Промовирани огласи »

Не се знае дали пазарџиите ќе куртулат од новите правила за работа на пазарите. Министерот за економија вели дека неговиот ресор не е надлежен за примената на законот, туку групата пратеници кои го предложиле. Корекции може да направи само кај подзаконските акти.

Јас одржав состанок со Стопанската комора на Македонија, каде што се договоривме тие да достават конкретни предлози, што до сега не се доставени до Министерството за економија. Ние сме подготвени уште утре кога ќе ги добиеме конкретните предлози да навлеземе да видиме дали може да направиме измени во овој дел, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Пазарџиите не се доволно информирани за начинот на работа според новите правила, иако законот веќе се применува. Велат дека сè уште нема инспекции на пазарите, но се забележува дека се откажуваат тезги.

Додека организаторите на пазари со допис до сите надлежни институции бараат да се одложи или измени Закон, Комората на трговци веќе почна да издава лиценци за закуп на тезги.

Комората на трговци е подготвена и веќе издава лиценци. Значи, наместо да се регистрира во Централен Регистар, пазарџијата ќе си добие лиценца и таа лиценца него ќе му претставува фирма, со тоа што нема влезни и излезни фактури и нема сметководство, вели Екрем Долек, претседател на Комора на трговци на Македонија.

Со законот што стапи на сила од почетокот на годинава на пазарите не може да работат пензионери, трговци поединци, хонорарци или вработени лица. А за закуп на тезга треба да се поседува лиценца, што пазарџиите ги чини дополнителни 60 евра за период од една година.

Промовирани огласи »

5 милиони евра е сумата на субвенции кои ќе ги добие унгарската авиокомпанија Визер за новите авиолинии кои ги воведува од скопскиот и охридскиот аеродром.

Според најавите на надлежните договорот на кој потпис ставија Визер и Владата на РМ ќе трае до 2022 година.

Осумте долгоочекувани линии кои ги воведе Визер се од Скопје до Карлсруе / Баден-Баден, Бремен, Ларнака и Турку и од Охрид до Малме, Милано Малпенса, Минхен Меминген и Дортмунд.

Се зголемува и бројот на неделни летови на постоечките рути на „Виз Ер“ од Скопје до Гетеборг, Хамбург, Келн, Малта и Базел.

Промовирани огласи »

Нема да се продолжи зимскиот распуст поради епидемијата на морбили. Ќе има теренска вакцинација во училиштата.

Вакви препораки до министерот за здравство предложила Комисијата за заразни болести. Од таму сметаат дека нема потреба да се пролонгира стартот на второто полугодие затоа што засега од мали сипаници нема заболено ниту едно дете на училишна возраст.

За невакцинираните деца ќе има имунизација на лице место, но откако претходно здравствени тимови ќе разговараат со одговорните во училиштата и ќе добијат дозвола од родителите.

Според податоците од ИЈЗ околу 3.700 деца кои одат на училиште немаат примено МРП вакцина. Од нив дури 20 проценти се првооделенчиња. А  во деветто одееление не се имунизирани помалку од 1 отсто, вели, прим. д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ и член на Комисијата за заразни болести.

Според епидемиологот Караџовски ако се изземат Скопје и Тетово каде процентот на имунизација е драстично опаднат, во останатите градови е над 95 отсто.

Инаку расте бројот на новохоспитализирани со морбили на Инфективна. Денеска се примени уште две деца и една 43 годишна жена. За 2 недели од мали сипаници заболеле 46 лица.

Промовирани огласи »

По протестите, Движењето против коцкање одлучи да поднесе амандмани во Собранието, а беа прифатени од страна на пратениците, пишува Република.

Членовите на ова Движење изјавија дека се задоволни од поддршката на албанските политичките партии. Тие се надеваат дека конечно ќе успеат да го победат, како што велат, злото кое ја зароби младината на Македонија.

Бевме на средба со пратениците, предлагачи за промена на Законот за игрите на среќа и Претседателот на Собранието, каде доставивме наши амандмани и барањата од протестот од 21 декември. Добивме уверувања од пратениците и од Претседателот на Собранието, дека овој закон ќе помине и дека игрите на среќа, според нашите барања ќе бидат оддалечени 3 километри надвор од градот. Имаме поддршка од сите албански политички партии, безрезервна од сите, но СДСМ е многу резервирана“, изјави Ејруш Емрулаи од Движење против коцкање.

Реџаил Исмаили од ДУИ, ја поддржува иницијативата на Движењето против коцкање. Тој изјави дека во среда во Комисијата за финансии и буџет, во која ќе учествува ова Движење, ќе ги постави овие прашања за одредување на датум за одржување на јавна дебата.

Со иницијатива на Движењето против коцкање, ние пред три месеци предложивме, а предлог законот е во собраниска процедура, помина во првото читање, а денеска имавме средба за да ја потврдиме поддршката за иницијативата на Движењето против коцкање и за да продолжат понатамошните постапки во врска со предлог законот кој е во собраниска процедура. Ние имаме решение кое ќе биде прифатливо за населението, и овој проблем ќе го решиме еднаш засекогаш. Значи уште еднаш повикувам, по јавната дебата, да седнеме сите парламентарни групи и да го решиме овој проблем“, изјави Реџаил Исмаили, пратеник од ДУИ.

И пратеникот на Движење Беса, Фадиљ Зендели, изјави дека незрезервно ја поддржува, и смета дека таа е за доброто на сите.

Ги поддржуваме сите движења што се против коцкањето, го поддржуваме и Движењето против коцкање од Тетово, за дислоцирање на овие објекти кои се во близина на училиштата или другите институции. Би било во интерес овие објекти да се дислоцираат и по можност да се земе моделот од Албанија за забрана на нивна дејност. Јас како пратеник на Собранието, ќе го дадам својот максимум за да ги поддржам во нивните намери кои се во интерес на граѓаните на Македонија“, изјави Фадиљ Зендели, пратеник на Движење Беса.

Барањата на Движењето против коцкање, кои произлегуваат од протестот одржан во Тетово на 21.12.2018 се:

Сите објекти на игри на среќа (казината, спортски обложувалници и сите слични игри на среќа) да се оддалечат 3 км од населените места;

Одвојување на 5% од буџетот кој доаѓа од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес ( училишта, градинки, библиотеки, болници, здруженија и центри кои организираат активности за рехабилитација на зависниците од игрите на среќа);

Да се изготви национална стратегија за едукација на учениците, студентите и сите граѓани за штетите кои ги предизвикува коцкањето.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »