета дека HR е професија, која секогаш ја инспирира и ја турка да оди понатаму и подлабоко во нејзините идеи. Таа во Facebook дојде од најпознатиот сервис за бизнис вмрежување LinkedIn, каде што имаше можност да им помогне во креирање и спроведување на скалест модел за регрутирање. Maud тука повторно се стакнува со искуства за важноста на регрутерството и одбирањето на кадар во процесот на вработување и повеќе од било што, комбинирање на нешта што таа ги сака: здобивање со нови таленти, бизнис партнерство и стратегија.

Ова е одлична можност доколку сакате да поминете еден ден со една од најпознатите признати светски експрети за човечки ресурси.

Побразајте и резервирајте го Вашето место!

Регистрирај се!

Тагови: Facebook

Промовирани огласи »

Од наредната недела се очекува зголемување на цената на горивата во Македонија

Во моментов бензините се продаваат за 58,5 односно 60 денари по литар, а нафтата за 55 денари.

По една релативно долга серија во која регулаторот ги намалување малопродажните цени на нафтените деривати, од вторник веројатно ќе возиме поскапо гориво. Движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон го најавува тоа.

Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.

Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се  зголемат за околу денар до денар и половина по литар.

Минатиот вторник, цените се намалија за 2,5 односно 3 денари по литар. Во моментов бензините се продаваат за 58,5 односно 60 денари по литар а нафтата за 55 денари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »