Промовирани огласи »

На површина од 90 хектари во општина Ѓорче Петров  ќе биде лоциран новиот Клинички центар. Конечната одлука до крајот на месецот треба да ја донесе Владата, но според досегашните анализи и проценки на здравствените власти, местото  под обиколницата на излезот од Скопје кон Тетово било највисоко рангирано, пренесува Сител.

Министерството за здравство направило и своја методологија за бодување на предложените локации а имале и стручна дебата со претставници од повеќе државни институции и архитекти.

Ги бодувавме сите три во поглед на пристапност, местоположба, водовод струја што е многу важно и при крај сме со тие анализи и следните недели Владата треба да одлучи за изборот на локацијата, но како сега стојат работите со бодувањето Ѓорче Петров е во предност. Исто така општината е во предност а веќе прават и план за урбанизирање на тој простор, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Локацијата во  Злокуќани отпадна бидејќи на предвидениот простор за изградба на Клинички имало многу приватно земјиште што дополнително ќе го оптовари буџетот и ќе го пролонгира почетокот на градбата. Во меѓувреме, здравствените власти интензивно бараат и пари за новиот објект.

Правиме пределаборати и како ќе изгледа објектот, разговаравме со директори на клиниките што се им треба. Од 400 до 500 милиони евра ќе чини изградбата и сме по потрага по партнери за кредитирање на новиот клинички. Имамме позитивни сигнали од банвката при советот на европа која ни е долгогодишен партнер и сум уверен дека ќе најдеме, вели Филипче.

Инаку надлежните изгубија цела година во потрага по локација за изградба на новиот клинички центар. Од опозицијата обвинуваа дека како тргнале до 2030 година нема да има нов објект. Но надлежните се убедени дека со изградбата на објектот во Ѓорче на место кое е целосно во државна сопственост нема да губат време за решавање на имотно правни односи.

Стенд уп-На ова место под обиколницата викано Веле Поле до крајот на годината треба да бидат удрени темелите на новиот клинички центар. Покрај здравствениот објект, според информации на Сител се планира и изградба на населба со апартмани за млади доктори кои ќе специјализираат во медицинскиот кампус.   

Проценките се дека новиот Клинички центар ќе чини од 400 до 500 000 милиони евра.

Промовирани огласи »

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани до владата ќе поднесе инцијатива со која ќе се побара воведување на седумчасовен работен ден.

Меѓутоа, УПОЗ ќе бара прогласување на 2-ри јануари и 2-ри мај за неработни денови.

Ова денеска го најави претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски кој посочи дека е време Македонија да се приклучи на европските трендови и во новиот Закон за работни односи кој е во фаза на изработка да се утврди седумчасовен работен ден, односно 35-часовна работна недела.

Со седумчасовното работно време ќе се врши подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време за 10,2 проценти од секој работник, теоретски ќе доведе до потреба од ангажирање на дополнителен број работници. Од социјален аспект нашето барање го аргументираме со тоа што ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството и рекреација, изјави Грујовски.

Од УПОЗ предлагаат 2-ри јануари повторно да биде прогласен за празник а традицијата на одбележување на меѓународниот ден на трудот, сметаат дека треба да продолжи и покрај 1-ви и 2-ри мај да биде прогласен за празник.

Промовирани огласи »

Од април дополнителни боцкања за бебињата во центрите за имунизација. Вакцините против пневмококна бактерија и рота вируси ќе бидат задолжителни за сите деца. Иако здравствените власти ги најавуваа по нова година, го пролонгираа проширувањето на календарот поради незавршениот тендер за набавка на вакцини.

Постапката за јавна набавка е во тек, а во Македонија овие вакцини ќе бидат дел од задолжителниот календар за имунизација од април, оваа година. Според Календарот, децата на возраст од 1 година треба да ги примаат овие вакцини, стои во писмениот одговор од Министерството за здравство.

Лекарите се убедени дека додавањето на овие две вакцини во календарот за имунизирање е во интерес на малите деца бидејќи и двете заболувања предизвикувале сериозни компликации до 5 годишна возраст.

Треба да бидат задолжителни бидејќи рота вирусите предизвикуваат чести столици и дехидрирање кај новороденчиња, а стрептокока бактеријата предизвикува пневмонија и да ви кажам и досега иако не беше задолжителна родителите доаѓаа и ги вакцинираа децата со пневмококната вакцина, вели др. Даниела Марковска од диспанзерот во поликлиника Јане Сандански. 

 И додека педијатрите сметаат дека ќе има само бенефит од нови задолжителни вакцини, родители со скептицизам за најавите на здравствените власти. Иако за дел од нив имунизацијата е причина за искоренување на голем број опасни заболувања, сепак, не веруваат дека има потреба од проширување на календарот за вакцинирање.

-Не сакам да судам, ама незнам како е во други земји дали е задолжително и дали ако дете заболи од рота вируси не се толку опасни компликациите колку на пример нус појавите од вакцините..

--Не, не верувам, јас не го вакцинирам моето дете

-Секако можеби е во ред за заштита на јавното здравје, но родителите одлучуваат, велат родители

Пневмококната вакцина е со три дози и една ревакцинација а рота вакцината ќе има две или три боцкања, но тоа надлежните ќе го утврдат по завршување на тендерот за набавка на вакцини.

Промовирани огласи »

Сосема легално може да си купите пасошите во неколку држави. 

Пасош може да ве чини 3.000 долари годишно на Тајланд до инвестиција од милион долари во САД за патна исправа од оваа земја. Во Антигва, Сент Китс и Невис или Света Луција пасошот чини од 100 до 150 илјади долари. Малта, како членка на ЕУ бара еден милион евра за пасош кој подоцна ви отвора многу врати во светот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »