Промовирани огласи »

Сосема легално може да си купите пасошите во неколку држави. 

Пасош може да ве чини 3.000 долари годишно на Тајланд до инвестиција од милион долари во САД за патна исправа од оваа земја. Во Антигва, Сент Китс и Невис или Света Луција пасошот чини од 100 до 150 илјади долари. Малта, како членка на ЕУ бара еден милион евра за пасош кој подоцна ви отвора многу врати во светот.

Промовирани огласи »

Преспанскиот договор и решавањето на спорот со Грција го привлеко вниманието на „Нешнл географик“ пред да одлучи Македонија да ја стави во топ-28 дестинации за патување во 2019-та, велат од таму за Гласот на Америка.

Ова го потврдува уредничката на магазинот, Ејми Алипио,  која потврди дека критериумот не е лесен и претходно се прави осумгодишна анализа пред да се донесе одлуката за влез во изборот.

Всушност Македонија беше на нашиот радар во последните неколку години. Секогаш бараме места кои можат да се опишат во суперлатив. Оваа година Македонија ни го привлече вниманието и со дебатата за промена на името. Македонија ја сместивме во категоријата на авантуристички дестинации, иако земјата има многу археолошки, историски и културни богатства, сакавме да ја нагласиме нејзината авантуристичка страна, вели Алипио за Гласот на Америка на македонски.

Неодамнешните вести за долготрајниот спор на Македонија со Грција го свртија вниманието кон малата балканска нација, пишува во најновото издание на Национална географија кое ја предлага Македонија како една од 28 дестинации за најдобрите патувања во 2019 година

Покрај Македонија, на листата се егзотични земји како Мексико, Сенегал, Бразил, Нов Зеланд, Колумбија, но и онакви со умерена клима како Швајцарија и Германија.

Промовирани огласи »

Не се знае дали пазарџиите ќе куртулат од новите правила за работа на пазарите. Министерот за економија вели дека неговиот ресор не е надлежен за примената на законот, туку групата пратеници кои го предложиле. Корекции може да направи само кај подзаконските акти.

Јас одржав состанок со Стопанската комора на Македонија, каде што се договоривме тие да достават конкретни предлози, што до сега не се доставени до Министерството за економија. Ние сме подготвени уште утре кога ќе ги добиеме конкретните предлози да навлеземе да видиме дали може да направиме измени во овој дел, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Пазарџиите не се доволно информирани за начинот на работа според новите правила, иако законот веќе се применува. Велат дека сè уште нема инспекции на пазарите, но се забележува дека се откажуваат тезги.

Додека организаторите на пазари со допис до сите надлежни институции бараат да се одложи или измени Закон, Комората на трговци веќе почна да издава лиценци за закуп на тезги.

Комората на трговци е подготвена и веќе издава лиценци. Значи, наместо да се регистрира во Централен Регистар, пазарџијата ќе си добие лиценца и таа лиценца него ќе му претставува фирма, со тоа што нема влезни и излезни фактури и нема сметководство, вели Екрем Долек, претседател на Комора на трговци на Македонија.

Со законот што стапи на сила од почетокот на годинава на пазарите не може да работат пензионери, трговци поединци, хонорарци или вработени лица. А за закуп на тезга треба да се поседува лиценца, што пазарџиите ги чини дополнителни 60 евра за период од една година.

Промовирани огласи »

5 милиони евра е сумата на субвенции кои ќе ги добие унгарската авиокомпанија Визер за новите авиолинии кои ги воведува од скопскиот и охридскиот аеродром.

Според најавите на надлежните договорот на кој потпис ставија Визер и Владата на РМ ќе трае до 2022 година.

Осумте долгоочекувани линии кои ги воведе Визер се од Скопје до Карлсруе / Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку и од Охрид до Малме, Милано Малпенса, Минхен Меминген и Дортмунд.

Се зголемува и бројот на неделни летови на постоечките рути на „Виз Ер“ од Скопје до Гетеборг, Хамбург, Келн, Малта и Базел.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »