На површина од 90 хектари во општина Ѓорче Петров ќе биде лоциран новиот Клинички центар. Конечната одлука до крајот на месецот треба да ја донесе Владата, но според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово било највисоко рангирано, пренесува Сител.
Министерството за здравство направило и своја методологија за бодување на предложените локации а имале и стручна дебата со претставници од повеќе државни институции и архитекти.
Ги бодувавме сите три во поглед на пристапност, местоположба, водовод струја што е многу важно и при крај сме со тие анализи и следните недели Владата треба да одлучи за изборот на локацијата, но како сега стојат работите со бодувањето Ѓорче Петров е во предност. Исто така општината е во предност а веќе прават и план за урбанизирање на тој простор, вели Венко Филипче, министер за здравство.
Локацијата во Злокуќани отпадна бидејќи на предвидениот простор за изградба на Клинички имало многу приватно земјиште што дополнително ќе го оптовари буџетот и ќе го пролонгира почетокот на градбата. Во меѓувреме, здравствените власти интензивно бараат и пари за новиот објект.
Правиме пределаборати и како ќе изгледа објектот, разговаравме со директори на клиниките што се им треба. Од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата и сме по потрага по партнери за кредитирање на новиот клинички. Имамме позитивни сигнали од банвката при советот на европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме, вели Филипче.
Инаку надлежните изгубија цела година во потрага по локација за изградба на новиот клинички центар. Од опозицијата обвинуваа дека како тргнале до 2030 година нема да има нов објект. Но надлежните се убедени дека со изградбата на објектот во Ѓорче на место кое е целосно во државна сопственост нема да губат време за решавање на имотно правни односи.
Стенд уп-На ова место под обиколницата викано Веле Поле до крајот на годината треба да бидат удрени темелите на новиот клинички центар. Покрај здравствениот објект, според информации на Сител се планира и изградба на населба со апартмани за млади доктори кои ќе специјализираат во медицинскиот кампус.
Проценките се дека новиот Клинички центар ќе чини од 400 до 500 000 милиони евра.