Промовирани огласи »

Основачот на Алибаба Џек Ма го отворил панелот во Давос одговарајќи на прашањето во својот стил.

Зборувал за тоа како се соочил со страв, но и како го изградил Алибаба.

-Не постои експерт за утре. Експерт е оној од вчера-рекол Алибаба.

За сомневањата

„Во бизнисот, никогаш не би требало да се грижите за конкуренција, никогаш не грижете се поради притисок. Ако се грижите за притисок , немојте да бидете бизнисмен. Денес е голема работа сите да се грижат за се“ .

Неговиот пристап, вели, воглавно бил таков да се реши проблемот и да продолжи понатаму.

За вработување

„Кога ги вработувам луѓето, изнајмувам луѓе кои се попаметни од мене, луѓето после 4-5 години може да биде мој шеф. Сакам да вработам луѓе кои ми се допаѓаат, кои се позитивни и кои никогаш не се откажуваат“.

Најдобрите луѓе се оптимисти и не се жалат, вели тој.

За образование

-Мораме да ги научиме децата да бидат креативни и иновативни, да го работат она што машините не можат да го направат. За да ги контролирате паметните луѓе, мора да користите култура, систем на вредности, се она што ќе ги наведе да веруваат во она што го работат-.

Машините на иднината имаат чипови, но луѓето имаат срца. Образованието мора да се движи во тој правец. 

На еден од панелите во Давос, младите лидери и претставници на технолошки заедници имале прилика да разговараат со Џек, кој инаку е член и на управниот одбор на Светскиот економски форум.


Foto: Epa/GIAN EHRENZELLER

Промовирани огласи »

Кардиф Сити, кој потроши рекордни во клупската историја 20,5 милиони евра на трансферот на Аргентинецот Емилијано Сала, најверојатно нема да може да го поврати потрошениот износ, објави „Тајмс“.

Менаџментот на клубот размислува при купување на нови фудбалери да биде вклучено и осигурување. Ова се случи откако авионот со фудбалерот купен од Нант, Емилијано Сала, исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови.

Аргентинецот во вечерните часови, на 21 јануари се збогуваше со своите поранешни соиграчи во Нант и замина кон Велика Британија за да потпише договор со Кардиф Сити. На патот кон Велс, изнајмениот приватен авион исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови.

Во тек е операција за пребарување и спасување, која вклучува два хеликоптери и неколку бродови. Откриени се метални предмети кои можат да бидат дел од исчезнатиот авион. Полицијата во Гернзи објави дека шансите за наоѓање на фудбалерот жив се мали.

Промовирани огласи »

Ве информираме дека Царинската управа на Република Македонија започна со нов начин на утврдување на царинската вредност при увоз на употребувани патнички, комбинирани и лесно доставни товарни возила и мотоцикли (во понатамошниот текст: употребувани моторни возила), пишува customs.gov.mk.

Проценката на вредноста на употребуваните моторни возила се врши со користење на електронскиот каталог SchwackeNet, а не како досега со каталози во хартиена форма од постар датум.

Царинењето на употребуваните моторни возила и понатаму ќе се врши по месна надлежност во царинските испостави кои се определени за увозно царинење на моторни возила и тоа:

Во Царинарница Скопје (ЦИ Скопје 1, ЦИ Скопје 2, ЦИ Скопје 3, ЦИ Блаце и ЦИ Тетово), во Царинарница Куманово (ЦИ Куманово и ЦИ Деве Баир), во Царинарница Штип (ЦИ Штип, ЦИ Делчево и ЦИ Велес), во Царинарница Гевгелија (ЦИ Гевгелија, ЦИ Кавадарци, ЦИ Струмица и ЦИ Ново Село) и во Царинарница Битола (ЦИ Битола, ЦИ Меџитлија, ЦИ Прилеп, ЦИ Охрид и ЦИ Струга).

Пребарувањето во електронскиот каталог ќе се врши од страна на царински службеник во секоја од наведените царински испостави, одговорен за пребарување во електронскиот каталог. Пребарувањето ќе се врши исклучиво врз основа на поднесена декларација за увозно царинење на употребувано моторно возило со внесување на бројот на шасија во системот.

На овој начин, со воведување на овој електронски систем на пребарување по број на шасија, пребарувањето ќе биде брзо, едноставно и транспарентно, а истовремено и воедначено на целата територија, со што се исклучени било какви ненамерни грешки или субјективен фактор при утврдувањето на вредноста на употребуваните моторни возила.

При поднесување на царинска декларација за увоз на употребувани моторни возила нема да се наплаќа надоместок за пребарување во електронскиот каталог, односно ниту увозниците, ниту нивните застапници нема да поднесуваат барање за проценка на вредноста на употребувани моторни возила и нема да подлежат на никакви трошоци поврзани со пребарувањето во електронскиот каталог.

Трошоците за пребарување во електронскиот каталог се на товар на Царинската управа на Република Македонија.

Истовремено, престанува и досегашната обврска за задолжително фотографирање на секое употребувано моторно возило при неговото увозно царинење, објави customs.org.mk. 

Промовирани огласи »

Менка Стојаноска од Скопје е единствената жена меѓу 19 нови пожарникари кои беа избрани на конкурсот на Град Скопје за подмладување на Бригадата за противпожарна заштита. 

Стојаноска (29) сега е втора жена меѓу 190 пожарникари кои секојдневно гасат пожари низ градот и интервенираат при сообраќајни и други несреќи, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Желбата да се пријавам за пожарникарка спасител се појави сосема спонтано, созревајќи и спознавајќи се себеси. Пред три години слушнав дека има оглас за вработување на пожарникари, но не добив на време информации за огласот, па го пропуштив рокот за пријавување. Но, ете сега повторно имаше оглас, а желбата кај мене е уште поголема. Мислам дека со мојот карактер се пронаоѓам во она што го нуди ова професија и што се бара од неа, вели Стојаноска.

Таа кажува дека кога ги доставила документите за пријавување на огласот во Град Скопје, наишла на позитивна реакција. Била единствена девојка меѓу 60 пријавени кандидати. Потоа, сите кандидати требало да минат тестови за физичка подготвеност во кои влегувало качување со надворешна скала, качување со апарат, качување по внатрешни скали и по јаже, пливање, трчање, правење склекови, стоење покрај ѕид.

Со години тренирам боречки вештини, сум се натпреварувала во бразилско џуиџитсу, џудо и борење слободен стил. Токму тоа ми помогна без проблем да ги минам тестовите за физичка подготвеност. Но, менталната подготвеност и тимската работа е она што најмногу е потребно во оваа професија и токму тоа беше пресудно дали ќе минеме на интервјуто, вели Стојаноска.

Комисијата за селекција на кандидатите одлучила дека Менка ги исполнува условите да биде дел од новите 19 пожарникари на Пожарната бригада.

Пресреќна бев кога ми кажаа дека сум поминала, дека се задоволни од мене и од интервјуто виделе дека многу ја сакам оваа професија, а резултатите од физичките тестови ми биле одлични. Свесна сум колку е тешка и одговорна оваа професија, но доволно сум зрела и возразна и ќе дадам сè од себе да бидам успешна. Не сум била во ситуација да видам поголем оган и сигурно нема да ми биде сеедно. Но, знаејќи дека помагаш некому, спасуваш луѓе или нечиј дом кој со години тоа семејство го градело, е она што прави сè друго да се заборави, вели Стојаноска.

Таа е свесна дека оваа професија се смета за машка и дека можеби кај некои колеги има сомнежи во неа, но вели тоа нема да ја обесхрабри и ќе ги увери во спротивното.

Можеби кај нас се смета дека пожарникарството е машка професија. Не гледам пречка зашто девојка не може да биде пожарникар. Кога не гледаш препреки и силно сакаш нешто, многу полесно тоа се остварува и околината со тек на време ја прифаќа таа идеја. Во разговори со постарите колеги се почуствував прифатена, сакаат да го пренесат нивното знаење и на сите нови кандидати ни велат едвај чекаме да влезете во смена. Претпоставувам кај некого има и сомнежи, но мене ми останува да ги убедам во спротивното, вели Стојаноска.

Во станицата во Автокоманда на Денот на пожарникарите – 20 Мај, таа и останатите 18 кандидати ќе бидат назначени за пожарникари спасители.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »